Partizanen banditen
Психијатриски случај
- Член од
- 24 август 2016
- Мислења
- 6.190
- Поени од реакции
- 19.096
Мене ми е чудно што и другите силни екипи од минатото не се реактивираат. Милано и Башкими веќе неколку сезони се без никакви амбиции во четвртата лига. Куманово мислам дека играше лани во некоја од лигите. Знам дека тука има и паралелни лиги, лига поддржана од ФФМ и лига која не беше поддржана од ФФМ.
паралелна имаше пред години, нема сега. а Куманово играше последен пат 2006/17 во четвртата лига. заврши претпоследен ама мислам дека при крај се откажа. наредната сезона не играше ни во петта, а ни оваа сезона не игра никаде.
Ај ке те замарам малку со историјатот. Раскол имаше како што кажа Хари многу одамна пред 5-6 години. Се сеќавам тогаш уште играв во еден тим и си формираа свои лиги и свои судии некои тимови, сакаа да го сменат тогашното раководство. За Башкими и Милано знаеме се растурија кога го уапсија Бајруш. На Башкими некои навивачи сакаа веднаш да го реактивираат тимот, но тој се угаси и формираа нов. За Милано знам дека има добри младински категории. За Куманово имам муабет од близок негов човек дека Циц бил спремен да вложи околу пола милион евра (што од спонзори, што од буџетот на општината), арно ама скокнаа главешините во ФК Куманово (каде што немаат ни 1% право на сопственост или било што) потплатени од опозицијата да го избушат овој проект. Наводно сакале и тие да учествуваат во управа, т. е. да лапаат пари, ама овој ги одјебал и пропадна проектот. Штета за најголемата општина што нема фудбалски клуб. Затоа и ме погаѓаат приказни зошто навиваме за Партизан, звезда, странски клубови...И да стадионите ги претворија во руини бидејќи се дадени на разноразни газди. Единствен добар во околината на градот е оној на Студена Вода и Јуниор. Секоја чест на сопственикот и искрено му посакувам да влезе во повисок ранг. Се извинувам на долгиов пост. Спортски поздрав[DOUBLEPOST=1545605939][/DOUBLEPOST]Инаку клубот го водеше најодвратната личност во спортскиот живот што постои...затоа и му се случи да се угаси. Се надевам дека говедово од градоначалникот ке проба да го заживее пак или некој спортски вљубеник...
Последно уредено: