Многу точно во врска со основни продукти, ама сега актуелно е да се храниш "здраво", а искрено не знам колку има здрави и органски работи на планетава а не па за јадење. Не сфаќам кога ќе ми каже некој, здраво се исхранувам и од сабајле внесува 10 апчиња со витамини (50%хемија 50%природно), патем тие апчиња вредат плус минус 30-50 евра месечно. Органски производи х10 во цена од "неоргански" производи.
За перењето на коли, пералниве не се само перачи на коли, туку и финансии... 150 денари САМ да ја испереш. Само го разбирам и народов со јавниот превоз што е катастрофален а мора да стигне до работа таа индивидуа, јебига. А конкретно коливе што ги возиме се канта од Германија/Италија/Белгија итн. а и на тоа профитираат со по 2000евра од кола (ова веќе не влага во Стандардот што го збориме) ама си повлекуваат сервиси скапи од по 500-1000 евра - финансии. Кафани... ракија 80-100 денари? Пиво 150 денари? Шопска салата 200-250 денари? Па кило месо е 300-400 денари, а не зеленчук. Пак, не е мое да кажувам цени, се дур има народ ќе одат цените плафон, а кафаната не влага во стандард.
Ја сум секогаш за тоа дека ТРЕБА да и се проживее (секој различна цел во животот)- прошетка/деца да се израснат како што треба/да вози не постара кола од 10-15години итн. Ама за жал не не налага таква прилика.
И секогаш ќе стојам зад тоа дека ако некој сака да направи пари/инвестира може да го направи тоа. Ако е во толку гомна влезен од Х причини, постојат 2 работи дур да искочи од тоа срање и да си продужи со животот. Во Германија може да работи по 10-12 саати на ден, ама у Македонија скуп му е животот...
Епа тоа е тоа, што се може и што треба се две различни работи. Не се согласувам дека човек треба да работи и да е куча-посао. Ко што кажав, за мене кафана/кафич/ресторан еднаш на две недели не е лукс, тоа е мелем за душа, социјализација. Одмор од 12 дена не е лукс, тоа е потреба, да се одмориш од сите срања, ама тука не зборам патлиџан туризам, кајшто жената заглавена у кујна, туку да се иде по ресторани ово оно, баш релакс. Иначе за преживување, ако човек има решено станбено прашање, може на јајца и виршли (лупам) да тера цел месец, од глад никој не умрел.
А тоа дека ние сме назад со стандардот па тие работи ни се лукс и малку гледаме со криво око на секој што сака/може да живее на едно нормално ниво си е наша вина, земја со толку малку жители, плодна почва, сонце, ветер, вода и без постојани елементарни непогоди треба да живее солидно, ама шака криминалци у влада држат у заложништво куп народ, тоа е.
А што вика
@FrozeN666 (тагирам само затоа што те спомињам, по бон-тон, не мора да одговараш), дека се жалат луѓе у кафана, ми текна на ситуација у Прага, град на светот, па муабет праев со еден Норвежанец и еден млад брачен пар од Тексас, и верујте они се жалеа. Епа ако имаат они право на тој стандард, имаме и ние право со нашиот убиен стандард.
А дека е подобро од порано у МК, подобро е, ама фактот е, ко за европска држава, немаше накаде да е полошо. Уште да немаше достап до чиста вода тогаш и ќе бевме асли афричка држава.