Здрава економска политика Владините автобуси со енормни цени корупција или?

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Бродски транспорт ти варира во зависност од тоа што пренесуваш ама за безбеден пренос ти оди од 500-600 долари по тон. Дупло да платат владата земено предвид дека еден автобус тежи од 25-30 тони тоа ти се 25-30 илајди долари или поскапување од околу 45% далеку од тие 300% . Царина и другите трошкови се дополнителни но за транспортот се немаат прозинесено.
А го разгледа ли подетално веб сајтот на таа Кинеска фирма,таму јас не видов никаде да пиша Македонија?
Кога ќе ги видам автобусите овде тогаш ќе верувам а до тогаш ќе чекам?

Бидејќи некој очигледно не знае англиски еве нека прочита овде на 200 места каде пишува дека компанијата ги продава автобусите

http://www.time.mk/story_8316457279.html

Еве ти читај ти: http://www.yutong.com/english/about/news.jsp
Кажи ми само кај пишува Македонија?
Колку и да не знам Англиски знам дека во Англискиот јазик Македонија се пишува Macedonia...
 
А го разгледа ли подетално веб сајтот на таа Кинеска фирма,таму јас не видов никаде да пиша Македонија?
Кога ќе ги видам автобусите овде тогаш ќе верувам а до тогаш ќе чекам?

Еве ти читај ти: http://www.yutong.com/english/about/news.jsp
Кажи ми само кај пишува Македонија?
Колку и да не знам Англиски знам дека во Англискиот јазик Македонија се пишува Macedonia...

А каде пишува таму нарачаа за која и да било порачка. Секаде пишува delivered. Кога ќе ни ги достават ќе објавата. Како што може да се види пишуваат само за достави кои се случуваат прв пат во некоја земја, а тоа се уште не се случило за Македонија.
 
Ме интересира овие кинескиве двокатни направии како ќе се однесуваат кога ќе ни падне снежецот во Скопје...:vozbud:
Не знам зошто ама на страницата на оваа Кинеска фирма никако да видам автобус на 2 ката,дури и туристичките автобуси им се нормални?
http://www.yutong.com/english/product/carproduct.do?function=select&first=first&carclass=City

А каде пишува таму нарачаа за која и да било порачка. Секаде пишува delivered. Кога ќе ни ги достават ќе објавата. Како што може да се види пишуваат само за достави кои се случуваат прв пат во некоја земја, а тоа се уште не се случило за Македонија.
Читај она што му го напишав на воне и најди на страницата модел на двокатен автобус?
 
Не знам зошто ама на страницата на оваа Кинеска фирма никако да видам автобус на 2 ката,дури и туристичките автобуси им се нормални?
http://www.yutong.com/english/product/carproduct.do?function=select&first=first&carclass=City

Читај она што му го напишав на воне и најди на страницата модел на двокатен автобус?

Абе за нас ќе ги прават премиерно.....тест полигон....кој ние го плаќаме:helou::vozbud:
 
Не знам зошто ама на страницата на оваа Кинеска фирма никако да видам автобус на 2 ката,дури и туристичките автобуси им се нормални?
http://www.yutong.com/english/product/carproduct.do?function=select&first=first&carclass=City

Читај она што му го напишав на воне и најди на страницата модел на двокатен автобус?

Нашите се дојдени од иднината. Code name : Voyager. Или пак се работи за нов модел или пак страната не е апдејтирана. Кој знае. Едно е сигурно таа е фирмата од која нарачавме. Барем така тврди владата.
 
Едноставно мразам да навлезам во лаички муабети кои се интересни за на клупи со пензионерите меѓу партија шах а имаат малкумил ич врска со реалноста..
Значи најпросто што може.. компанијава е ВТОР производител на втобусиво светов веднаш зад мерцедес (конкуренти си се) самиот овој факт говори дека не е чкарт п-во.. може да се збори што сака.. но тоа говорат фактите.. не постојат они од вчера на крајот на краиштата ако биле толку чкарт ќе ги снемало до сега или во најмала рака би биле многу помалку застапени сигурно не би биле втори..
Не случајно ви ги споменав одржувањата, имав рилика да проверам неколку извештаи, верувајте ми одржувањето на стари возила е СТРАШНО!! Поправки и потрошувачката на гориво кога ќе се стави на здрава анализа возилото (ново доколку се купи) се исплаќа самото за 3-4години. Затоа и претходно реков и да има некој провизија алал нека му се парите, и да имало провизија (а нема!) таа е занемарлива во поглед на заштедите (да не ги повторувам подобрувањата што веќе се набројани) од таа причина и не се согласувам со леандра дека сне можеле да почекаме 5 години, 5 години одржување вакви аждаи ќе не коштаат уште 100 нови автобуси плус.. уљето да не го ни спомнувам..
И најважното можеби со тоа прво требаше да почам.. ова беше постапка за јавна набавка која веќе беше поништена! меѓунаоден тендер, со јасни критериуми, во време на криза кога секое парче родадено е успех! и ги имавме овие понуди кои што реално беа блиски една до друга, е сега немале банкарска гаранија.. тоа значи дека законската одредба не е испочитувана.. па замислете да не се испочитуваше тоа.. дали воопшто имате поим што ќе се случеше доколку не се бара банкарска гаранција??? мислам не е фер, јас уште еднаш проверв, навистина ова е најповолната понуда што можевме да ја имаме.. ах да не заборавам.. игор мислам пишуваше за разликата на стандадитемеѓу еур3 и еур5 камо среќа дабеше толку ситна разликата и јас ќе возев мерцедес сега :) не е така момче него дај да се расправаме за ова везејќи се во нив следната година (за 3 години треба сите 300 да ги испорачаат мислам токму овој критериум беше во прилог на домашните ...)
 
Едноставно мразам да навлезам во лаички муабети кои се интересни за на клупи со пензионерите меѓу партија шах а имаат малкумил ич врска со реалноста..

Некогаш не е ни лошо малку да ги чуеш тие шах-мат пензионерски муабети.....јес да лупаат без везе ама има нешто и во нив.....:kesa:

Абе ајде конкуренција на Мерцедес....каде....во Кина, Африка и други тунгузии....

А за одржувањето......ах што се незгодни тие ситните букви во договорите...да не излезе и за пумпање на гумите да треба да плаќаме авионски карти, смештај и дневници на кинезите.......
 
brainbug бранејќи ја владата на секоја можна тема на форумов си го изгази името:smir:
Прво ќе тргнам од забелешката дека е ова е муабет за на клупа на кој се надоврза со цитирам„Затоа и претходно реков и да има некој провизија алал нека му се парите, и да имало провизија (а нема!)“ Ова е типичен пензионерски одговор.
Јас знам и сум убедена дека никој од тие што вршат јавни набавки не останал со чисти раце.При тоа имам очи да го видам перењето на пари кое денес се прави,милионски суми за нешто што не вреди и слично.За автобусиве не влегувам во дебата на кого му е подолг,туку тргнувам од денешнава ситуација.Имаме милијарда и сто девизи,а некој сака на кина да и дадеме 300 милиони.При тоа очекуваме уште толку потешки денови и уште повеќе нови споменици кои се лијат во Италија пример.Разбирам колкави се трошоците за сервис и дека поефтино ни е да имаме нови.Но дали ти разбираш дека твоиве богови несмеат да изнесат ни едно евро од земјава?Дали разбираш дека тие 300 милиони треба да се вбризгаат во домашна економија која исто така несмее во моментов да увезе ни клинец од странство (доколку го добие тендерот).Затоа реков уште 5 години ќе се возиме со стариве додеак домашна фирма ги направи автобусите.
Кога го видов Ден Дончев како жолчно застана зад Санос,сфатив дека некој и од таа зделка ќе добие дебели пари.
 
Едноставно мразам да навлезам во лаички муабети кои се интересни за на клупи со пензионерите меѓу партија шах а имаат малкумил ич врска со реалноста..
Значи најпросто што може.. компанијава е ВТОР производител на втобусиво светов веднаш зад мерцедес (конкуренти си се) самиот овој факт говори дека не е чкарт п-во.. може да се збори што сака.. но тоа говорат фактите.. не постојат они од вчера на крајот на краиштата ако биле толку чкарт ќе ги снемало до сега или во најмала рака би биле многу помалку застапени сигурно не би биле втори..
Не случајно ви ги споменав одржувањата, имав рилика да проверам неколку извештаи, верувајте ми одржувањето на стари возила е СТРАШНО!! Поправки и потрошувачката на гориво кога ќе се стави на здрава анализа возилото (ново доколку се купи) се исплаќа самото за 3-4години. Затоа и претходно реков и да има некој провизија алал нека му се парите, и да имало провизија (а нема!) таа е занемарлива во поглед на заштедите (да не ги повторувам подобрувањата што веќе се набројани) од таа причина и не се согласувам со леандра дека сне можеле да почекаме 5 години, 5 години одржување вакви аждаи ќе не коштаат уште 100 нови автобуси плус.. уљето да не го ни спомнувам..
И најважното можеби со тоа прво требаше да почам.. ова беше постапка за јавна набавка која веќе беше поништена! меѓунаоден тендер, со јасни критериуми, во време на криза кога секое парче родадено е успех! и ги имавме овие понуди кои што реално беа блиски една до друга, е сега немале банкарска гаранија.. тоа значи дека законската одредба не е испочитувана.. па замислете да не се испочитуваше тоа.. дали воопшто имате поим што ќе се случеше доколку не се бара банкарска гаранција??? мислам не е фер, јас уште еднаш проверв, навистина ова е најповолната понуда што можевме да ја имаме.. ах да не заборавам.. игор мислам пишуваше за разликата на стандадитемеѓу еур3 и еур5 камо среќа дабеше толку ситна разликата и јас ќе возев мерцедес сега :) не е така момче него дај да се расправаме за ова везејќи се во нив следната година (за 3 години треба сите 300 да ги испорачаат мислам токму овој критериум беше во прилог на домашните ...)

