Дали Груевски и Иванов се против Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата yin yang
  • Време на започнување Време на започнување
Да не бидам досаден со оној мојот став...
Едно само ќе кажам:
Патот до пеколот е поплочен со добри намери.
Толку од мене.

fali samo mal detal..: zuti, zeleni ili crveni NAMERI??? :)
 
Добро сега пак ќе дојдеме на муабетот од пред некој ден....Зар сдсм не е за истото она што си го болдирал ? :smir:

СДСМ е за брз влез во ЕУ и НАТО, за 3 месеци и да ја подвиткаме кичмата.

Кога Македонскиот народ на последниве избори им бараше програма, дајте да видиме како тоа ќе се оствари, знаеш што беше одговорот ?

Нам не ни е потребна програма, едноставно ќе влеземе.

Јас секој ден се молам да го видам СДСМ како социјалдемократска партија која си ја сака државата и која расчистила со минатото.

Тоа што Бранко го правеше на 24 часа пред средбите на преговарачите со Нимиц не беше ништо друго освен минирање на позицијата на РМ. Вели, ние ја напуштаме двојната формула.

Али нејсе, значи да му се поедностави на народот.
Единствено решение за спорот, ако сакаме во ЕУ и НАТО, е едно име, Република Северна Македонија.

Притоа, треба да му се објасни на народот дека од тоа име ќе го црпи и идентитетот, да не го залажуваат дека некоја институрција ќе му гарантира поинаков идентитет, не постои таква институција.
 
Како не бе - ќе ни удрат печат на рака "YOU ARE MAKEDONETS" и ќе ни биде гарантиран идентитетот.

Гаранција на идентитет = шчо е тоа? Ако може некој да ми објасни. Каде? Како?
 
Али нејсе, значи да му се поедностави на народот.
Единствено решение за спорот, ако сакаме во ЕУ и НАТО, е едно име, Република Северна Македонија.

Притоа, треба да му се објасни на народот дека од тоа име ќе го црпи и идентитетот, да не го залажуваат дека некоја институрција ќе му гарантира поинаков идентитет, не постои таква институција.

Јас едно те прашав ти кичми ми спомнуеш но неисе за секоја кичма има космодиск!

Ова квотираново веќе е во ред ,значи секоја помисла за промена на име, идентитетот отиде по вардар кај гејците.
 
delboy, повели постирај ми пишан став на СДСМ каде се залагаат да не се менува уставното име, голема радост ќе ми направиш.
Гром не не бие тогаш.
 
СДСМ е за брз влез во ЕУ и НАТО, за 3 месеци и да ја подвиткаме кичмата.
А ДПМНЕ ќе истрчи уше два круга пред да даде :tv:

Колку сте другар само смешни да знаеш....обидувајќи се да направите некаква разлика (доколку нели ДПМНЕ се согласи на промена) помеѓу нивните ставови околу името.
 
delboy, повели постирај ми пишан став на СДСМ каде се залагаат да не се менува уставното име, голема радост ќе ми направиш.
Гром не не бие тогаш.

СДСМ се согласува со име кое нема да го загрози националниот идентитет, јазик, култура и посебностите на македонскиот народ. Ние сме за замена на референцата БЈРМ со име со географска одредница. Опфатот на ова име да биде секаде каде што се употребува референцата БЈРМ. За вакво решение нема да треба да има промена на Уставот.:helou:
 
Момче, може да трча, склекови да прави, гуштеров лет, стомачни, но тоа што го мисли на државата треба да го напише.

И вели.

Програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Линк:http://www.vmro-dpmne.org.mk/Dokumenti/Programa 2008-2012.pdf
Страна 147, Надворешна политика:

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија, нема да дозволи какво било решение и каков било компромис за спорот кој го наметна Грција, да бидат прифатени од страна на поединци политичари, влада или парламентот, без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните преку референдум, и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласи за тоа решение.

Јас како цивилизиран човек и академски граѓанин не познавам друг начин на комуникација со политичка партија.
Напишал, сум прифатил, сум гласал, нема мрдање.

Де да видам сега од СДСМ, израдувај ме.
 
Ти пишав погоре став на СДСМ ,гледам не те израдува....Гледам дека повеќе среќа те тепа накај ВМРО ДПМНЕ ,така да џабе ќе млатиме празна слама....
 
СДСМ се согласува со име кое нема да го загрози националниот идентитет, јазик, култура и посебностите на македонскиот народ. Ние сме за замена на референцата БЈРМ со име со географска одредница. Опфатот на ова име да биде секаде каде што се употребува референцата БЈРМ. За вакво решение нема да треба да има промена на Уставот.:helou:

Може линк ?
Грците имаат консензус, едно име за секаде.
 
Сигурен си дека сакаш линк? Ако ти дадам линк да не се :jaj: .Оти стварно немаш појма од кого е искористена оваа изјава на Заев за во тој временски период да се плукне на СДСМ:tv:
 
Опфатот на ова име да биде секаде каде што се употребува референцата БЈРМ.

Ова во праткика значи користење на новото име како меѓународно име на Република Македонија???
 
Ајдеее дајте и нов тек на изјавава,па мајка му стара ваљда знаете да прочитате што е напишано и за што се работи ?
 
СДСМ се согласува со име кое нема да го загрози националниот идентитет, јазик, култура и посебностите на македонскиот народ. Ние сме за замена на референцата БЈРМ со име со географска одредница. Опфатот на ова име да биде секаде каде што се употребува референцата БЈРМ. За вакво решение нема да треба да има промена на Уставот.:helou:

Како може да преговараме за БЈРМ? :nenene:

Преговараме за Уставното име, а БЈРМ е привремена референца додека не се најде решение за името на државата.

Промена на Уставот мора да има доколку ние прифаќаме да бидеме поинаку именувани во меѓународните институции.

Поголема лага неможеле да смислат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom