MARNet - уназадени со години!

  • Креатор на темата Креатор на темата Gandalf
  • Време на започнување Време на започнување
Тие не регистрираат преку работна недела, овој прашува за преку викенд.
Во понеделник однесов (лично, во архива) 3 апликации. Уште ниеден од домените не е регистриран. Минатата недела пак (не се сеќавам точен ден) однесов 2 апликации за промена на именски опслужувачи, ниедната не е процесирана.
И да, за викенди дали регистрираат...
 
Ма ајде на што личи ова да ти се плукнам и марнет и се живо што работи таму од понеделникот чекам уште да го регистрираат а јасно стој од 3 до 9 работни дена еве измина десеттиот ден уште абер немаат. Ова е мојот последнен .мк домен !!
 
Денес регистрирале едвај 5 домени, од кои еден е nikolagruevski.mk FTW (извор: http://domejn.ot.mk/).
Се скршиле работа.
 
уффф....
Почитувани,

Сакаме пред се да се извинеме за доцнењето на регистрација на доменот XXXXX.mk. Денес добивме известување од Министерството за информатичко општество дека претходната недела од 09.05.2011 год не биле во можност да регистрирааат домени поради оправдани причини кои не ни ги образложија. Дополнително не информираа дека повторно ќе отпочнеле со работа од 17.05.2011 год со што се надеваме дека веднаш ќе биде активиран вашиот нарачан домен.
Извинете за настанатата ситуација од наше име и од Министерството за информатичко општество, да се надеваме дека во иднина нема да има вакви прекини во нивнотот функционирање.

Доколку добиеме дополнителни информации од нив за истите ќе ве контактираме.

Благодариме на разбирањето.

--- надополнето ---

Тие не регистрираат преку работна недела, овој прашува за преку викенд.
Во понеделник однесов (лично, во архива) 3 апликации. Уште ниеден од домените не е регистриран. Минатата недела пак (не се сеќавам точен ден) однесов 2 апликации за промена на именски опслужувачи, ниедната не е процесирана.
И да, за викенди дали регистрираат...
Не се надевај и ти на доменот до 17ти.
 
Од кој ти е мејлот?
И како тоа техничките неможности не важат за доменот nikolagruevski.mk чиј регистрант е ВМРО?
И јас сум Никола, мамата.
 
Од uhost.mk истото и јас им го пишав за нив тоа не важи ли и повторно добив одговор.

Здраво,
Ние им пративме повеќе од 50 маилови за да се информираме до каде е постапката за регистрација не само на вашиот домен туку и на уште 15 домени кои нашите клиенти чекаат повеќе од 10 работни денови за да се активира домен, одговор не добивме. По цела недела неработење ние денес дознавме за проблемот. Да се надевеме дека ова ситуација во иднина нема да се повтори и постапката за регистрација на .мк домените би се одвивала многу побрзо.
Извинете уште еднаш за настанатата ситуација и ние спрема нашите клиенти излегуваме како неодговорни .
 
Ах бе како не сум на власт, МАРНЕТ е единствената причина зошто понекогаш сакам да сум.
И не барам да сум на власт за да ми регистрираат домени со ургенции.
 
Абе ја глупав се секирав коа им забранија да регистрираат, убаво им направија жалам што регистрирано имам 6 домена таму само да истече периодот одма ги префрлам на друг домен само не .мк. Сеа ја будала сум чекам од минатиот понеделник тоа се 12 дена до 17ти има уште 5 вкупно 17 дена и прашање е и дали на 17ти ќе го регистрираат.
 
Од кој ти е мејлот?
И како тоа техничките неможности не важат за доменот nikolagruevski.mk чиј регистрант е ВМРО?
И јас сум Никола, мамата.

+ 2 од СДСМ, како и многу работи кај нас... не важат истите правила за сите. И никако да се средат од МАРнет, не да се уназадени со години... со векови се.
 
Добро бе ова МАРнет фирма е или што е ? 3 дена ѕвонам ко ненормален по 10 пати во денот никој не се јавува. Исто и на мејл абер немаат да вратат... :tapp:
 
МАРнет цвети, па уште кириличен домен ни фали... Нека се средат прво и да ја средат процедурата на регистрирање и трчаниците, па после да размислиме за .мкд или .македонија домен.

Македонија ќе го почека кириличниот домен

„Марнет“ сé уште е фокусиран на спроведувањето на новиот правилник за користење македонски домен, а домените на кирилично писмо ќе се стават на дневен ред идната година

tehno%5B2%5D.jpg


Кириличниот домен Македонија ќе мора да го почека до наредната година. Македонската академска истражувачка мрежа „Марнет“ сé уште е фокусирана на спроведувањето на новиот правилник за користење македонски домен, додека домените на кирилично писмо се во втор план.

Србија завчера и се приклучи на Русија во употребата на интернационален, кириличен домен (.срб), а нив ќе ги следат Украина, која веќе го доби доменот (.укр), а во процедура е и барањето на Бугарија.
- Од 2009 година интернет-корпорацијата за доделени имиња и броеви (ИЦАНН) овозможи доделување интернационални домени, што значи дека секоја земја може да користи домен на официјалниот јазик, односно писмо што го употребува. Македонија уште тогаш ја почна постапката, во рамките на Министерството за информатичко општество, и ги врши сите подготовки за документацијата што е потребна. Документите се потребни за понатамошно исполнување на сите технички можности што се неопходни за одобрување интернационален домен. Русија веќе направи бум со побарувачката на домените (.рф) - вели Сашо Димитријоски, директор на „Марнет“.

Тој додава дека Македонија сигурно ќе добие интернационален домен во текот на 2012 година.
- Се подготвува целокупната документација, а во рамките на ИЦАНН веќе има македонски лобисти што притискаат за кириличен домен. Сепак, станува збор за долга процедура, а Србија чекаше повеќе од година за нејзино завршување. Постојат повеќе опции за тоа како ќе гласи доменот, а некои од нив се (.мкд) и (.македонија) - додава Димитријоски.

И од хостинг-компаниите се согласуваат дека кириличниот домен треба да почека подобри времиња. Тие сметаат дека во моменталното функционирање на „Марнет“ има простор за големи промени и оти предност треба им да се даде на онлајн-регистрацијата на домен и на соодветната поддршка на корисниците.

- Додека не се средат внатрешно, нема потреба од брзање за активација на кириличниот домен. Потребни се онлајн-нарачки, брзо и ефикасно ажурирање на домените и корисничка поддршка, со кои и корисниците ќе бидат позадоволни. Доделувањето кириличен домен, може да создаде дополнителни проблеми и забуна кај корисниците, пред сé, затоа што многумина не знаат да сменат кирилична поддршка на тастатурата, а со тоа и да го внесат доменот на кирилица во пребарувачот. Според бројот на моментални активни домени во Македонија не гледам голема потреба од регистрација и на кирилични домени - објаснува Иван Петрушевски од хостинг-компанијата „Мкхост“.

„Марнет“ во моментов работи според стариот правилник, кој во почетокот на годинава беше оспорен и предизвика затишје во функционирањето на македонскиот врвен домен (.мк).

- Новиот правилник е готов, но чекаме буџет за да ја обезбедиме техничката опрема што ќе ни биде потребна за негово спроведување. Значи без потребните технички решенија, „Марнет“ не може да ги спроведе сите активности што беа планирани, меѓу кои е и електронската регистрација на домен - објаснува Димитријоски.

Автор: Огнена Костова
Извор: Нова Македонија
 
Сакам да поставам едно прашање, мислам дека тука би било најсоодветно. Сакам да регистрирам .мк домен, ама не преку Марнет (пошто гледам тука што се се случува) туку преку mkhost.com.mk Таму во чекор бр. 3 (конфигурирај) при купувањево, треба да се впише името на DNS серверите. Кога ќе го отвориме овој чекор, дава некои DNS сервери по default. Сакам да прашам што ќе биде ако купам со тие DNS сервери, а што ако ги впишам моите DNS сервери?
 
Сакам да поставам едно прашање, мислам дека тука би било најсоодветно. Сакам да регистрирам .мк домен, ама не преку Марнет (пошто гледам тука што се се случува) туку преку mkhost.com.mk Таму во чекор бр. 3 (конфигурирај) при купувањево, треба да се впише името на DNS серверите. Кога ќе го отвориме овој чекор, дава некои DNS сервери по default. Сакам да прашам што ќе биде ако купам со тие DNS сервери, а што ако ги впишам моите DNS сервери?

Прво ќе се насмеам (:icon_bigg), пошто од кај и да нарачеш .мк домен, тој иде во МАРНет. МАРНет ти е единствен регистратор на .мк домени.

Што се однесува до DNS серверите, остави ги тие од MKhost, не фаќај таму.
 
Сакам да поставам едно прашање, мислам дека тука би било најсоодветно. Сакам да регистрирам .мк домен, ама не преку Марнет (пошто гледам тука што се се случува) туку преку mkhost.com.mk Таму во чекор бр. 3 (конфигурирај) при купувањево, треба да се впише името на DNS серверите. Кога ќе го отвориме овој чекор, дава некои DNS сервери по default. Сакам да прашам што ќе биде ако купам со тие DNS сервери, а што ако ги впишам моите DNS сервери?

MKHost гледај го како посредник меѓу тебе и марнет, да не се замараш со сите тие документации и процедури и се разбира, не треба да имаш фирма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom