Tonchie
BATTERY +
Кучињата во главно не напаѓаат луѓе
Можеби и ќе поверував на тезава, доколку не бев нападнат од кучиња пред 15 години, за среќа помина еден човек и ги избрка.
За жал таква среќа немаше Кристијан, синот на другарка ми Кими.
Кристијан и брат му требаше да одат во Шведска кај тетка им на почетокот на јули. Вечерта пред да заминат на аеродром беше нападнат од куче. Бегајќи скокна од горниот на долниот дел од кејот на Вардар. При падот ја скрши ногата. Цело лето го помина со гипс на ногата.
Ајде оди и кажи и на Кими дека кучињата треба да бидат оставени на улици, па и другиот син да биде нападнат.
Од некаде мораш да почнеш-ти ги препорачувам Том и Џери.
Јас препорачувам да си го плати пивото што го договоривме уште пред 2 години додека беше во странство. :wink: