Не не, не го очекувам(е) тоа.
Има да речеме 10.000 кучиња улични кучиња. И најмалку 10.000 "загрижени граѓани". Убаво од нивна страна би било кога би посвоиле сите тие по 1 (со букви: едно) бездомно куче.
И волкот сит, и кучињата на број.
Во спротивно (уште сум на истиот став), инекција. Многу подобро решение отколку да ја гризнат ќерка ми.
И јас сум за тоа, ама како последна опција. Ама ете ја кажав како мислам тоа да се направи и кажав зошто мислам дека овие луѓе не вдоуваат кучиња. ногу немаат услови. Многу и пробале, ама ете не им идело, затоа што не се заинтересирани и упорни доволно. Кога веќе ме цитираш погледни цел пост.
И да не е агресивно и здраво, шансите да заболи или да стане агресивно се големи. Куче не е за на улица, не оспорувам тоа.
Невистина. Најголем дел од вас што сте против успивање на кучињата скитници по дома си чувате хаски. И тоа хаски што сте ги земале од завчера (фигуративно, мислам на периодот откако е отворена темава). Значи знаевте и сепак си посвоивте куче со марка на газот, а останатите, оние обичните, со 2 уши, ги бодрите на форум. И кучињата се срамат од вас, едно дојде ми ја гребеше вратата да сум го отрул, не му се живеело на кое ниво спаднало.
Толку, не те цитирам повеќе, нема потреба.
Ова е офтопик, али да се објаснам.
Расно куче знаеш каков му е темпераментот. Секоја раса се одликува со смиреност, тврдоглавост итн. Уличното куче не знаеш што сурат има. Има кучиња кои не се чуваат ако имаш мали деца, од кај знаеш ова какво е, на пример
Расните кучиња си имаат намена, добар овчар, добар чувар, добар за со деца, добар за стари луѓе(сите баби чуваат пекинезери пример). Кога земаш куче треба да видиш дали ти одговара, ова да повторам, не знаеш какво е.
Кај кучињата се јавуваат многу често наследни мани, најчесто срцеви. Па ќе се чудиме зошто од нигде кучето умира на 10 месеци, добива рак тумор итн. Кога добиваш педогре добиваш ветеринарна потврда дека мајката, таткото, дедото бабата итн биле здрави.
И не знаеш колкаво ќе расне. Може да се гледа по шепите, али не мора да значи, зошто уличните кучиња се парат мали-големи нее битно, па ја видов куче со проклето грдо непропорционална глава.
Ете затоа. Иако ја имам некој мелез дома, неоспорно битно е какво куче чуваш