Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
Масакр на кучињата во Гевгелија

Жителите на Гевгелија завчера утрото наишле на морничава глетка кога виделе дека поголем број од уличните кучиња биле отруени и расфрлани по улиците

Отров бил поставен на многу места во градот, а сé уште не се знае кој и дали издал наредба за нивно убивање. Некои од граѓаните реагираат, со оглед на тоа што биле отруени голем број кучиња за кои граѓаните се грижеле и ги хранеле, но и расни кучиња што гевгеличани во текот на вечерта ги шетале низ градот.

- По контејнери си ги баравме кучињата. Крв имаше насекаде, некои од нив беа собрани, а некои ги најдовме по улиците. Граѓаните што забележале дека има труење успеале во последен момент да спасат неколку кутриња, но градот за една вечер се исчисти - вели жител на Гевгелија.

Во последниов период во медиумите било објавено соопштение од општината Гевгелија во кое се апелирало граѓаните што имаат куче да го тргнат од улица. Во соопштението се вели и дека градот има намера во наредниот период да го реши проблемот со уличните кучиња. Гевгеличани за еден ден направиле петиција со 150 потписи со цел да го натераат градоначалникот Иван Франгов проблемот да го реши на хуман начин.

Тој во телефонскиот разговор кратко ни изјави дека не дал наредбата за труење на кучињата, но не ни кажа зошто ги повикал граѓаните да ги тргнат своите кучиња од улиците.

- Јас си стојам на зборот. Не сум ја дал наредбата. Овие шпекулации доаѓаат од некои групи од ентузијасти. Но, не сакам да се случи некое од кучињата да нападне човек бидејќи јас сум одговорен за овој град. Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома. Сум го дал зборот и ќе го решам проблемот. И ви се молам ценете го моето време, на состанок сум - ни изјави Франгов.

Тој не одговори како има намера да го реши проблемот со уличните кучиња во градот, но по новонастанатата ситуација со ставањето отров по улиците, за такво нешто најверојатно ќе нема ни потреба, бидејќи во Гевгелија останале само уште неколку живи.

Инаку, и според Кривичниот законик и според Законот за благосостојба на животните, секакво расфрлање на опасни материи што го загрозуваат животот на луѓето и на животните е забрането и предвидени се високи парични казни. Досега во Македонија никој не одговарал за ова кривично дело.

Љупчо Алексовски, портпарол на општината Гевгелија, вчера изјави дека секоја година во буџетот се предвидувале пари за изградба на стационар во градот и дека со доаѓањето на новиот градоначалник, такво нешто ќе биде направено.
Автор: М.Ј.

http://time.mk/story_847f322f0c_article_392e693e0a.html

Алал да им е.Секоја чест.Сега откако конечно си го “исчистиле“ градот,се надевам дека ќе бидат среќни и задоволни.Таканареченото „успивање“ за разлика од ова ми изгледа далеку похумано.Само уште да правеа така како што викаа и се ќе беше ок.
 
Расисти. :toe:

Од една страна парола “смрт за кучињата“ ,а од друга страна ако се “расни“ односно ако може да се заработи некоја пара тогаш тие се у реду.

Многу мал процент се оние кои одгледуваат кучиња и се занимаваат со конкурси, натпревари и сл.

И проблемот не се кучињата, проблемот е односот кон нив.

Џабе ќе се трујат доколку утре во долот пак некој фрли вреќа со 4-5 кученца.
Стратегијава - јас серам, ти збираш.

Што корист па имаме од тебе споредбено со кучињата на улица?

Кучињата не се нашле самите онаму каде што се. Затоа ако се обидуваме нешто разумно да донесеме тоа би било делување со превенција.

Не да чекаме да се размножат, па да ги труеме туку да не дозволиме да се најдат на улица.

Реков и претходно, без разлика кој е “за“ или “против“ , нови стационари мора да се изградат и да се создаде функционален систем.
За тоа ние плаќаме даноци и некој ја “јаде“ платата без да си го сработи својот дел.

Незнам што животно и да е ама вакво примитивно труење по улици како кај нас доликува баш на некоја рурална азиска земја.

Според самиот пристап кој го имаме кон самите нас и средината во која живееме ние ја проектираме сопствената слика кон светот, па затоа наскоро за ова ќе се чуе и надвор од Македонија и тоа ќе биде онаа вообичаена негативна и подбивна слика за нашата земја.
Нигде не реков да се трујат :toe: самиот рече дека се фрлаат и расни кучиња јас искрено не сум слушнал,премногу сакам кучиња и општо животни но не сакам да сум на штрек да не ме нападне кога ќе влагам во влез,и не ми е битно дали е уличар или расно јас ги гледам со исти очи :toe: за стационарите потполно те поддржувам,но еве веќе 10 години тој само формално постои исто како и организациите за животни :tapp:
 
Исправка, не потенцирав расни или мешанци, реков сопственици на домашни кучиња за кои откако ќе се размножат решението го гледаат во долот.
 
Масакр на кучињата во Гевгелија

Жителите на Гевгелија завчера утрото наишле на морничава глетка кога виделе дека поголем број од уличните кучиња биле отруени и расфрлани по улиците

Отров бил поставен на многу места во градот, а сé уште не се знае кој и дали издал наредба за нивно убивање. Некои од граѓаните реагираат, со оглед на тоа што биле отруени голем број кучиња за кои граѓаните се грижеле и ги хранеле, но и расни кучиња што гевгеличани во текот на вечерта ги шетале низ градот.

- По контејнери си ги баравме кучињата. Крв имаше насекаде, некои од нив беа собрани, а некои ги најдовме по улиците. Граѓаните што забележале дека има труење успеале во последен момент да спасат неколку кутриња, но градот за една вечер се исчисти - вели жител на Гевгелија.

Во последниов период во медиумите било објавено соопштение од општината Гевгелија во кое се апелирало граѓаните што имаат куче да го тргнат од улица. Во соопштението се вели и дека градот има намера во наредниот период да го реши проблемот со уличните кучиња. Гевгеличани за еден ден направиле петиција со 150 потписи со цел да го натераат градоначалникот Иван Франгов проблемот да го реши на хуман начин.

Тој во телефонскиот разговор кратко ни изјави дека не дал наредбата за труење на кучињата, но не ни кажа зошто ги повикал граѓаните да ги тргнат своите кучиња од улиците.

- Јас си стојам на зборот. Не сум ја дал наредбата. Овие шпекулации доаѓаат од некои групи од ентузијасти. Но, не сакам да се случи некое од кучињата да нападне човек бидејќи јас сум одговорен за овој град. Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома. Сум го дал зборот и ќе го решам проблемот. И ви се молам ценете го моето време, на состанок сум - ни изјави Франгов.

Тој не одговори како има намера да го реши проблемот со уличните кучиња во градот, но по новонастанатата ситуација со ставањето отров по улиците, за такво нешто најверојатно ќе нема ни потреба, бидејќи во Гевгелија останале само уште неколку живи.

Инаку, и според Кривичниот законик и според Законот за благосостојба на животните, секакво расфрлање на опасни материи што го загрозуваат животот на луѓето и на животните е забрането и предвидени се високи парични казни. Досега во Македонија никој не одговарал за ова кривично дело.

Љупчо Алексовски, портпарол на општината Гевгелија, вчера изјави дека секоја година во буџетот се предвидувале пари за изградба на стационар во градот и дека со доаѓањето на новиот градоначалник, такво нешто ќе биде направено.
Автор: М.Ј.

http://time.mk/story_847f322f0c_article_392e693e0a.html
за грев :nesum:
Тие што го направиле тоа :nerv: да им се врати!!! Не велам дека треба да шетаат по улици , ниту да се успијат.Да се стават во еден стационар и таму да седат! Ова повеќе на НИШТО НЕ ЛИЧИ!!!!
За срамота на нашиот народ!Малограѓани!!!!
 
Тие што го направиле тоа :nerv: да им се врати!!!
До седмо колено или како? :icon_lol:
Не велам дека треба да шетаат по улици , ниту да се успијат.Да се стават во еден стационар и таму да седат!

Сите што имаат моќ да донесат таква одлука (градоначалници, владини институции...) кажуваат дека не е можно тоа. Економски неизводливо е. И вие пак си барате... стајте ги во стационар и таму нека седат. За 5.000 кучиња ќе треба да се грижат барем стотина луѓе вработени во стационарот (лекари, чистачи, глупости...) и само нивните плати кога би биле во просек 15.000 денари месечно (волонтери нема, сериозни барем, не чукачи по гради на форум) тоа ќе чини ~1.500.000 денари месечно. Значи само за плати на луѓето, храната за кучињата и останатите трошоци за "тековно одржување" (лекарства, вакцини...) додаваат трошок од да речеме 300 денари на ден по куче, за 5.000 кучиња месечниот трошок по тој основ (основи) ќе биде уште 1.500.000 денари месечно, вкупно за плати на вработените и храна за кучињата ќе се трошат 3.000.000 денари месечно. Односно 50.000 евра месечно, односно 600.000 евра годишно од буџет ќе треба да се делат за таа ставка (простор, струја и други тракатранци не набројав). Сигурно се шегуваш, нели?
Зошто бе немате возрасен пристап за проблемов? Како тоа "да седат" 5.000 кучиња во стационар? На гз со предните нозе исправени или може и да му ја легнат повремено? Тууууу, несериозност.

Едит: имаме и невладина организација (или организации, појма немам) што би можеле да ја превземат таа обврска. Они во моментов, дур институциите го решаваат проблемов на начин на кој нив им се гледа најприкладен и најреален, овие мрчат само. И продаваат ДВД-а. И нешто магазини, ситници.
 
До седмо колено или како? :icon_lol:
:pos: Премногу сум уморна за да бројам :pos:

Да седат се додека не бидат вдомени.Пресметај ги сите оние успиени (агресивни , болни , стари кучиња)
Значи бројот би се свел на 3000 максимално.Тие да се стават во стационар и луѓе да ги вдомуваат.Секое да се кастрира.Само за жал така ќе изчезне нивното потомство.Ајде ок , да останат отприлика 1000 некастрирани.И бројот ќе се намали.Сите млади кои ќе бидат агресивни да се успијат...и ете...излегуваат 3000 кучиња...
Не гледам никакво друго решение ... Незнам...или премногу ми се спие , или едноставно веќе немам сила да се расправам..:toe:
 
Не, ако не забележа претходно калкулирав со 10.000 кучиња. Поради случувањата во изминативе денови ја симнав бројката со која калкулирам на 5.000. Фер инаф.
 
А со бројот на успиените , би дошле до 3000.И ако иде по некој план и ВИСТИНСКА програма , ова би излегло решлив проблем.Леле неможам повеќе.Лека ноќ (оф-топик сори):kesa::salut:
 
Исправка, не потенцирав расни или мешанци, реков сопственици на домашни кучиња за кои откако ќе се размножат решението го гледаат во долот.
Пак се вртиме во круг :toe: нема човек кој чува расно куче коишто малите ги фрла во дол :toe: првин тој свесно ја пари кучката со некој од нејзината раса,а малите на пазарот вредат 100-150 евра...незнам кој се откажува од 600 евра за 4 кутриња и кој ги фрла 600 евра во долови :toe:
 
Што корист па имаме од тебе споредбено со кучињата на улица?

Кучињата не се нашле самите онаму каде што се. Затоа ако се обидуваме нешто разумно да донесеме тоа би било делување со превенција.

Не да чекаме да се размножат, па да ги труеме туку да не дозволиме да се најдат на улица.

Реков и претходно, без разлика кој е “за“ или “против“ , нови стационари мора да се изградат и да се создаде функционален систем.
За тоа ние плаќаме даноци и некој ја “јаде“ платата без да си го сработи својот дел.

Незнам што животно и да е ама вакво примитивно труење по улици како кај нас доликува баш на некоја рурална азиска земја.

Според самиот пристап кој го имаме кон самите нас и средината во која живееме ние ја проектираме сопствената слика кон светот, па затоа наскоро за ова ќе се чуе и надвор од Македонија и тоа ќе биде онаа вообичаена негативна и подбивна слика за нашата земја.

Оу екскјуз ми мистер дог ловер, по твоите постови мислев си малку по паметен и ќе сватиш заебанција без смајли во постот, ама изгледа не си па мораш со навреди да дискутираш.

А бидејќи никој овде нема да ги јаде можеме да ги продаваме како деликатесно кучешко месо од Македонија.
 
Пак се вртиме во круг :toe: нема човек кој чува расно куче коишто малите ги фрла во дол :toe: првин тој свесно ја пари кучката со некој од нејзината раса,а малите на пазарот вредат 100-150 евра...незнам кој се откажува од 600 евра за 4 кутриња и кој ги фрла 600 евра во долови :toe:

Не бе другар, не се разбираме.

Што има врска дали кучето е расно во целиов муабет?

Колку од луѓето можат да си дозволат да купат куче со педигре од шампионски родители и уште ако го земеме во предвид целиот трошок поврзан со посебна исхрана и дресирање на кучето...???

Многу поголем е бројот на мешаните кучиња и нормално дека за кучето за кое не платиле ништо не поврзуваат никаква материјална вредност и затоа не им е проблем да го остават.

Затоа реков дека проблемот е односот, кој повторно произлегува дали ти ќе имаш расно куче и ќе можеш да извадиш некоја корист од него или сакаш да чуваш куче бидејќи уживаш во тоа од сосема нематеријални причини и ти додава некоја вредност во животот.

Фактот дека ние ги фрламе кучињата на улиците кои после претставуваат општ “проблем“ е неоспорен.

Најдобро би било да се сконцентрираме на генераторот на проблемот, бидејќи залудно ќе ни биде сиот истурен отров доколку утре твојот комшија пак џитне некои џукели оти нема што да им прави.

Оу екскјуз ми мистер дог ловер, по твоите постови мислев си малку по паметен и ќе сватиш заебанција без смајли во постот, ама изгледа не си па мораш со навреди да дискутираш.

А бидејќи никој овде нема да ги јаде можеме да ги продаваме како деликатесно кучешко месо од Македонија.

Заебанција на страна, немаше навреда бидејќи мислев нема да ти биде тешко да ми ја посочиш разликата.

Но, што е тука е. :toe:
 
Епа пријателе ако не можеш да видиш разлика меѓу животно и човек тоа е твој проблем, а бидејќи тоа за тебе не е навреда те молам дај ми пример која е разликата меѓу тебе и џукела, чисто онака пријателски без лична навреда.
 
Честопати и неможам да видам разлика меѓу човек и животно бидејќи во многу примери ниту животното не би реагирало толку крволочно.

Самодеструктивноста на човекот се затскрива зад некои џукели како тие да се причината за неговиот неуспех, а во реалноста само се обидуваме да ги сокриеме доказите кои произлегуваат од него.

П.С. Немам буви.

Но офенс мејт.
 
Сваќам дека тоа што ми го напиша беше во афект револтиран од труењето на кучињата, но ќе излажам ако кажам дека беше малку невкусно па морав да изреагирам. Како и да е ни јас не се сложувам со труењето на јавни места но очигледно тоа е најефтиниот начин кој го нашле како и многу други работи во државава.
Но не гледам дека невладините организации кои можат да направат нешто мрднале со прстот, а кога ќе се преземат некакви радикални мерки сите се кубат за коси и префрлаат одговорност на други.
Сепак кучињата треба да се тргнат од урбаните средини, а кој ќе биде начинот... не знам.

п.с. Немам ни јас.
 
Јас не заземам страна на невладините организации ниту ги изземам од одговорноста. Меѓутоа во случајов крајниот збор го имаат властите и она што го прават е погрешно.
Ниту овозможуваат решение на долг рок ниту можат да ја контролираат штетата.

Тотално промашување!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom