Вардар Неготино го доби дербито со Превалец со 3-1 на свој терен.
Затоа во моментов сите три екипи имаат еднаков скор, со тоа што Победа веќе победи во Неготино со убедливи 0-4, Вардарци се вратија во игра по победата во денешното дерби, додека Превалец перфектниот скор до ова коло го наруши на првиот дерби меч сезонава.
Победа изненадувачки загуби кај Дојранско езеро минатото коло, ама сепак мислам дека на крај ќе бидат први.
Во наредното коло играат Превалец-Победа, ќе видиме кој ќе биде прв после наредното коло
На западот мртва битка меѓу Зајас и Камењане. Имаат по 22 бода од 9 меча, со тоа што Камењане го доби меѓусебниот дуел на домашен терен, што значи наредниот дуел се игра во Зајас и они се во предност. Камењане загуби кај Градец и изигра нерешено со Шемшово, ми личи дека Зајас има повеќе пари за фрлање.
Три екипи водат битка за првото место на истокот.
Беласица има 24 бода, пред Плачковица со 22 и Напредок З.Радово кој има 21 бод.
Ова коло беше колото во кое се сретнаа можеби двете најаки екипи Беласица и Плачковица, а дуелот во Струмица заврши со 0-0. Беласица играше дома и со Напредок, тоа значи во пролет ќе треба да гостуваат и кај двете екипи. Минатото коло Беласица изигра 1-1 и кај Осогово.
Ќе биде неизвесно до крај во лигава.
Позитивно е и што екипи како Овче Поле и Саса котираат високо на 4 и 5 место
На северот според панираното Љубанци си гази кон втората лига, славејќи над Славија со 3-2. Маџари е на второто место со доста солидни резултати за прилично младиот тим. Нема да има никаква неизвесност во лигава, се знае кој ќе биде прв.
На југозападот ќе имаме битка меѓу Преспа и Кораб. Преспа го доби дербито против Караорман со 1-0, додека Кораб го совлада Кравари со 3-0. Преспа има 3 бода предност пред Кораб, а и меѓусебниот дуел со Кораб во Дебар веќе го изиграа, така да во пролет играат на својот стадион. Притоа во последното есенско коло, Кораб има тешко гостување кај Вулкан, додека Преспа игра кај Лабуништа, па се очекува Преспа да отиде со поголема предност пред Кораб на зимската пауза.