Ќе добие ли Македонија визна либерализација до крајот на 2009?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе бидат ли укинати визите до крајот на 2009?

  • Да

    Гласови: 66 48,2%
  • Не

    Гласови: 71 51,8%

  • Вкупно гласачи
    137
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македонија без визи до крајот на 2009?

Европската комисија, на средината на мај најверојатно, ќе препорача укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора, до крајот на годината.

“Конечниот Извештај на Европската комисија ќе потврди дека Македонија е најнапредната во регионот“, изјави денеска за Макфакс вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски.

Тој додаде дека е “убеден“ оти македонските граѓани, до крајот на 2009 година, ќе може да патуваат во ЕУ без визи.

“Убеден сум дека 2009 ќе биде година кога ќе падне Шенгенскиот ѕид за македонските граѓани“, рече Боцевски.

Според извештаите, што ги пренесуваат денеска српските гласила, ЕК ќе и упати охрабрување на БиХ да продолжи со процесот, како и предупредување дека Комисијата мора да ги увери европските граѓани оти Унијата отвора врата за држава каде владеењето на правото е на врвот од приоритетите.

Извештајот ќе биде подготвен на 18 мај, и ќе ги содржи точките до кои секоја од државите стигнала во исполнување на условите за безбедност, борбата против организираниот криминал и корупцијата, контрола, лични документи, до податоци за тоа кој, кога и каде ја преминал државната граница.

Извештајот се поднесува по неколкуте средби на експертите на Европската комисија и преговарачките тимови од државите на регионот, како и врз основата на она што го забележале европските инспекции.

Јануарски протест на македонските студенти во Брисел

Извештајот, што ќе носи и препораки за укинување на визите, ќе биде тема на последниот министерски собир под чешко претседавање, на состанокот во јуни.

Визна либерализација за македонските студенти

Бордот на Европската студентска унија од 22 до 25 април во Брисел усвои Декларација за визна либерализација за македонските студенти, информира денеска на прес-конференција претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Самоил Малчевски.

Декларациајта, додаде тој, вчера била испратена до сите европратеници и од некои веќе добиле одговор за поддршката за визна либерализација за македонските студенти.

Малчески посочи дека во Декларацијата, Македонија е признаена под уставното име.

Покрај претседателот на СПУКМ во македонската делегација присуствувал и Александар Митевски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Извор: А1

Знам дека веќе имавме ваква тема , сепак ја отварам оваа тема како анкета затоа што навистина ме интересира вашето мислење, дали е реално до крајот на 2009 да добиеме визна либерализација или пак ќе ни плеснат некој бенчмарк или оправдување поради економската криза...
 
Ќе почне укинувањето со македонските студенти, ќе заврши со останатите македонски граѓани. :duel:
 
Која е тоа смислена машина за мелење на мислата и правење на киборг на кого единствена желба ќе му биде ЕУ.
Наместо правиот инстинкт да биде, дали ќе бидеме подобри луѓе, дали државата ќе ја направиме подобро место за живеење, дали нашето опшество ги напушта традиционалните високи морални и културни вредности на почитување на фамилијата, на верата, на традициите, на детето.
Секој ден имаме чедоморства, педофилија, промовирање на сексуални малцинства, компромиси со името, со сопствениот постанок.

Разбудете се !!!

Ние мора да излеземе од оваа шема, ние мораме да се вратиме на нашите вредности само така ќе останеме луѓе и само така ќе бидеме тоа што сме.
Овака, силувани во нашата мисла и душа ние сме бледа копија на киборгот ЕУ.

Не ми треба ЕУ не ми треба НАТО си го сакам моето источно царство.
 
Потполно се согласувам со тебе не ни треба ниту ЕУ ниту НАТО за да бидеме подобри ,поразвиени и успешни...
Мегутоа ДЕФАКТО ни треба ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА за осварување на овие цели , ни треба слобода на движење, слободна комуникација со светот...овде пред се мислам на СТУДЕНТИТЕ и БИЗНИСМЕНИТЕ на кои слободата на движење им е најпотребана...
Значи не ја споредувај Визната либерализација со ЕУ и НАТО, затоа што е нешто сосема друго...
 
или не или не, едно ќе да е
не ни треба нас визна либерализација
ни треба подобрување на економската состојба
таман работа да се отворат границите и од милион ипол народ шо сме да останеме една шака:nenene:
 
Токму поради подобрување на ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА ни треба визна либерализација...
Што се однесува до отварање на гранциите и заминување, мислам дека оние што сакаа веќе се заминати така да многу мал број ќе замине...
 
добро ке биде во поглед на пазарот на трудот...верувам дека ке се укинат па шо сме није 2 милиона само да не се изрезилиме ко бугарите:toe:
 
Визна ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА незначи РАБОТНА ВИЗА, да се разбереме...
А на ЦРНО работа се потешко...
Како и да е мене не ми пречи лигето да наогат работа во странство и да се намали невработеноста што по автоматизам ќе повлече и подобрување на катастрофалните услови кои моментално им се нудат на работниците...а се резултат на преплавеноста на пазарот на работна сила...

добро ке биде во поглед на пазарот на трудот...верувам дека ке се укинат па шо сме није 2 милиона само да не се изрезилиме ко бугарите:toe:

Што сакаш да кажеш со болдираното...
 
da ke bidat koa ke fatam jas 3 pati po red 2 u kec
 
Визна ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА незначи РАБОТНА ВИЗА, да се разбереме...
А на ЦРНО работа се потешко...
Како и да е мене не ми пречи лигето да наогат работа во странство и да се намали невработеноста што по автоматизам ќе повлече и подобрување на катастрофалните услови кои моментално им се нудат на работниците...а се резултат на преплавеноста на пазарот на работна сила...

Што сакаш да кажеш со болдираното...

па се иселија де...20 илјади и фазла тоа колку толку помогна на пазарот на трудот кај нас ке имат кар бизнисмени студенти...и тоа е добро...ама се се мислам дали ке почнае и кај нас таков тренд на масовно иселување односно барање работа или сепак и покрај немањето визен режим кризата ке предизвика да не флуктуира барем до толку што би се осетило...барем во економијата:toe:
 
скептичен сум дека ќе биде годинава ..
но ај да се надеваме ...:toe:
 
па се иселија де...20 илјади и фазла тоа колку толку помогна на пазарот на трудот кај нас ке имат кар бизнисмени студенти...и тоа е добро...ама се се мислам дали ке почнае и кај нас таков тренд на масовно иселување односно барање работа или сепак и покрај немањето визен режим кризата ке предизвика да не флуктуира барем до толку што би се осетило...барем во економијата:toe:

Моето мислење е дека тој што сакал веќе му ја киндал во странство...
Половина Струмица веќе е во ИТАЛИЈА...
Исто така ќе повторам Либерализацијата не значи и РАБОТНИ ВИЗИ...
Сепак можностите ќе се зголемат, а поголем избор е секогаш подобар за народот...ова ќе ги натера работодавачите да стават прст на глава во однос на условите кои им ги нудат на работниците...
 
не верувам дека туку така ќе се иселеле многу народ ...
затоа шо оној и кој е без работа неможе без пари да тргне по ЕУ да бара работа ...
а и како шо рече Култизин ... визна либерализација не значи и работна виза ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom