Груевски за француски Ле Монд

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоч
  • Време на започнување Време на започнување

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Le Mond: Македонија смета на поддршката од ЕУ во однос на нејзиниот спор со Грција

Во Париз, македонскиот премиер Никола Груевски бара укинување на визите за Европа. Американскиот потпретседател Џозеф Бајден се очекува да го посети Балканот, се вели во уводникот на статијата од францускиот дневен весник Lemond, од 16 мај, во која се пренесува разговор со Груевски

Долгоочекувана, посетата на Балканот од страна на американскиот потпретседател Џозеф Бајден за неколку дена, го актуелизира дипломатскиот интерес за овој регион. По поддршката од администрацијата на Буш за признавањето на Косово во 2008 година, оваа американска турнеја ќе овозможи да се прецизира агендата на новата американска администрација во време кога земјите од Балканот се ангажирани, по различен редослед, на нивниот пат кон Европската унија (ЕУ) и НАТО. Премиерот на Македонија, Никола Груевски, требаше да се сретне со Никола Саркози во Елисејската палата в петок, на 15 мај, по неговата посета на Брисел во средата. Главната цел е укинување на визите за оваа мала земја со 2 милиони жители. Македонија се гордее со фактот дека предничи пред своите соседи во однос на ова прашање. „Ги исполнивме сите услови за Европската комисија да предложи укинување на визите“, објаснува за Ле Монд, Груевски. “Оваа одлука би требало да биде донесена до крајот на есенва. Се надеваме дека од 1 јануари 2010 година, нашите граѓани ќе може непречено да патуваат низ шенгенскиот простор.“ Според Скопје, на повеќе од 450.000 жители веќе им се издадени биометриски патни исправи. Втората тема се однесува на иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Во ноември 2005 година, Комисијата ја поддржа перспективата за зачленување. Три и пол години подоцна, земјата заостанува зад Хрватска. „Се надеваме дека ќе добиеме датум на почетокот на следната година за отпочнување на преговори, кои би требало да потраат повеќе години“, вели Груевски, “при што најоптимистичката претпоставка е зачленување за пет години.“ Сепак, една земја-членка на ЕУ го блокира патот: Грција, со нејзиното упорно одбивање, веќе осумнаесет години, на името на Македонија, кое се поклопува со името на нејзиниот северен регион. Не е постигнат никаков компромис за алтернативно име, како на пример „Северна Македонија“.
На Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година, Грција стави вето на приклучувањето на Македонија кон Алијансата. Земјата беше примена во ООН во 1993 година под привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија. Во ноември 2008 година, Скопје отпочна постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. „Грција не само што сака да го промениме нашето име, туку и пасошите, Уставот, именувањето на нашиот јазик, нашиот идентитет“, потврдува Груевски. Со цел да се тргне грчката пречка, премиерот смета на Брисел да повлијае врз својата земја-членка. „Македонија нема доволно сила да се соочи со ова сама, вели тој. Еве зошто сме овде во Париз. Имаме потреба од поддршка, но ништо незаслужено“. Избран за претседател на 5 април, Ѓорге Иванов (конзервативец) вети дека ќе работи на решение во преговорите со Грција. Тој може да се потпре на легитимитетот на изборите и нивната добра организација, поздравена и на меѓународно ниво. Ова се сметаше за вистинско олеснување по насилството со кое беа обележани парламентарните избори од јуни 2008 година (еден починат и 9 повредени во подрачјата со албанско население), и за подобрување на репутацијата на земјата. На 12 мај, пред Парламентот, Ѓорге Иванов јасно го искажа својот приоритет. Тој рече: „Сакам да посветам особено внимание на нашите односи со Грција.(...) Ќе направам се за овие односи да се развиваат во духот на добрососедството.“
Македонското раководство беше среќно од она што го изјави Барак Обама на Самитот на НАТО на 4 април, искажувајќи го своето „нетрпение“ да ја види земјата во рамките на Алијансата, по влегувањето на Хрватска и Албанија оваа година. За разлика од песимистичките предвидувања на некои американски советници, Груевски не очекува „зголемување на национализмот“ на Балканот во случај перспективата на зачленување да остане далечна. Сите земји на Балканот, вели тој, имаат јасна позиција: да се приклучат кон НАТО и ЕУ. Токму тоа овозможува долгорочен мир.“ Единствено Србија ја искажа својата „неутралност“ во однос на Алијансата. Што се однесува до она мало забавување за новите зачленувања во ЕУ – enlargement fatigue на англиски јазик (н.з капацитет за проширување) – Груевски оценува дека тоа не е воопшто „ново“ – „Се надевам дека луѓето ќе се заморат од тој замор, вели со насмевка. Не гледам што би променило нашето зачленување во Европската унија. Тоа воопшто не би била голема промена. Нашата земја е како еден кварт од Париз.
http://forum.com.mk/#_tools/article/3019/view
 
Се надеваме, се надеваме. Ќе направиме, ќе правиме.

Ќе, ќе, ќе...

Пусти ние..
 
јас незнам кој му даде толку право на шипојте да ми мешат овде мо мојте права
абе заради овие неколку години ќе платите
и ќе ве кошта се од корен
:vozbud::pos2::pos2:
 
Македонија нема доволно сила да се соочи со ова сама, вели тој.
Не гледам што би променило нашето зачленување во Европската унија. Тоа воопшто не би била голема промена. Нашата земја е како еден кварт од Париз.

Јас сум мал, јас не можам сам, чичко ајде симни ме од дрвото.
 
Французите и во медиумите ја користат референцата...
За разлика од Германците на пример, а мислам дека и во англиските медиуми сме како Македонија..
 
Македонија нема доволно сила да се соочи со ова сама, вели тој. Еве зошто сме овде во Париз. Имаме потреба од поддршка, но ништо незаслужено“.

Што е со човекот? Саркози многу јасно до сега си го искажал ставот во релацијата Македонија-Грција! Уште појасно се изјаснил како традиционален пријател на Грција и грчкиот народ.

Што е поента на реченицата? Не знаат што зборуваат човече, дипломатско-ораторски вештини им се помножени со нула.

Поарно нека си седат дома вака контраефект ќе имаме...
 
Не би рекол. Ова се смета за обид. Ако не се обидеше, ќе му кажеа „Не ти помагаме, зашто не си се обидел.“ Вака ќе мораат да кажат „Не ти помагаме, зашто сакаме да има геноцид во ЕУ, кој го спроведува Грција“.
 
Дефинитивно треба да се интензивира организирање на меѓународни средби и јас комплетно се сложувам дека треба да се обидеме...

Малку ми „фали“ вештина во самото ораторство...
 
и франција имаше учество во поделбата на македонија....здравје кога ке се распадне НАТО ке се пријавам доброволец во германската војска.не ради шо ги мразам туку германците се вредни но нивната иновативност(втора светска војна) се должи на откривањето Т.Е разузнавањето на тајните дизајни на непријателите.
 
До сите скептици:во овие моменти треба да изиграваме ,,Богоројчички,,(Господе прости ми)

Да,во овие мигови е НАЈдобрата опција да изиграваш жртвено јагне,кое е малтретирано од лошиот волк.

Што мислите,како Албанците добија права во Македонија?А?

Затоа што пред светот изиграваа жртвени јагниња,кои ,,клетите Македонци ги малтретираат,, не им овозможуваат образование,ги дискриминираат итн.

Реално да погледнеме тоа е реалноста.Нека не се лутат Албанците што се тука на форумов,но да си ги покажеа забите пред светот и да викаа,,ние сме јаки можеме сами да се справиме со Македонците,, е тогаш ни САД ке ги помогнеше ни некој друг ќе ги поткрепеше.

П.С.Учете од нив.:wink: За арно за лошо се најдуваат.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom