31 МАЈ Светски ден против пушењето

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Министерството за здравство денеска со маратон на Водно го одбележа светскиот ден против пушењето.

Учесниците апелираа до граѓаните да му се вратат на чистиот воздух и да ги остават цигарите. Македонија е втора земја по потрошувачката на тутун по глава на жител, пред нас во ова е само Полска.

Според последните истражувања Македонија е втора земја во Европа по потрошувчка на тутун. Во земјава пушат околу 700 илјади граѓани односно околу 35 отсто од вкупното население. Овие загрижувачки бројки ги пренесе денеска министерот за здравство Бујар Османи кој учествуваше на маратонот на Водно организиран по повод Светскиот ден против пушењето.

„Секој граѓанин во Македонија активно или пасивно во текот на годината внесува 5,5 килограми тутун. Дури 40 отсто од возрасното население пуши, како и 20 отсто од средношколците, сето ова не наведува да организираме вакви акции како и да преземаме други мерки од аспект на законот за забрана на пушењето“ изјави Османи.

„Јас како млад пушев но ги оставив цигарите и сега ми сметаат. Тутунот е најголемиот отров што го конзумираат луѓето. Инаку се занимавам со трчање на маратони, а цигарите со тоа се диаметрално различни работи“ рече Гиго Ивановски – учесник на маратонот.

Според Светската здравствена организација тутунот е една од главните причини за смртност во светот, се претпоставува дека половина од оние кои пушат може да починат од болест како последица на пушењето кое што се поврзува со 24 причини за смртност. Во светот како последица од пушењето секоја 9 секунда умира по еден човек, додека секоја година умираат 5,4 милиони луѓе.

Извор


Во светот има околу една милијарда пушачи. На половината од нив им се заканува смрт од разни болести предизвикани од хемикалиите во цигарите.

Според статистичките податоци во светот, секоја шеста секунда умира по еден човек од рак на белите дробови, на хранопроводникот, на црниот дроб, од кардиоваскуларни и срцеви болести предизвикани од пушењето.

Бројот на заболени од канцер секоја година се зголемува. Македонија е во ризичните земји. Според бројот на пушачи е на второто место во Европа, веднаш по Полска.

Македонците годишно пушат 11.000 тони цигари, или секој Македонец испушува повеќе од 5 килограми.

Деца од десетина години ја палат првата цигара, а дури 20 проценти од средношколците се пушачи.

Освен што пушењето е штетно за здравјето, влијае и врз економијата. За лекување на болните, Европа годишно троши 130 милијарди евра.


За Светскиот ден против пушењето Министерството организираше искачување до Средно Водно


„Ако овие проценти ги пренесеме во РМ, тоа значи дека се добива сума од 60 милиони годишно, што е за 20 милиони повеќе од сумата што ние ја користиме за да ги реконструираме сите болници“, рече Бујар Османи, министер за здравство.

За одбележување на Светскиот ден против пушењето, Министерството за здравство со неколку невладини организации организираше искачување до Средно Водно.

„Јас сум поранешен пушач, пушев 20 години, кога се оперирав од рак на дојка морав да ги оставам цигарите, ја згаснав мојата последна цигара, еве веќе 20 години не пушам“, рече Теута Крашница Чучкова, „Животна искра“.

„Во голем пораст се новозаболените и новооткриените заболени од рак на бели дробови и знаеме дека пушењето е причинител број 1“, вели Биба Додева, „Борка“.

На акцијата за здрав живот без цигари, се приклучија и граѓаните.

„Апсолутно ги поддржувам, само движењето во природа и слободното пешачење доведува до нормално здравје кај сите луѓе. Самиот факт знаејќи ги штетите кои ги носи пушењето, единствен напредок е да не се пуши“, рекоа граѓаните.

За половина час учесниците се искачија на Средно Водно.

„Градиве ми работат како вентилатор, така што енергија имам, не сум пушач од '70 година. Не е тешко, обично се качувам секоја недела“, велат присутните на акцијата.

Како мерка за намалување бројот на пушачи, надлежните предлагаат на кутиите за цигари да бидат отпечатени слики од оштетени делови од телото на луѓе кои пушеле. Кутии за цигари со вакви слики се продаваат во 23 земји во Европа.

http://time.mk/story_75a45e2af0_article_aed4c511f2.html
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Туу како се погоди ова да го прочитам баш кога запалив цигара :tv:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Туу како се погоди ова да го прочитам баш кога запалив цигара :tv:
Ќе биде уште подобро ако истата ја изгаснеш и така ќе дадеш еден мал придонес кон одбележување на денешниот ден. :smir:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Ќе биде уште подобро ако истата ја изгаснеш и така ќе дадеш еден мал придонес кон одбележување на денешниот ден. :smir:

Сега, имам уште два дима :pos2:


Шала на страна, кој не пуши ич нека не почиња. :smir:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
НЕ ПУШЕТЕ,ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА УМРЕТЕ ЗДРАВИ!:smir:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Еве во знак на денот против пушењето, ќе опнам само 1 кутија, не повеќе. Ветувам...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Сега, имам уште два дима :pos2:


Шала на страна, кој не пуши ич нека не почиња. :smir:
Штета, мислев дека сепак ќе дадеш мал допринос кон овој ден.:toe:

Како ќе ги убедиш другите со твојот апел кога ти продолжуваш и понатаму да пушиш. Нели треба апелот да биде поткрепен со сопствен пример:) Ете како на пример јас, пушев и тоа многу, но сега не можам да ги смислам цигарите и сум поборник против пушењето, за кое и самиот знаеш колку е „добро“.:toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Јас сум против пушењето цигари и мислам дека луѓето треба малку да размислат зашто го прават тоа. Дали имаат некоја цел со тоа и дали се свесни што им се случува. Знам дека кај некого е завист и дека некои не можат да престанат ама сепак мислам дека мора да бидат свесни дека кога е нешто лошо треба да се борат тоа да се оттргне.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Значи не сакаш да умреш здрав?
Смртта е составен дел од животот, барем така викаат...

Дедо ми цепеше 2 кутии Филтер Југославија и умре на 86 години. Се надевам дека ќе го стигнам.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Јако беше пред некоја недела на работа, колешката голем антипушач не гледа мене и колегата како со кафињата у рука излагаме на утринска гимнастика кафе цигара и ни вика, со секоја цигара си го намалувате животот за 7 минути, а ја и викам ( претходно прочитав у новини) оптимистите живеат 10 години подолго ( знаејќи дека колешката ми е тежок песимиста ):tv:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Не пиј,не пуши,не кради,не лажи,не плукај,не уринирај,не гледај по туѓи жени,абе ептен како да забегавме ебаго,затоа се јавуваат повеќе други девијантни појави одколку порано.:toe:
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Министерството за здравство денеска со маратон на Водно го одбележа светскиот ден против пушењето.
Против какво пушење? Пошто.. мислам.. Водно.. знаеш... .:pos:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Јако беше пред некоја недела на работа, колешката голем антипушач не гледа мене и колегата како со кафињата у рука излагаме на утринска гимнастика кафе цигара и ни вика, со секоја цигара си го намалувате животот за 7 минути, а ја и викам ( претходно прочитав у новини) оптимистите живеат 10 години подолго ( знаејќи дека колешката ми е тежок песимиста ):tv:
Ај сега немој на темава да ми делуваш деструктивно :). Овде ќе зборуваме за пушењето како закана за здравјето, а не за гимнастика :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom