MARNet - уназадени со години!

  • Креатор на темата Креатор на темата Gandalf
  • Време на започнување Време на започнување
Кај се наоѓа Марнет точно?
Гледам пред 2 години има спомнато на темава дека документи се доставуваат во ректоратот на уким... А на нивната страна пишува дека имаат канцеларија на партизанска негде карши Соборна...
Бил некој во брзо време, ако е на партизанска каде точно се наоѓа?
 
Одма спроти Соборна е. Цвеќара мислам дека има до нивниот влез... пишува на вратата, ќе видиш. Има нагоре по скали се качуваш и одма лево имат една канцеларија.
 
Електронско регистрирање на домени и пад на цените на интернетот

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директотот на Македонската академска истражувачка мрежа, МАРнет, Сашо Димитријоски, денес го промовираа новиот систем за регистрација на поддомени во .мк зоната.

Новиот систем нуди децентрализирано решение кое овозможува воведување на регистрари, односно субјекти кои ќе имаат еднаков пристап до Централниот регистар и кои ќе ги администрираат поддомените за крајните корисници.

Сите правни субјекти кои сакаат и ги исполнуваат условите за регистрари ќе бидат поканeти да се обратат до Министерството за информатичко општество и администација и МАРнет за склучување на договор и нивно авторизирање за вршење на таква дејност.

„Еден од проектите што ги вети Владата е електронско регистрирање домени и поддомени на мк, со цел да се овозможи од кое било место да може електронски да се достават, да се плати електронски и нивниот домен електронски да биде регистриран во кој било период од денот“, изјави министерот Ивановски.

Исто така ќе биде објавен и Правилник, со кој се предвидува либерализација на самата процедура на регистрација на поддомени. Со стапување на сила на истиот, се очекува надминување на досега сретнати сценарија за кое било проблематично изнаоѓање на соодветни мерки за надминување на истите.

„Oд технички аспект во изминатиот период се спровеле интензивни подготовки за имплементација на новиот систем. - Во соработка со МИОА веќе е изработен системот и е еден од најсофистицираните во регионот и врз основа на она што е најмодерно во светот“, истакна директорот на Марнет Димитријевски.

Министерството за информатичко општество и администрација и МАРнет работат и на проектот за воспоставување внатрешен јаз на поврзување - МАТРИКС, со кој треба да овозможи драстично намалување на цените на интернетот.
 
Колку време им треба на МАРнет да сменат хостинг на веќе постоечки домејн?
Закупив хостинг (justhost.com), им ги однесов податоците и DNS адресите во марнет, ги сменија (во регистарот на марнет) ама сајтот уште не ми функционира...
 
Дали ти вратија повртен мејл од Марнет, можно е да не ти е добро подесено. Дали си на приватен сервер или обичен shared сервер ?
 
Дали ти вратија повртен мејл од Марнет, можно е да не ти е добро подесено. Дали си на приватен сервер или обичен shared сервер ?

Им бев таму директ, испринтав се што треба директно од нет (IP адреси и чуда, за да нема грешка), се е како што треба во тој дел. Хостингот ми е од JustHost.com.
 
Им бев таму директ, испринтав се што треба директно од нет (IP адреси и чуда, за да нема грешка), се е како што треба во тој дел. Хостингот ми е од JustHost.com.

Ако е како што велиш на веќе постоечки хост, не повеќе од еден ден, јас правев исто за неколку часа беше сменето. Така да најверојатно има има некој проблем. Пробај на мернет http://reg.marnet.net.mk/MKDomeni/domen/check/ провери дали е се како што треба поставен доменот со двете IP. Ако е тука се ОКЕЈ, тогаш барај ги на телефон и ќе ти кажат што е проблемот.
 
Вака вика дека се е во ред и дека зоната НЕ Е празна. Меилот преку webmail си работи ко што треба ама ако го подесам преку меил клиент (outlook, thunderbird, incredimail....) може да прима меилови ама не и да праќа. Скоро се пробав...
 
Не е до МарНет, до тебе е.
 
Добро, еве го октомври скоро пројде а уште неможам да најдам никаква опција за да си регистрирам доменче електронски, без пешачење и глупите уплатници. Како ова? Имате некоја инфо?
 
Добро, еве го октомври скоро пројде а уште неможам да најдам никаква опција за да си регистрирам доменче електронски, без пешачење и глупите уплатници. Како ова? Имате некоја инфо?

Нема да најдеш за скоро време. Се надевам дека грешам!
 
Веќе неколку месеци може да се регистрира, а за правилникот не знам... уште им стои тој од февруари 2011.

Би можел да ја објасниш процедурата за регистрација на .мк домен од физичко лице?

ти благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom