- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Не еден, туку два седумкатни хотела ќе се градат на плоштад!
Се бара идејно решение за хотел со пет ѕвезди, дел од комплексот Градска куќа
Деспина Трајковска
Не еден, туку два хотела ќе се градат на скопскиот плоштад! И двата објекта се предвидени со контроверзниот Детален урбанистички план „Мал ринг“, кој дозволува тие да бидат високи до 29 метри, односно да имаат по седум ката. Објектите е предвидено да се градат од левата страна на плоштадот, гледано кон Камениот мост, едниот во зеленилото спроти кафулето „Тренд“, а другиот пред зградата на „Пошта“ како дел од комплексот Градска куќа. Додека јавноста е во исчекување до каде е постапката за изградба на хотелот спроти „Тренд“, за вториот објект неделава Министерството за транспорт и врски веќе распиша конкурс за идејно решение. Се бара архитектонско-урбанистичко решение за хотелот, кој ќе биде со пет ѕвезди во рамки на комплексот Градска куќа и треба да се вклопи во амбиенталната целина со објектите во опкружување. Според објаснувањето од Министерството за транспорт и врски, конкурсот е само дел од подготвителните активности за изградба на комплексот што ќе се гради на државно земјиште, кое е планирано да се продава на лицитација по изборите. Најповолниот понудувач ќе има обврска комплексот да го изгради според избраните конкурси, овој за хотелот и веќе утврдениот за Градска куќа, чиј автор е архитект Коста Мангаровски.
Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=29FBC18016393445B3077A895E87DCAA
Незнам што му се намерачија на ПЛОШТАДОТ...
Ама ако вака се продолжи дефинитивно ќе го снема...