Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А кај несмее да се праи скара?
Иначе секад се договараме со другарите кој да собере ѓубре
А чадот од скарата у вреќа го збираш? Со чадот шо праиме...Секогаш сум собирал ѓубре зад мене на вакви работи. Навика ми е. Па зашто да не и сега....
абе за ѓубре мање више ај ке собереш.. ама шо несмееш скара да праиш... мислам дека околу 300 евра е казна за тоа.. јебеш га
Ако има полиција(што не верувам) у близина ќе чистам, ама ако нема зошто да чистам? Едноставно си оставам така, ни ме видел некој ни ништо.![]()
Ќе бидам во вила па така да... Патем речено може ли во вилата да ми пишат казна?
Се ближи Први Мај-традиционалниот празник кој се прославува во природа. Знаеме и дека на тој празник за време на прославата се јаде и пие. А знаеме и дека по завршувањето на прославата зад себе оставаме еден куп ѓубре расфрлано на секаде и така излетничките места ги претвораме во депонии, за кои можеме слободно да кажеме дека всушност со текот на годините излетничките места се вистински депонии на кои ние излегуваме за Први Мај.
Би сакал да поставам прашања:
Дали оваа година кај вас ќе преовладува стравот од новиот закон со кој фрлањето на отпадоци се казнува со 50 евра или нема да ви биде страв и неодговорно ќе се однесувате?
Дали вие и до сега одговорно се однесувате и отпадокот го собирате и го фрлате во канти или ако нема канти го собирате и го носите дома?
Дали некому ќе делувате превентивно до колку видите дека тој се однесува неодговорно, фрлајќи отпад?
Јас никогаш не сум се однесувал неодговорно и секогаш отпадокот, кој јас и друштвото со кое сум на излет сме го правеле, сме го собирале и сме го враќале дома, така што местото каде што сме биле на излет сме го оставале и го оставаме чисто. Се случувало да собереме и дел од отпадокот и на други кои го оставиле зад себе.
Какви сте вие?
Oбично сум најнеодговорниот од друштво, што знам дека имам другари со повеќе свест и морал во нив отколку мене, па не му ја мислам. Вглавно славиме во вили но и таму крајниот ден/час се прави генералка, сите ѓубриња во кесе и барем настрана ќе ги ставиме ако во случај не ги понесеме со нас.
Го гледаш како фрла, па у меѓувреме делуваш.. превентивно?:nesum:
Превентивно има друга смисла за мене.
Заради опасност од пожар најверојатно.