Ќе ризикувате ли 50 евра за први мај?

Статус
Затворена за нови мислења.

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Се ближи Први Мај-традиционалниот празник кој се прославува во природа. Знаеме и дека на тој празник за време на прославата се јаде и пие. А знаеме и дека по завршувањето на прославата зад себе оставаме еден куп ѓубре расфрлано на секаде и така излетничките места ги претвораме во депонии, за кои можеме слободно да кажеме дека всушност со текот на годините излетничките места се вистински депонии на кои ние излегуваме за Први Мај.

Би сакал да поставам прашања:
Дали оваа година кај вас ќе преовладува стравот од новиот закон со кој фрлањето на отпадоци се казнува со 50 евра или нема да ви биде страв и неодговорно ќе се однесувате?
Дали вие и до сега одговорно се однесувате и отпадокот го собирате и го фрлате во канти или ако нема канти го собирате и го носите дома?
Дали некому ќе делувате превентивно до колку видите дека тој се однесува неодговорно, фрлајќи отпад?

Јас никогаш не сум се однесувал неодговорно и секогаш отпадокот, кој јас и друштвото со кое сум на излет сме го правеле, сме го собирале и сме го враќале дома, така што местото каде што сме биле на излет сме го оставале и го оставаме чисто. Се случувало да собереме и дел од отпадокот и на други кои го оставиле зад себе.

Какви сте вие?
 
Не ми треба казната, јас и без тоа знам дека не треба да фрлам отпадоци кај ќе ми текне и секогаш си собирам после мене!
 
Секогаш сум собирал ѓубре зад мене на вакви работи. Навика ми е. Па зашто да не и сега....
 
Кога и да сум одел на скари и излети прв сум бегал напред за да не ме гњават со раскревање. Така да никогаш ништо не сум ризикувал, оваа година сум во двор ептен иначе пак би “ризикувал’’. :)
 
Кога и да сум одел на скари и излети прв сум бегал напред за да не ме гњават со раскревање. Така да никогаш ништо не сум ризикувал, оваа година сум во двор ептен иначе пак би “ризикувал’’. :)

Има една поговорка „Јал па бегал“ :)
А дворот кој ти го чисти и од него ли бегаш :)
 
А дворот кој ти го чисти и од него ли бегаш :)

Maрко да не идеме толку офтопик, само да ти кажам дека за забушавање и избегавање одговорности сум Декан!!!.

ај малце он да не иде фира ова.
Патрола една на Водно за циганите обавезно и една на Матка исто пошто и таму гнасен народ кампува. : )
 
Го збираме отпадокот настрана, не мора да е канта или било што на некое друго место и потоа го фрлиме кога. А понекогаш не се замараме со отпадокот. Сега од форумџиите 90% се прават културни демек го носиле дома и го фрлиле у канта бла бла бла, а уствари 99% сите не се замарат со тоа, многу ретки се тие.
 
Никогаш не сум имала образ да оставам зад себе траги од се` што сум јадела и пиела.
Оваа година баш поради “депонија“ моментот што следува, не одам нити на Водно, нити во Градскиот Парк, пошто ми се бљува од хаосот наоколу.

И да, чим со обезбедување можев да се расправам поради недостигот на елементарна култура, радо би исплукала некој што без око да му трепне ќе се направи паметен и ќе го фрли ѓубрето на земја.:toe:
 
Многу ми смета кога ќе видам расфрлено ѓубре било каде, а посебно на некоја прекрасна лединка и на имам обичај секогаш да го збирам моето и она околу мене. Навистина глупаво делува да не си го собериш отпадокот што си го оставил зад себе (некои мислат дека со тоа ќе се направат "фраери" демек кој сум јас сега да изигравам чистач, а уствари делуваат многу stupid барем во моите очи).
А во однос на тоа дали казната ќе делува во свеста на луѓето, не знам, се надевам дека можеби ќе се подзамислат, но тоа повеќе доколку има луѓе на терен да го контролираат тоа.
 
Дали мислиш дека оваа година заради законот ситуацијава ќе се подобри со „депониите“ и дали веруваш дека ќе има контроли на терен?

Малограѓанскиот начин на размислување ги тера на таква мисла. Неразбирливо ми е кога истите тие нема да си го соберат отпадокот, а наредната година повторно кога ќе дојдат на истото место и кога ќе го видат извалкано пак заради малограѓанскиот начин на размислување самите себе ќе се псујат упатувајќи ги псовките на луѓето кои го оставиле ѓубрето. Парадоксално, но во повеќе случаи вистинито.
 
Дали мислиш дека оваа година заради законот ситуацијава ќе се подобри со „депониите“ и дали веруваш дека ќе има контроли на терен?

И да има контроли, многу кратко време ќе издржат расправајќи се со несовесните граѓани.
А дали ќе се подобри... не знам. Ќе видиме колку им проработела свеста на луѓево.:smir:
 
абе за ѓубре мање више ај ке собереш.. ама шо несмееш скара да праиш... мислам дека околу 300 евра е казна за тоа.. јебеш га
 
јас имам принципи и не фрлам ѓубре:toe:

а за мај никако.
 
Ако има полиција(што не верувам) у близина ќе чистам, ама ако нема зошто да чистам? Едноставно си оставам така, ни ме видел некој ни ништо. :)
 
абе за ѓубре мање више ај ке собереш.. ама шо несмееш скара да праиш... мислам дека околу 300 евра е казна за тоа.. јебеш га

А кај несмее да се праи скара?

Иначе секад се договараме со другарите кој да собере ѓубре
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom