Изборите можат да пропаднат само ако ние Македонскиот народ решиме да ги пропаднеме! А некоја си партија или лидер на партија може да си реши за него лично дали ќе излезе или не на гласање, никој друг не е должен да го слуша и следи. Ако не им верувате на ВМРО или СДСМ гласајте за трета партија , гласајте за независни кандидати имате опции, вашиот револт кој го искажувате со - НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ПОЛИТИКА, и оди на штета на вашата држава,работа,дом и семејство. Политиката и иднината на Македонија не треба да се врти околу две партии, некои лигавежи кои излегле само пред 18 години ни се поважни од името и историјата која сме ја наследувале 2000 години, КОЈА ИРОНИЈА!!! Шемите кои некој ги крои може сам да ги реже, ама без ваша помош може сите да бидат искористени за бришење газ. Мислете бе луѓе, немој само од овде до онде да тропате и да се карате оти сте членови на различни партии, се работи за вас и вашата иднина, за вашите деца. Нормално е секој да има различни ставови и размислувања, ама самиот да ги изгради , а не лидерот!!! И за тие ставови и размислувања се дискутира на цивилизиран и културен начин, а не се плука по се живо и диво , па и по своите корени , по своите семејства, домови...