- Член од
- 2 април 2009
- Мислења
- 1.405
- Поени од реакции
- 177
Масакр на кучињата во Гевгелија
Жителите на Гевгелија завчера утрото наишле на морничава глетка кога виделе дека поголем број од уличните кучиња биле отруени и расфрлани по улиците
Отров бил поставен на многу места во градот, а сé уште не се знае кој и дали издал наредба за нивно убивање. Некои од граѓаните реагираат, со оглед на тоа што биле отруени голем број кучиња за кои граѓаните се грижеле и ги хранеле, но и расни кучиња што гевгеличани во текот на вечерта ги шетале низ градот.
- По контејнери си ги баравме кучињата. Крв имаше насекаде, некои од нив беа собрани, а некои ги најдовме по улиците. Граѓаните што забележале дека има труење успеале во последен момент да спасат неколку кутриња, но градот за една вечер се исчисти - вели жител на Гевгелија.
Во последниов период во медиумите било објавено соопштение од општината Гевгелија во кое се апелирало граѓаните што имаат куче да го тргнат од улица. Во соопштението се вели и дека градот има намера во наредниот период да го реши проблемот со уличните кучиња. Гевгеличани за еден ден направиле петиција со 150 потписи со цел да го натераат градоначалникот Иван Франгов проблемот да го реши на хуман начин.
Тој во телефонскиот разговор кратко ни изјави дека не дал наредбата за труење на кучињата, но не ни кажа зошто ги повикал граѓаните да ги тргнат своите кучиња од улиците.
- Јас си стојам на зборот. Не сум ја дал наредбата. Овие шпекулации доаѓаат од некои групи од ентузијасти. Но, не сакам да се случи некое од кучињата да нападне човек бидејќи јас сум одговорен за овој град. Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома. Сум го дал зборот и ќе го решам проблемот. И ви се молам ценете го моето време, на состанок сум - ни изјави Франгов.
Тој не одговори како има намера да го реши проблемот со уличните кучиња во градот, но по новонастанатата ситуација со ставањето отров по улиците, за такво нешто најверојатно ќе нема ни потреба, бидејќи во Гевгелија останале само уште неколку живи.
Инаку, и според Кривичниот законик и според Законот за благосостојба на животните, секакво расфрлање на опасни материи што го загрозуваат животот на луѓето и на животните е забрането и предвидени се високи парични казни. Досега во Македонија никој не одговарал за ова кривично дело.
Љупчо Алексовски, портпарол на општината Гевгелија, вчера изјави дека секоја година во буџетот се предвидувале пари за изградба на стационар во градот и дека со доаѓањето на новиот градоначалник, такво нешто ќе биде направено.
Автор: М.Ј.
http://time.mk/story_847f322f0c_article_392e693e0a.html
Алал да им е.Секоја чест.Сега откако конечно си го “исчистиле“ градот,се надевам дека ќе бидат среќни и задоволни.Таканареченото „успивање“ за разлика од ова ми изгледа далеку похумано.Само уште да правеа така како што викаа и се ќе беше ок.