Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Play station?
Ми треба за внук ми,а не се разбирам ама ич од тие работи.1,2,3 што се разликуваат?Колку е цената на тоа чудо,што ако земеш на старо,има ли некој да продава?
Повеќе инфо :)
Play station?
Ми треба за внук ми,а не се разбирам ама ич од тие работи.1,2,3 што се разликуваат?Колку е цената на тоа чудо,што ако земеш на старо,има ли некој да продава?
Повеќе инфо :)
play station е конзола за играње игри (барем беше само тоа, сеа имаат толку многу опции)
е сеа, шо се разликите у кец/два и три
рачунај ко пенитум кец/два и три :) пентиум кец имал грда графичка околина со грди игри, двојката појак, тројката уште појак :) исто и кај сонито само со подрастични разлики

да му земеш play station кец, нема смисла :) 1994та е излезен и е веќе “нинтендо“
play statiоn двојчето се трпи, мада нема да може да ги игра најноите игри што се за тројката
тројката, ги игра игрите од кецот двојката и наравно неговите, користи блу реј цедиња бла бла, незнам дали те занима нешо вакво :)

кај да се набави? Германос знам дека имаат....и глеј да го чипуваш или да биде чипувано т.е. тоа значи да се угради еден чип кој ќе овозможи сонито да чита и пиратски игри (верувам нејкеш да плаќаш по 1000че за оригинал кога ќе бара внук ти :))...

сума сумаре - 2ка е солидно - германост - чипувано
за понатака моеш и уше еден џојстик да му земеш :)
 
Во трговскиот Буњаковец и на втори спрат во ГТЦ карши кафе Журнал има продавница Фан ди Каро и има перики.
Пред многу години мајка ми нешто пробуваше од таму гардароба и јас ги испробав сите перики :pos:

А може и да се праша низ подобрите фризерници во градов, сигурно ќе те упатат кај може да купиш. Дури има шанса некои од нив да нарачуваат перики.
А во Буњаковац каде?
 
Побара некој бакља претходна страна,и ја исто,каде има?
 
Побара некој бакља претходна страна,и ја исто,каде има?

У Солун на пристаниште.
Кај нас у Мирновец ако начекаш, мада ја препорачувам строб : )
 
img-thing.jpg


каде можам да најдам ваква сукњичка?
 
Каде можам да нарачам да ми направат дрес со мое име/презиме????
 
каде можам да најдам тркалезни наочари за сонце (ленонки).
како на Џон Ленон?
 
Каде можам да нарачам да ми направат дрес со мое име/презиме????
Од официјалната на тимот имаш, кај нас ќе мораш да си купиш оригинал без име и да идеш негде каде што принтаат текст или слики.

каде можам да најдам тркалезни наочари за сонце (ленонки).
како на Џон Ленон?

Незнам дали се баш ленонки, али има у Ботони во ГТЦ на приземје.
 
Од официјалната на тимот имаш, кај нас ќе мораш да си купиш оригинал без име и да идеш негде каде што принтаат текст или слики.


Е па тоа сакав да прашам дали треба да си купам оргинал дрес (или било каков) без име и каде да го однесам дресот да ми го испринтаат презимето?????

Каде има такви места каде што на маици или дресови принтаат слики или текст?Во Скопје само кај има такви места??
 
Каде можам да најдам карирано капче?
Успут фрлете слика од тие маиците на батерии што се вртат по журови?:toe:
 
кај има овакви како на сликава за маскенбал ми требаат


44066337_2.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom