За сите тие скептици што слушнале а не дослушнале и сега јадат буреци како и обично. Јас бев на презентацијата. Таму беше кажано дека ќе има од 500-1000 вработувања. Првиот бран на вработувања ќе биде 300 души кои ќе одат на 6 месечна обука а од 4-от месец почнуваат со работа во фирмата. Значи тие што ќе работат таму нема да имаат никаква допирна точка со програмирање!! Ова не е програмерска компанија побогу. Се работи со одржување на мрежи низ целиот свет со помош на револуционерен софтвер кој што за прв пат ќе биде користен овде во Македонија и ќе биде поврзан со Гугл мапс, еартх...
Предавањето т.е обуката ќе биде целосно на англиски како што беше и презентацијата. Ќе се прават една купа тестови и од тие првите 300 души што ќе влезат на обука нема да останат сите. Значи ако се докажеш ќе останеш ако не гитла. Не мора да значи дека ако влезеш во тие 300 што ќе одат на обука имаш загарантирано работа. Тоа во никој случај... Тренингот ќе се врши на опрема вредна околу 5 милони долари. Процесот на елиминација ќе започне уште од првите неколку недели. Комуникацијата е круцијална ако ја сакате оваа работа. И не мора да бидете од Струмица ако сакате да се пријавите.
Иначе ако веќе влезете да работите во фирмата условите таму ќе се супер. Типот што ја држеше презентацијата се споредуваше со Гугл. Демек ќе имало посебни соби со пикада, телевизори, билијарди, играчки конзоли, интернет конекција и ред други работи односно нивната цел била позитивно да ги стимулираааботт рниците пошто тогаш истите се мошне попродуктивни. Да створат такви услови за работа што нема да сакаш да си одиш дома.