Tribute to Marley на Школка - 11.05.2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Zoki Lou
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Веб-сајт
www.myspace.com
11 Мај – спој на младите, хуманоста и реге-музиката

2CDF3771615C874FB817F9A391DB5831.jpg
Голем реге-концерт ќе се одржи на 11. мај 2009. година во периодот од 11-23 часот во Градскиот парк - Школка, каде посетителите ќе бидат сведоци на создавањето на еден прекрасен спој помеѓу младите, хуманоста и музиката.

Со подршка на Црвен крст на Република Македонија, самите изведувачи кои го организираат овој настан на љубителите ќе им овозможат еднодневно реге-хуманитарно дружење.

Под слоганот One love (една љубов) традиционалниот Боб Марли - Ин мемориам добротворен концерт, кој се организира изминативе шест години во градскиот парк на оваа дата, и ова година ќе настапат DJ Charley, Luka, Irie Pirate, Irenska, Rasta Girl и Pedro, како и бендовите Lilit vs. Amon Mra, Canon и други.

И оваа година, манифестацијата е поддржана од Црвениот крст на Република Македонија и е дел од програмата за одбележување на Неделата на Црвен крст во склоп на Глобалната кампања на движењето Наш свет. Ваш Потег., која официјално стартува на 8. мај со одбележвање на трите најзначајни јубилеја на движењето.

Во склоп на активности во Градскиот парк ќе се одржи трибина на тема Улогата на младите во Црвениот Крст, со почеток од 11:30 часот, додека постојано за време на овој концерт ќе бидат поставени и информативни штандови, каде младите ќе имаат можност да се запознаат повеќе со профилот на организацијата, активностите, како и начинот на кој тие можат да станат дел од Црвениот крст.

Овој настан секоја година собира неколку илјади посетители и е најголемиот самит на реге и ска музичарите од Македонија. Секако, голема поддршка добивме од уметниците, кои на овој добротворен настан редовно настапуваат без никаков надомест.

По завршување на програмата во Градскиот парк, забавата продолжува во ноќниот клуб Кастро каде што влезот е бесплатен.
 
Секоја година одам во парк, ама оваа ќе продолжам и во Кастро на афтер, сигурно ќе биде весело, како што беше и за роденденот...:) Идемо рекордс
 
Идеме обавезнооо :smir:
 
ова се поштуе таму сум обавезно
 
Секоја година одам во парк, ама оваа ќе продолжам и во Кастро на афтер, сигурно ќе биде весело, како што беше и за роденденот...:) Идемо рекордс

Eве прилика да пивнеме по едно пивце на убава музика!
 
дали има година каде што не свират cannon / amon mra? :uvo:
 
дали има година каде што не свират cannon / amon mra? :uvo:
Криво ти е што нема панкеришта?! :)

Па да имаа некои спонзори па да донесеа реге бендови и од соседните држави :))

Јас за жал сум на курс во понеделник, така да, нема да можам да одам и ќе ми биде прво прескокнување после долги години.

п.с. ќе го сменам насловот на темата, се надевам нема никој да се лути :)
 
Ќе одам, ќе поснимам и со камера за тие што пропуштиле :)
 
После работа се паркирам у парк, пифце за живце....лезети :)
 
Точкест, ќе се видиме таму
icon_mrgreen.gif
 
До сега бев, после школо онака, се е топ само што времево е изгор!
 
до колку трае настанов вечер???
 
Јас само што се вратив од парк :)
Ептен беше убаво... баш се расположив :cheeky1:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom