- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 890
- Поени од реакции
- 9
- Возраст
- 46
хехе ВЕРИ смарт гирл ..си се наместив со пензионерскиот муабет и ме испенали, признавам седам и куцкам во моментов со меко перниче на столот..иако тоа кога го напишав мислев на муабетите нема да палат или ќе се превртуваат на кривини..Brainbug бранејќи ја владата на секоја можна тема на форумов си го изгази името:smir:
Прво ќе тргнам од забелешката дека е ова е муабет за на клупа на кој се надоврза со цитирам„Затоа и претходно реков и да има некој провизија алал нека му се парите, и да имало провизија (а нема!)“ Ова е типичен пензионерски одговор.
Јас знам и сум убедена дека никој од тие што вршат јавни набавки не останал со чисти раце.При тоа имам очи да го видам перењето на пари кое денес се прави,милионски суми за нешто што не вреди и слично.За автобусиве не влегувам во дебата на кого му е подолг,туку тргнувам од денешнава ситуација.Имаме милијарда и сто девизи,а некој сака на кина да и дадеме 300 милиони.При тоа очекуваме уште толку потешки денови и уште повеќе нови споменици кои се лијат во Италија пример.Разбирам колкави се трошоците за сервис и дека поефтино ни е да имаме нови.Но дали ти разбираш дека твоиве богови несмеат да изнесат ни едно евро од земјава?Дали разбираш дека тие 300 милиони треба да се вбризгаат во домашна економија која исто така несмее во моментов да увезе ни клинец од странство (доколку го добие тендерот).Затоа реков уште 5 години ќе се возиме со стариве додеак домашна фирма ги направи автобусите.
Кога го видов Ден Дончев како жолчно застана зад Санос,сфатив дека некој и од таа зделка ќе добие дебели пари.
Но, добро е што од почетните дијаметрално спротивни ставови сега имаме барем чекор приближување. само колку фор тхе рецорд, никогаш не ми значело ништо името, ми значел и сеуште ми значи само образот

Интенцијата со автобусиве не ми беше да бранам Владин став туку мојот личен. Јас за нив се израдував уште при промоцијата на идејата и кога се пишуваше и реплицираше и на форумов.Тогаш, истите или слично што велеа нема шанси тоа да се случи или да видам постапка за ЈН па тогаш, денес се против тоа што биле со ЕУР5 стандард или евентуално многу поевтини.. но тогаш коментарите им беа од подруг тип, и тоа можеби и беше причина плус да напишам некој ред екстра. И нормално кај сите нас има некој момент како последица на професионалната деформација во секојдневниот живот што предизвикува искра и се реагира веднаш на тастатура, кај Вас се тоа млада дамо благајничките записи чинам беше (срѕ ако сум грешка) кај мене тоа се јавните набавки. Јас сум секојдневно сведок за напредокот при (речиси) трајното елиминирање на коруптивниот елемент на ова поле (можеме и на ПП да продискутираме да не одам оф топик). И ова беше тема стриктно за автобусите и придобивките версус лошото од нивната набавка, за економскиот момент можеме да дискутираме на друга тема, со вас дискусијата секогаш е задоволство. Еве на пример колку за инспирација некој друг да отвори нова тема, зошто СДС-то го бојкотираше Гошев на последната седница на комисијата и што значеше изјавата на Гошев дека во Мај и Јуни се покажуваат првите знаци на подобрување на состојбата во РМ?? ама на друга тема нека тече оваа стриктно за автобусите:smir: