Ти губиш!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Често пати во филмовите, па и во реалноста, се употребува оваа реченица.
Ако не сака, тој/таа губи; Ако не сакаш, твоја загуба; и слично.

Што мислите, што е целта на овој израз? Самоутеха или обид да се докаже на другата страна што губи?

Или сепак станува збор за преценување?

Вие? Дали сте го употребиле? Сте го мислеле тоа или тоа било само од бес?
 
На почетокот тоа е самоутеха. Ако тој не ја возвраќа твојата љубов изразов - Ти губиш можеби на некој начин ќе те направи за момент да се утешиш себе си, да почувствуваш дека заслужуваш некој подобар и дека попусто си го губела времето со него. Потоа тоа прераснува во обид за преценување дека се ставаш на погорно скалило од него, си додаваш поголема "вредност", тој веќе не го заслужува твоето внимание како порано и веруваш дека можеш да си најдеш некој подобар. И не мора да значи ова преценување, можеби навистина е така, си сфатила дека претходно си била "слепа" и не си забележала дека така ќе се развиваат работите.
А тоа- со оваа реченица да се докаже на другата страна дека губи, не би рекла. Не можеш ништо да докажеш на сила, а најмалку да убедиш некој да те сака.

Што се донесува до мене, овој збор не сум го употребила гласно, можеби сум го помислила, првично како утеха, но подоцна сум се уверила дека така било најдобро.
 
Ништо мене не ми значи клише во холивудските филмови :toe:.
 
Се губи. После секое раскинување на врска и машкото и женското губи нешто што нема да го имаат со никој друг, бидејки не се сите исти:smir:
 
Не сум го употребила. Најчесто мислам дека тоа е еден вид утеха,се зависи од ситуацијата и во кој контекст е кажано тоа.
Ако пак е ситуацијата на пример машкото да и раскини на девојката, а таа да не го сака... тогаш тоа ќе го рече ко од онака, ко санкир галје и е..
Но,ако го сака... тогаш тие шо ќе ја тешат ќе и го речат тоа... :)
...освен ако тој/таа е премногу кренат/а и глуми недостижен/а и мисли дека тој не е во никаква загуба, ќе си најде друг/а.
 
Често пати во филмовите, па и во реалноста, се употребува оваа реченица.
Ако не сака, тој/таа губи; Ако не сакаш, твоја загуба; и слично.
Ах, колку само ја замислувам сцената во глава:pipi:

Што мислите, што е целта на овој израз? Самоутеха или обид да се докаже на другата страна што губи?
Хммм... Интересно прашање на кое може да се даде одговор, дека во зависност од ситуација, во зависност од личност може да се мисли и на едното и на другото. Сепак, лично сметам дека овој израз е само показател на тоа дека себеси се тешиме правејќи се пред оној на кој му го кажуваме тоа, малку посупериорни и поиздржливи.

Или сепак станува збор за преценување?
Па и не е баш некое преценување. Повеќе е како почитување на она што сме. Секогаш себеси ќе се сметаме како премија за оној кој во однос на нас губи. Тоа си е егото, не е личен избор:smir:

Вие? Дали сте го употребиле? Сте го мислеле тоа или тоа било само од бес?
За чудо, не сум го употребил до сега. Не знам зошто, но знам дека некогаш сигурно ќе го кажам. Онака, чувствувам дека тоа е дел од мене, и од сите други, и дека кога-тогаш е си исплива само на површина.
 
Сум го рекла ова само во една ситуација. Во случајот типот изгуби нешто што други го бараа. Изгуби девојка која беше спремна да го сака, што го разбираше и што секогаш мислеше како да го направи среќен само заради ситна глупост. Само во ваков случај ми е оправдана фразава.
Да се изгуби само може ако некогаш си сакал па за нешто малку си се откажал. Неможе да изгубиш нешто што не си го ни имал.
Инаку не сметам дека е преценување, ова е само желба да се докаже дека некогаш другиот ќе се сети дека ја изгубил личноста што можела да му биде се во животот, ништо повеќе.
 
Често пати во филмовите, па и во реалноста, се употребува оваа реченица.
Ако не сака, тој/таа губи; Ако не сакаш, твоја загуба; и слично.

Што мислите, што е целта на овој израз? Самоутеха или обид да се докаже на другата страна што губи?

Или сепак станува збор за преценување?

самоутеха .... има извесна доза на самоутеха, уствари се е во зависност кој го кажал секој има различна намера. лично за мене на пример, можда би го рекол со извесна доза на самоутеха, ама кога би рекол твоја загуба значи стварно би го мислел то, е сеа ако не сфати не сфати јебига можи по некое време ќе му текни. а да речам такво со цел да се преценам нема теоретски шанси не сум таков чоек, а има такви милион шо то го викат само за да се преценат :toe:

Вие? Дали сте го употребиле? Сте го мислеле тоа или тоа било само од бес?

досега како израз не сум го употребил али ми се мотал некое време низ мисли
 
Не.
Не верувам во тоа дека ги цениме работите тогаш кога ќе ги изгубиме и сериозно не верувам дека има некој што несвесно остава и не знае што „губи“.
Ако оставаш некој тогаш многу добро знаеш кои работи наводно не ти се повеќе достапни, едноставно повеќе не сакаш ни да ти бидат.
 
Па мислам дека е правење важен пред другите дека воопшто не ти е грижа за неа, освен ако навистина не ти е. Инаку го имам кажано ова еднаш-двапати и тоа онака кога сум сфатил дека таа навистина губи а јас сум можел само да добијам.
 
Што мислите, што е целта на овој израз? Самоутеха или обид да се докаже на другата страна што губи?
Муабетот со губењето си е субјективен. И излишен. Тоа е само обид демек да се отворат нечии очи, последен обид да се задржи некој. Сигурно нема со тоа да премислиш некој кој одлучил да не биде веќе со тебе, веројатно се појавува потреба да се каже нешто со кое барем малку би се чувствувал подобро. Ако некој смета дека не треба да те изгуби, сигурно нема да раскинува за ти да му кажуваш што губи.
Изразов е сличен на: „Не оставај ме, никој нема да те сака колку што те сакам јас“
 
Па ако некоја ми се пушта и ја ја одбијам незнам кој губи, мислам дека е многу јасно дека таа што ке го каже тоа сака да ми биде криво
 
Ако некој ми удри корпа или ми раскине, нема да помислам дека он губи, напротив јас губам, бидејќи сум сакала нешто или ми се допаѓал типот а тој сепак решил дека јас не сум за него поради било кои причини. Никогаш го немам употребено тој израз, затоа што не сакам лажна самоутеха, кога знам дека не е он тој што губи. Ако тој сметал дека ќе изгуби нешто вредно ако ме одбие/ раскине, тогаш немал ни да го направи тоа.
 
Тоа е многу субјективна работа, не се знае кој губи бидејќи можеби во моментот картите така се наместиле така да се изразам за да ти си мислиш дека ти губиш, ама тоа не е гаранција дека и тој нема да сипомисли дека тој губи, или можеби ти знаеш дека тој губи, бидејќи си се претставиула во погрешно светло и слично и себеси си се претставила како да си "нерешлив проблем" но секакко тоа не значи дека ти губиш:smir:иако тој помислил дека тој добива, во моментот ти си мислиш дека губиш ама можеби во иднината ќе си речеш дека подобро било што станало така бидејќи ќе се докаже спротивното дека тој изгубил што те пропуштил, се е во начинот на перцепција и начинот на претставување на себеси во дадениот момент затоа не треба да се избрзува со заклучоците или да се претерува во претставувањето на себеси на одреден начин и не само на себеси можеби и на одредена ситуација бидејќи многу фактори придонесуваат во какво светло човек ќе се претстави ако е по природа песимист ќе преувеличува во негативно светло ако е оптимист во позитивно, а секогаш постои она panta rei:smir: се тече се се менува ништо не може да остане или да биде како порано луѓето се менуваат и физички и психички.
 
Просто и едноставно, тоа е само утеха.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom