2Cellos

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.925
Поени од реакции
60.680
2CELLOS-e1404204873322.jpg

Потекло:
Загреб, Хрватска
Жанр: Рок, поп, класична музика
Членови: Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер
Инструменти: Виолончело
Активен период: 2011 - денес
Продуцентски куќи: Sony Masterworks

2Cellos е хрватско инструментално дуо составено од виолочнелистите Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер.
Тие се познаваат уште од тинејџерските денови и заедно биле дел од Музичката академија во Загреб. Лука Шулиќ подоцна школувањето го продолжил во Лондон во "Royal Academy of Music", а Стјепан Хаусер во Манчестер во "Royal Northern College of Music". После долгогодишно свирење на класична музика на виолончело, тие одлучиле да направат обработка на "Smooth Criminal" од Мајкл Џексон. Преработката во почетокот на 2011 година станала голем хит на Јутјуб и само за 2 седмици собрала повеќе од 3 милиони прегледи. Бидејќи имале желба да направат нешто нови и оригинално во музиката, што не би го постигнале со свирење само на класична музика, се одлучиле за преработка на поп/рок песни.
Повремен член на бендот е и тапанарот Душан Крањиц.


Под продуцентската куќа "Sony Masterworks" го издаваат својот прв албум на 10ти јуни 2011 година под наслов "2Cellos". На албумот се нашле обработки на песни од познатите бендови "U2", "Guns N' Roses", "Nine Inch Nails", "Coldplay", "Nirvana", "Sting" и други. Овој албум им донел неколку награди, а на US Billboard Top Classical Albums го завзема првото место.
Истата година настапувале и на музичкиот фестивал iTunes во Лондон. Од летото 2011 учестувуваат на повеќе турнеи насекаде низ светот со популарниот англиски пејач Елтон Џон, по негово лично барање.
Наредната година го издаваат и својот втор албум под наслов "In2ition". Исто така и овој албум бил наградуван и завземал високи позиции на топ листите.
Третиот нивни албум е издаден јануари 2015 година под насловот "Celloverse" повторно под продуцентската куќа "Sony Masterworks".
 
За техниката не спорам дека се добри, добри си се и добро се усогласени. Ама дека се кубат коси за безвезе по нив и тоа како. Уште не сфаќам што е толку специјално ако некој преработил песна на не-толку популарен инструмент во време кога гитари и клавијатури владеат.
 
За техниката не спорам дека се добри, добри си се и добро се усогласени. Ама дека се кубат коси за безвезе по нив и тоа како. Уште не сфаќам што е толку специјално ако некој преработил песна на не-толку популарен инструмент во време кога гитари и клавијатури владеат.

Баш тоа е специјалното.
Гитаристи ги има со лопата да ринеш по Јутјуб :D И добри гитаристи па веќе не се интересни за гледање, реално.
 
Да да многу јака група. Ги слушам доста и интересни се за гледање. :D
 
Ок се, макар шо изборот на песни според мене не им го бива (добро меинстрим си цепат за да ги сакаат напошироко) Беа за Пивофест еднаш и децава другарчињава очекуваа кизнај каква забава. Им велам самото тоа што се два инструменти, па макар и тапанар да викнат, не е то то, не скокајте. Повеќе се онака за кулиракање а не за забава. А дека бев изненаден кога излегоа не бев, затоа што имав слушано слични преработки многу претходно, со многу поубав избор на песни за мене.

Пример:

String quartet tribute to Tool - Sober
The String Quartet Tribute To Nirvana - Lounge Act
The String Quartet Tribute to Radiohead - Idioteque


Инаку Дамир Урбан има преработено цел свој албум со еден од членовите на Челос, Стјепан.
Еве едно песниче така најјако од Дамир.
Urban & Hauser - Moja voda
 
Секоја чест за момциве, ги пратам подолго време и многу ми се допаѓа нивниот начин на свирење.
 
Добри са дечкиве неам ништо против само ме нервира фактот дека да не беа 2 Челос пола македонија ( можда и појќе ) немаше да знае дека постојат
А сега се сечат пошо Апокалиптика ќе праа концерт у октомври!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom