leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Имаш право.Нормален живот е правилна исхрана, просечна облека, пари за скромен одмор еднаш годишно и секако за школување на децата...
Е сега со добар куќен менаџмент сигурно може да се помине многу поевтино...
Според мене најмногу може да се штеди на телефон, кола и храна...
Овде некој пишуват дека за еден човек трошат 1000 денари или 16 евра месечно само за телефон што секако е луксуз и навистина безпотребно, ако нешто навистина во денешно време е потребно тогаш тоа е интернетот и мислам дека е сосема доволен за комуникација...Значи според мене 4 члено семејство не би требало да дава повеќе од 20 евра за телефон...
Потоа Бензин, никако не ми иде во глава нашиот менталитет за секоја ситница да ја палиме колата...Меѓутоа тука најмногу ги обвинувам градските власти кои многу малку прават за зголемување на свеста кај граганите за возење на велосипеди, секкао тука влегуват и лошите патеки како и бесплатното движење со автомобил во централното градско подрачје...Значи како и да свртиш 6000 денари за бензин се премногу пари...И незнам што ни е филмот со автомобилите , ама на запад автомобилот се користи само тогаш кога мора и сосема е „ин„ да се вози со градски превоз или велосипед...
Потоа храна, и тука има многу простор за штедење , секако треба да се научиме да готвиме здрава храна , место да јадеме замрзнати пици...
На крај заклучок е дека горе наведените суми имат простор за редуцирање, потребна е само малечка промена на навиките и избегнување на непотребните трошоци...
И да ќе заборавев, облека и шминки ова особено важи за девојчињата...
Кога од тој нормален живот ќе редуцираш од се,ќе добиеш одмор настрана од државата на море во јуни месец каде аранжманите се најефтини или септември.
Ова е одговор на прашањето како македонците одат на одмор.
Проблемот се појавува кога нема од каде да штедиш бидејќи примањата се ограничени и само со редуцирани желби се живее.Затоа пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата,ако имам примања од 15 000 и со нив ќе преживеам,сум живеела и со многу помалку.
Неможе во еден месец да добиеш се што сакаш,а неможеш и цела плата да ја фрлиш на глупости,затоа има работи кои се примат,а другите мора да почекаат.
п.с.можеш да ја скратиш сметката на тел,а ко не го користиш и за деловни потреби.