Граѓанско движење против промена на името на Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Дали жителите на Северна Кореја се Северно-Корејци? Или пак граѓаните на Северна Ирска зборуваат северноисрски јазик? Секако дека не. Тие се Корејци и Ирци и зборуваат корејски и ирски јазик. Ако од една страна имаш моќни држави кои имаат сила во раце и од кои зависи иднината на малите држави, а од друга страна ја имаш Македонија, која е мала (што е факт), тогаш ќе МОРА да играш како што силните ќе ти свират. За подобра иднина, ако воопшто ти е важна. Во спротивно, верувај дека за неколку години оваа твоја и моја Македонија ќе ја видиме распарчена, иако никој не сака да е така. Да се разбереме, над 90% од Македонците САКААТ и се ЗА државата да продолжи да се вика како што се вика, ама треба да и погледнеме во очи на реалноста.. за жал..........


Пак со овие небулозни размислувања...

Дали има јужна Кореја...има

А дали има Јужна Македонија... нема.

Значи ќе има само Македонија кој ќе се наоѓа во Грција и Северна Македонија.

Тоа им е целта и на грците, но треба малку повеќе да се размисли за да свати ова.

Викаш дека сме немоќни?

Епа како ќе бидеме моќни тогаш да понатаму да издејсвуваме да не бидеме северно Мкедонци и да не зборуваме на северно Македонски јазик. Нели затоа што сме немоќни, а другите се силни понатаму ќе издејствуваат и ќе не викаат северно македонци.

Башка тоа кој ќе ни гарантира дека ако го смениме името дека ќе бидеме примени во нато и еу...никој.

Кој ќе ни гарантира дека ако го смениме името грција нема да побара и нешто друго?...никој.

Значи ако се покажеш цврст во ставот пред сите други, истите тие повеќе ќе те почитуваат.

Никој не не тера со сила да влеземе во нато и еу.

И уште нешто многу важно

Европа веќе еднаш се обиде да не распарчи и насилно да ни го смени името но не успеа во тоа, па затоа ја префрли топката спорот да се решава во оон, притоа дејствувајќи со сите силе да се распаднеме од внатре и самите да си го смениме името и идентитетот.

п.с. Абе се требало да се објснува до детаљ, се морало да биде соџвакано да се се свати, еден неќе малку повеќе да се запознае со пробломет или пак малку да размисли повеќе, само да се траскало нешто.
 
Дечки за ова треба медиумска кампања.....да се разгласи по ТВ и радио и да се собираат потписи по плоштади!!!!
 
Потпишано.. и разгласено во Сиднеј.. ке анимираме и радија овде. !
утре го ставам на мој сајт.. исто..

ако може и Англиска верзија... многу корисници на ФејсБоок, како и наши со не така течен Македонски јазик, би било пожелно да ја имаат и англиската верзија..

Поздрав !
 
Слабо некако оди само 560 за сега ајде луѓе ширете, не е можно само волку луѓе да го виделе ова. Потпишувајте...лесно е.
 
Тогаш ќе си ги бесиме на плоштад овие наши ретардирани политичари што во недостаток на идеи ни ја сервираат ЕУ-НАТО бајката.

Пивце и ти се радикализираш како мене!!!!:vozbud:

ОДИМЕ СО ГЛАТА В'ЅИД...АМА ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!!!!

:oeoeoe:
 
Слабо некако оди само 560 за сега ајде луѓе ширете, не е можно само волку луѓе да го виделе ова. Потпишувајте...лесно е.

денеска активно се шири низ ФБ низ групи и профили...
треба да се очекува голем пораст ..
 
Гласано е со сигурност и од сите блиски што ги познавам, веднаш ја поддржаа иницијативава. Сега последно кога гласаше сестра ми имаше околу 580 потписи, мислам дека кон крајов на денов ќе има барем 1000 потписи. Ми стигаат и на фејсбук пораки, така да акцијата е проширена. Мислам дека ќе биде успешно граѓансково движење, и исто успешно предадено до надлежните институции.
Барем во најмала рака да не се каеме некогаш дека сме седеле со скрстени раце кога други ни ја кроеле судбината, но очекувам дека ќе се постигне нешто со иницијативата.
 
Ви пожелувам многу среќа и се надевам дека вашите желби,
ускладено напишани во рамките на оваа петиција ќе бидат услишени од носителите на апсолутната власт во Р. Македонија.
Bonus auspecis!
 
потпишано и пренесено од сега па натаму на еден куп луѓе кои не користат нет или слабо го користат
 
You are signer #757.

Потпишано и од мене! :helou:
 
а само по еднаш ли од една IP адреса може...или може повеќе пати...оти ако може повеќепати,тогаш нема да биде валидна....

инаку јас се поптишав уште на почетокот кога почна петицијата,и бев (номер:))#90
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom