Успех со стерилизација
Uspeshna i pred se HUMANA realizacija i strategija na eden proekt za reshavanje na problemot so bezdomnite kuchinja.
Mozzat "tamu" zashto ne mozzeme nie, ovde ??
http://www.moa.gov.bt/moa/news/news_detail.php?id=637
+++++++++++++++++++++++++++
http://singaporecommunitycats.blogspot.com/2009/04/spayneuter-success-in-bhutan.html
Успех со стерилизација во Бутан
02.04.2009
Во февруари 2009, хуманитарното друштво Интернационал најми тим од 12 ветеринари да ја спроведат двомесечната програма стерилизирај/вакцинирај во главниот град на Бутан, Тимфу. Сега во крајните денови на програмата ХСИ успеа да ја релизира својата цел за 1.200 улични кучиња.
Потреба за брзо решение
Речиси пред две години, ХСИ беше представен на бутанската влада од страна на бутанската фондација, организација со силна историја за работењето во државата. Бутанската фондација сакаше да види вредна и хумана програма која ќе се однесува на решавање на проблемот со уличните кучиња. Но, за време на сите-важни настани на бутанската транзиција во демоктратија и предстоечкото крунисување на новиот крал во ноември, 2008, кралските офицери беа под огромен притисок да итно направат нешто во врска со популацијата на уличните кучиња.
Добри намери; трагични резултати
Бутан е земја со силна будистичка основа и поради тоа, добрината е суштинската вредност на нивната култура. Иако популацијата на кучиња беше проблем, бутанците повеќе сакаа да користат хумани средства за контрола, наспроти суровите средства што многу земји ги практикуваат, како труење или електроегзекуција. Но, поради недоволно време и планирање, бутанските власти спроведоа програма со заловување на кучињата за период од 15 месеци со цел да ги исчистат улиците на Тимфу и Паро (поголемите градови во Бутан) од уличните кучиња. Тие предпоставиле дека кучињата ќе живеат мирно во азил и дека ќе имаат моментно решение на проблемот, но...
Развиена Пилот-Програмата
Со многу малку ветеринари во Бутан кои вршат обука и воедно имаат масовна задача, ХСИ предложи да ја спроведе една од сопствените програми - ХСИ ЗСВВ (Залови, Стерилизирај, Вакцинирај и Врати на заловена локација), каде ветеринарни специјализирани тимови извршуваа стерилизација на голем број кучинња. За да се започне со пилот програмата, целата беше 1.200 кучиња во Тимфу, но надежта беше програмата да се рашири ширум државата. Бутанската влада го прифати предлогот од ХСИ тимот, воден од индискиот менаџер Раул Сегал, кој пристигна во Бутан на 14.02.2009.
Научени лекции
Тимот дојде до некои многу важни откритија, кои се документирани за идни референци во области каде би се применувале слични практики за "чистење" на уличните кучиња.
Сите области кои беа темелно исчистени од кучиња со заловување и сместување на кучињата во стационар, сега имаат повеќе кучиња од како заловувањето е сопрено.
Новите кучиња сега се повеќе агресивни и се размножуваат многу повеќе и побрзо за разлика од кучињата кои предходно беа на териториите.
Довербата на сопствениците на кучињата е многу тешко да се здобие, бидејќи тие се сомневаат дека заловените кучиња некогаш ќе бидат вратени.
Кучињата кои успеале да избегаат од заловувањето од првата програма со заловување и сместување во стационар, сега се уплашени и е тешко да се заловат повторно.
Успех од прва
ХСИ ЗСВВ пилот програмата во своите последни денови од спроведувањето го постигна целниот број. Вклучените владини власти се многу импресионирани од професионализмот и стручноста на ХСИ тимот. Работата на ХСИ тимот била одобрена и од фактот што главниот и одговорен гостин за програмата на заловување на кучињата и сместување во стационар, почитуваниот Секретар на здравството, ги пратил своите кучиња на операција за стерилизација проследена со негово отварање на клиника.
Дистрибуцијата на 10.000 летоци ширум градот помогнале да се едуцираат локалните заедници за ЗСВВ програмата и нејзината важност. Како што се надевавме, дискусиите се моментално на пат да развијат долгогодишна ЗСВВ програма со целосно покривање на територијата на Бутан, каде ХСИ ќе биде водечка агенција за имплеметирање на проектот.
+++++++++++++++++++++++++++
http://community.indigo.ca/posts/Friends-of-Animals/group-1261/538801.html
Za site "neverni Tomi", videte, prochitajte, kako zemjite od "tretiot svet", ne tolku bogati, a sepak po humani, go reshavaat problemot so pregolemata populacija na bezdomni zzivotni. Videte gi vo Bhutan ! Samo 12 clenovi vo veterinarski Tim za SAMO 2 meseca ja dostignale celta, so 1,200 sterilizirani kucinja + prifatilishta bashka.
A ne ko ovie nashive, celata naredbodavachka i organizaciona struktura shto e odgovorna za humano tretiranje na problemot so programata: ZALOVI, STERILIZIRAJ, VRATI, za shto e i otvoren stacionarot Vardarishte, tie pokraj shto gi zalovuvaat i vekje sterilizaranite kuchinja so kopcha, vlastite "uspejaa" ko od shala da ja dostignat taa cifra od 1 200 mesechno/sekoj mesec, izminatiov period, ama so UBIVANJE !!!
ZA SRAMOTA.
БЕЗДОМНАТА КУЧКА АЊА НА СЛОБОДА, А ЈАС ВО ПОЛИЦИЈА
Saturday, November 28, 2009 at 3:31am
Како во старите добри шарени книги со прикаски, на Х.К.Андерсен или Грим, за сите љубители на животни и доообри прикаски покрај камин, ќе раскажам интересна случка. Посветено на денешните протести за нехуман третман во стационарот од здруженијата за заштита на животни. Звучи како нереална, но оваа моја прикаска е вистинска и се случува во нашата т.н. метропола каде скитниците живеат како во хотел. Според изјавите на градската власт.
Јас предлагам да се остават на страна сите оние написи меѓу Градот и здруженијата за заштита на животни, односно што се чини или не чини во стационарот. Додека ме читате, заборавете на дилемите кој ја зборува, а кој не вистината. Ако некој го интересира, не сум член на здруженијата, но сакам животни. За да не биде долго, нема да навлегувам многу во детали.
Значи август 2009...
На фејсбук здогледувам бела пудла во кафез. Стара е 8-9 години. Некој ја оставил. Решавам да ја земам. Прашувам што како, и уште вечерта сакав да ја земам, но ми беше кажано дека не може. Ок, одам следниот ден. Како обичен граѓанин. Бев на одмор.
Вратата заклучена. Приоѓа еден тип, вработен,и ми вика -„Не ти ја давам, ќе ја вратам на газдата„. Го прашувам -„Кој газда?Она е бездомник, имот е на Градот„...зашто да не ја дадеш???„. Он одговара-„Затоа што се пишуваат многу лаги, се злоупотребуваат работите...бла бла...„. Ми посочи и дека не му се допаѓам. Човекот ги измеша работите како „босански лонац„. Му реков дека сум дојдена како цивил, не како новинар. Он повторуваше како не му се допаѓале текстовите. Веројатно мислеше на овој, објавен една недела пред да посакам да го посвојам кучево.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=F39654E191C5584C8E1D1DECBE1AD990&arc=1
(Во „Комунална“ парите одат во бунар без дно)
Нејсе, се испокаравме. Звонев на мобилни на одговорните во Градот, да им кажам за однесувањето на човеков, но сите беа по одмори. Додека се јавував, дотичниот зема црево и со силен шмрк ги испрска сите кучиња во кафезите. Се сеќавам дека од ограда му викав-„Полека човек, полека, смири се. Греота животнине„. Почнаа да завиваат, беше неподносливо да се слушаат нивните крици.
Да не должам, вратата после некое време некој заборави да ја заклучи. Влегов внатре , се прошетав. Стационарот отворен, вратите од кола отворени,куц..куц...кучето си влезе.
После месец дена ми се јавуваат од полициска станица-Автокоманда. Со објаснување-за кражба на куче-бездомник. Како новинар, веднаш го замислив насловот на веста во весник-„Обвинета за кражба на куче скитник„.Богами, ако нешто излезеше, ќе ме пренесеа светски агенции!
Ок, отидов да дадам изјава. Полицајциве ме држеа 2 саата. Не можевме да се разбереме. Луѓето никогаш не биле таму, не можеа да сфатат од каков тип е тој објект. Човеков дал изјава дека сум го украла кучето и сум направила штета од 300 евра!? Го прашав полицаецот(кој беше со висок чин за тешки дела-кражби)-„Која штета е направена? Кучево е старо 9 год., глува е, има глауком, кај да е ќе умре„. Башка јас сум го спасила Градов од екстра трошоци, ваљда они мене треба да ми дадат 300 евра.
Имајќи во предвид дека работава отиде ептеееен далеку, видов не видов, викнав адвокат. Не ме пуштаа да си одам, па морав да ополномоштам правен застапник. Според тензичната атмосфера, мислам дека прашање на моменти беше кога ќе ми стават лисици. По доаѓањето, нештата беа решени, немаше никаква пријава.
Вака некако изгледа посвојување на куче бездомник во нашево Скопје. Откако мене ми се случи ова, јас не верувам во добрата волја на Градот за хуман третман на кучињата бездомници. Се прашувам колку луѓе како мене не му се допаднале на дотичниот?!Човекот изигрува шериф, се однесува како на див запад, а никој ништо не превзема околу тоа. Градските власти беа запознаени за неговото однесување.
Јас од професионален аспект, за да немам никаков конфликт на интерес, службено не пишувам повеќе за тоа како се трошат парите за стационарот Вардариште. Но, моите колеги ја продолжуваат оваа прикаска. И луѓето кои ги сакаат животните.
И уште нешто:
-----------------
Ме воодушеви денешниот протест на скопските здруженија, но и граѓани кои се грижат за подобри услови за животните во оној голем валкан кафез наречен Вардариште.
Колку што се сеќавам, според официјалните извештаи, таму секое ВТОРО куче е еутаназирано. Таму смрди на смрт, на крв, на урина, кучињата болно завиваат.
Внатре не смее да влезе секој. Мислиш влегуваш во банка, со триста нешта за заштита, а не во стационар, кој е јавен објект и каде има апел за што помасовно посвојување на бездомните животни.
Бројките за еутаназираните, градската власт не ги крие. Тоа се извештаи кои се наоѓаат во официјалните рекапитулари на „Комунална хигиена„, претпријатието кое стопанисува со стационарот.
Се објавија во 2008 и во јавноста. Би требало да ги има и годинава.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6C71DA3D8F503F4A91C4336FB3539C9E
(-„Стационарот Вардариште кој веќе постои скоро 2 години досега има истретирано 2188 кучиња скитници од кои 1237 се еутаназирани, 757 стерилизирани и вдомени 164, и 750 подигнати мрши„)
А како проблемот се решава пример во Хрватска уште еден линк.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=30EE1CC69739584CBEC088839413F83E&arc=1
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=81F6E69094F6ED4EAFACBD5A9D79ADF1