Ден #4... a song that makes you sad
Инспирацијата за оваа песна е црпена од книгата на Johnny got his gun од Далтон Трамбо (има и филм по книгата, мислам режиран токму од Трамбо) каде младиот впјник Џо го погодува граната и ги губи двете раце, двете нозе, очите, слухот и способноста за говор.
Единствениот начин на комуникација му е преку морзеовата азбука (рипа со телото горе-долу) каде одново и одново и испраќа една иста порака на сестрата која го лекува.
Многу убаво го доловува хоророт на војната.
Интересна е и животната приказна за Трамбо, бил на Црната листа на Холивуд, затоа што бил (наводен) симпатизер на комунизмот, за што и бил во затвор. И за него има филм (Trumbo) во главна улога Брајан Кранстон. И тој филм може да си го изгледате.
Не е прв пат Металика да црпи инспирација од некоја книга, како на пример From whom the bells tolls (За кого бијат камбаните) од Хемингвеј, The thing that should not be и The call od Кtulu од Ловкафт.
Иако омилена ми е Fade to Black, таа е длабока и депресивна, оваа повеќе ги буди тажните емоции во мене.