Втори се во светот точно, ама во производство а не во квалитет. А во производство се втори зазтоа што се упола па и повеќе поефтини од мерцедесот.
Само што за жал квантитет не значи и квалитет.
 
Се вмешаа и бугарите...:pos2:

Кинезите сефте ќе прават двокатни автобуси?

6A17D707143D1846A01BB6AAF4C0DB33.jpg

Бугарите од „Кинг лонг“ и македонската компанија „Санос“ ќе поднесат жалби на тендерот

Кинеската компанија „Џенгџоу јутонг груп“, избрана да произведе 302 двокатни автобуса за потребите на јавниот превоз во Скопје, досега во своето 45-годишно постоење нема изработено ниту еден даблдекер. Таков заклучок барем може да се донесе кога ќе се отвори официјалниот сајт на компанијата. И по двочасовно пребарување, на него не можеше да се најде ни збор ни слика за производство на двокатни автобуси.

Од Министерството за транспорт и врски, пак, вчера конкретно не одговорија дали „Џенгџоу јутонг груп“ досега има искуство во изработка на даблдекери, колку и во која земја ги има испорачано. „Станува збор за вонсериско производство на автобуси кое првпат се произведува со врвен квалитет, со вградени делови произведени од реномирани светски производители. Станува збор за автобуси што ќе бидат автентични само за градот Скопје и ќе потсетуваат на автобусите кои биле во употреба во градот во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век“, писмено информираа од Комисијата за спроведување на тендерот.

Инаку, од бугарската компанија „Кинг лонг“ вчера за „Утрински весник“ потврдија дека подготвуваат тужба по одлуката на тендерот.

„Во Скопје сме, комуницираме со Министерството околу постапката и работиме на нашиот приговор. Се' уште сме на почеток на процедурата и не можам да прецизирам по која основа ќе се жалиме, но сигурно има неколку. Сигурно една од варијантите е жалба поради побараните банкарски гаранции, за што истовремено сметаме дека соодветна гаранција немаа ниту Кинезите“, ни изјави вчера Венета Мирчева, генерален менаџер во „Кинг лонг“, компанија што е регистрирана и во Кина, а е официјален дистрибутер за производите на бугарскиот и на македонскиот пазар. Жалба на тендерот ќе поднесе и македонската компанија „Санос“. Единствено рамнодушни на направениот избор за производство на 302 двокатни автобуса ќе останат од турската компанија „Ѓиларус кобра“. Според нив, тендерот поминал транспарентно и немале основа за тужби. Инаку, рокот за жалби истекува на 26 јуни.

Вчера од партијата Обединети за Македонија не беа достапни за коментар во врска со случувањата со тендерот, откако завчера потпретседателот на партијата, Ден Дончев, обвини дека набавката, според нивни сознанија, најмногу би требало да чини 28 милиони евра, а не 51 милион евра, сума што ја побараа од кинеската компанија. Дончев не беше достапен да ги прокоментира отфрлувањата на обвинувањата од страна на Министерството за транспорт ниту, пак, да одговори кога ќе ги презентира документите со кои, наводно, ќе го потврди корупцискиот скандал во случајов од кој, наводно, ќе профитира еден скопски бизнисмен. Тоа, според шпекулациите во јавноста, е Орце Камчев, близок на владејачката гарнитура.

Инаку, набавката на 302 автобуса државата ќе ја чини малку помалку од 70 милиони евра. Понудата на Кинезите од 51 милион евра е основна цена за автобусите. Имено, со пресметани 10 отсто што треба да се платат за царина и 18 отсто ДДВ, вкупната сума за набавка на даблдекерите изнесува 65.280.000 евра.

За случајот „Тендер“ вчера реагираа и од надлежната Комисија, отфрлајќи ги наводите на одредени субјекти дека избраната компанија немала соодветна банкарска гаранција. Напоменаа дека таа била валидна, доставена директно од кинеската Индустријал енд комершал банк. „За разлика од нив, домашната компанија ‘Санос‘ во својата понуда не достави банкарска гаранција, што претставува услов за учество во тендерската постапка согласно со законот“, дополнија од Комисијата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0358259661BDC748ABCD595B9292913C
 
Абе луѓе, ве читам и се замислив...Сте запнале како да стварно ќе се купат автобусиве па лицитирате со цени, квалитет, количини и фирми... Абе Македонија е ова... Ќе им падне на уставен:vozbud::pos2::vozbud:... А еве да одсонуваме дека ќе се купат... Па кога ќе "Закуцаат" два-три комада на подвожњак кај стоковна МОСТ(поранешна), еден кај подвожњак накај црниче, еден кај тутунски итн... А, да, еве замислете си 11 за Рашче, дупла, висока,нова. А вози Стојче Луди, комшијата... па по тоа кривините...Фитипалди у најбољи дани... И онда имаме меѓунационален конфликт...автоматски...дупли... ние сме пуштиле дупла 11 накај Рашче... ние сме криви... Се превртил. А кажете ми и кој кој ќе се вози у тоа гужвите на втори спрат... Замислете си ситуација: Тргнуваш со 5-ка од Три Бисери накај Ѓорче околу 14:30 у вторник... Кажуваш добар ден на возачот и се качуваш на втори... Наоѓаш место за седење(Три Бисери е, скоро на почеток) и си седнуваш... е тогаш, некаде после рекорд фино-лепо си станеш за да стигнеш до врата, зашто веќе некаде кај градска се накрцал автобусот... па со антиципација гледаш да си фатиш место некаде на први, до врата, за да се истовариш некаде у Ѓорче, да не те носи до Дексион(Ѓорче 2)...Далеку е..
далеку исто како и двокатните автобуси у Скопје...
Инаку идејата е најверојатно дојдена на некој, кој додека чекал за некој состанок по државните установи и немајќи бистра мисла и малку повеќе криви сиви вијуги, се загледал у тоа старите фотографии размер 60 см x 45 см што висат по ходници по бараки државни, видел нешто ново, од 52-53 година(двокатни автобуси на градски плоштад) и си рекол тоа е добро како НОВА идеа... и Така еве 2-3 години.
Затоа боже, ако те има, спаси не само уште овојпат од нас самите и од политичарите наши насушни, зошто сами од себе да се спасиме не можеме, Македонци сме, во крв ни е сами да се заебеме...
 
Не случајно ви ги споменав одржувањата, имав рилика да проверам неколку извештаи, верувајте ми одржувањето на стари возила е СТРАШНО!! Поправки и потрошувачката на гориво кога ќе се стави на здрава анализа возилото (ново доколку се купи) се исплаќа самото за 3-4години. Затоа и претходно реков и да има некој провизија алал нека му се парите, и да имало провизија (а нема!) таа е занемарлива во поглед на заштедите (да не ги повторувам подобрувањата што веќе се набројани) од таа причина и не се согласувам со леандра дека сне можеле да почекаме 5 години, 5 години одржување вакви аждаи ќе не коштаат уште 100 нови автобуси плус.. уљето да не го ни спомнувам..

А што спаѓа во одржување за тие три години, што плаќа производителот, имаш информации?
 
Се што ќе се започне да се прави во Македонија за кратко време се претвора во циркус. Се е без квалитет и од секој проект мора некој убаво да лапне. Незнам навистина кај исчезнале Македонците. Тука само криминалци има.
 
епаааа зошто де толку проекти се изнаправија.....машала
 
Не вреди да се расправа,природа си е тоа.... ВМРО-овскава звезда отиде у СУПЕРНОВА,
сеа само треба да почекаме да колабира у ЦРВЕНО ЏУЏЕ, ама тоа ич не ме теши, зошто после ЦРНАТА ДУПКА во која ќе се стори.....сигурно ќе не посиса....сосе парталите, глувците и тоа кинеските автобуси...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom