Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.925
- Поени од реакции
- 60.680

Потекло: Загреб, Хрватска
Жанр: Рок, поп, класична музика
Членови: Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер
Инструменти: Виолончело
Активен период: 2011 - денес
Продуцентски куќи: Sony Masterworks
2Cellos е хрватско инструментално дуо составено од виолочнелистите Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер.
Тие се познаваат уште од тинејџерските денови и заедно биле дел од Музичката академија во Загреб. Лука Шулиќ подоцна школувањето го продолжил во Лондон во "Royal Academy of Music", а Стјепан Хаусер во Манчестер во "Royal Northern College of Music". После долгогодишно свирење на класична музика на виолончело, тие одлучиле да направат обработка на "Smooth Criminal" од Мајкл Џексон. Преработката во почетокот на 2011 година станала голем хит на Јутјуб и само за 2 седмици собрала повеќе од 3 милиони прегледи. Бидејќи имале желба да направат нешто нови и оригинално во музиката, што не би го постигнале со свирење само на класична музика, се одлучиле за преработка на поп/рок песни.
Повремен член на бендот е и тапанарот Душан Крањиц.
Под продуцентската куќа "Sony Masterworks" го издаваат својот прв албум на 10ти јуни 2011 година под наслов "2Cellos". На албумот се нашле обработки на песни од познатите бендови "U2", "Guns N' Roses", "Nine Inch Nails", "Coldplay", "Nirvana", "Sting" и други. Овој албум им донел неколку награди, а на US Billboard Top Classical Albums го завзема првото место.
Истата година настапувале и на музичкиот фестивал iTunes во Лондон. Од летото 2011 учестувуваат на повеќе турнеи насекаде низ светот со популарниот англиски пејач Елтон Џон, по негово лично барање.
Наредната година го издаваат и својот втор албум под наслов "In2ition". Исто така и овој албум бил наградуван и завземал високи позиции на топ листите.
Третиот нивни албум е издаден јануари 2015 година под насловот "Celloverse" повторно под продуцентската куќа "Sony Masterworks".