Дали на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?

  • Креатор на темата Креатор на темата bezvezen
  • Време на започнување Време на започнување

Дали на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?

  • Не треба!

    Гласови: 118 70,2%
  • Треба!

    Гласови: 20 11,9%
  • Не треба, ама ако е црква тогаш може!

    Гласови: 15 8,9%
  • Треба, ама ако е црква тогаш не може!

    Гласови: 8 4,8%
  • Не знам!

    Гласови: 7 4,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Па реков дека го сакам Скопје, скопјанец сум. Но дали тоа значи дека треба да се замижи пред грдотијата на мнт-скијачки центар, централната банка (такозвана НБРМ), студентскиот Гоце... Ако замижиме само може да се удриме во некоја бандера. Зошто никој не ги спомена комплексите згради низ Скопје? Затоа што се комплекси-цел дел е со згради-соодветствува. Ова штрчат градби како уникати-само кај нас ги има. Зошто од тоа време ко се срушија не направија во сличен стил како Ристичева или Офицерски? Барем во централниот дел.

За патриотизам кон Скопје не станува збор, збор е за градбите кои не се вклопуваат во околината или се нефукнционално поставени, така да пречат на нормални текови на живеењето (пример би била и црквата на плоштад). И додека тие градови што ги споменуваш рушат градби според план и потреба (најново што слушнав за Келн-инцидентот при рушењето), ние ги чуваме како јапонски реликвии. Ниту фасади се слеваат една на друга, ниту градби. Не цело Скопје, еден дел.

А за Битола би рекол за зградата каде е сместено Агенцијата за развој на земјоделие-кога ја видов последен пат пред 2-3 години беше како зграда на духови и штрчеше од околината. Има и таму можда да се каже, но темата е за Скопје, да не ја чепкаме Битола. Како граѓани, не како професионални архитекти. И не како локалпатриоти. Секое повикување на потсмев ради искажување на кичерски градби низ Скопје е слично на она со инцидентот меѓу двата изборни круга.
Впрочем кој престојувал во Гоце или во сличен објект ќе знае колку е и нефункционален од аспект на греење.
 
Во последно време гледам некои работи и просто не можам да сфатам
зошто ние Македонците сме толку чуден народ , во секој момент одиме во
крајности или сме најдобра ,најпаметна нација или сме нај само-небендисани
,најрасакрани и слично.
Зошто ние Македонците не стоиме позади нашата историја, нашето јас?
Зошто не си ја негуваме религијата, традицијата?
Никој не ни е крив што се наоѓаме во ќор сокак по некои прашања.
Историјата некогаш не' галела,а некогаш не' шамарела,туку да се префрлам на сегашноста.
Црквата е таа што не' обединува нас Македонците и тоа ќе остане така.
Нашиот народ немал многу прилика да се радува на уметности, творби
од генијалци како Микеланџело или Леонардо Да Винчи итн. затоа што
македонецот со векови се занимавал со основната егзистенција. И овде
е болната точка.
Денес можеме да изградиме уметност, историја за генерациите по нас. Македонското тло плаче по својата изгубена уметност.
Хипократ рекол Ars longa, vita brevis, во превод животот е краток,а уметноста вечна.
Новите скуптури поставени во центарот на градот се само мал прогрес
од тоа како треба да изгледа една земја како нашата.
Новата црква на плоштадот Македонија ке биде едно делче од цврстиот пакт
мегу нашиот народ и возвишеното.
Нема место за побуна на другите релгиозни групи, треба да имаме
сите ние толеранција и респект, барем црквата, џамијата на тоа не' учи.
Но некои поеднци креват галама против религијата, уметноста, културата?
Зошто? За да шетат по раскалашено на плоштадот македонија или дека
ке се искористат тие средства за подобри проекти, како на пример?
Многу е лесно да се збори напамет дека ова не чини,тешко е конкретно да се посочи
конкретна ситуација, конкретен проект.

Туку Да градиме уште многу цркви, споменици, да си ја обележиме териоријата, зошто
само уметноста на една земја е вечна.

Се надевам дека овој текст би помогнал во обединувањето на нашите мисли.
 
За црква според мене мислам дека треба да се изгради,бидејќи порано имало црква на плоштад,но била срушена.Затоа треба да се изгради црква,ке ја личи највеќе,Во многу европски градови има цркви на сред плоштад,па на никој не му сметаат и нема да му сметаат.
А се збореше дека и споменици ке се правеле,и тоа еден екстра голем(таков и треба)на АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ,подалеку малку на основачите на ВМРО и уште некои требаше,не знам..........:kesa:
 
Во последно време гледам некои работи и просто не можам да сфатам
зошто ние Македонците сме толку чуден народ , во секој момент одиме во
крајности или сме најдобра ,најпаметна нација или сме нај само-небендисани
,најрасакрани и слично.
Зошто ние Македонците не стоиме позади нашата историја, нашето јас?
Зошто не си ја негуваме религијата, традицијата?
Никој не ни е крив што се наоѓаме во ќор сокак по некои прашања.
Историјата некогаш не' галела,а некогаш не' шамарела,туку да се префрлам на сегашноста.
Црквата е таа што не' обединува нас Македонците и тоа ќе остане така.
Нашиот народ немал многу прилика да се радува на уметности, творби
од генијалци како Микеланџело или Леонардо Да Винчи итн. затоа што
македонецот со векови се занимавал со основната егзистенција. И овде е болната точка.
Денес можеме да изградиме уметност, историја за генерациите по нас. Македонското
тло плаче по својата изгубена уметност.
Хипократ рекол Ars longa, vita brevis, во превод животот е краток,а уметноста вечна.
Новите скуптури поставени во центарот на градот се само мал прогрес
од тоа како треба да изгледа една земја како нашата.
Новата црква на плоштадот Македонија ке биде едно делче од цврстиот пакт
мегу нашиот народ и возвишеното.
Нема место за побуна на другите релгиозни групи, треба да имаме
сите ние толеранција и респект, барем црквата, џамијата на тоа не' учи.
Но некои поеднци креват галама против религијата, уметноста, културата?
Зошто? За да шетат по раскалашено на плоштадот македонија или дека
ке се искористат тие средства за подобри проекти, како на пример?
Многу е лесно да се збори напамет дека ова не чини,тешко е конкретно да се посочи
конкретна ситуација, конкретен проект.
Туку Да градиме уште многу цркви, споменици, да си ја обележиме териоријата, зошто
само уметноста на една земја е вечна.
Се надевам дека овој текст би помогнал во обединувањето на нашите мисли.
 
Зеленило, не градби... На Скопје му фали воздух, нарочито во лето кога ке се запали асфалтот...
 
Во последно време гледам некои работи и просто не можам да сфатам
зошто ние Македонците сме толку чуден народ , во секој момент одиме во
крајности или сме најдобра ,најпаметна нација или сме нај само-небендисани
,најрасакрани и слично.
Зошто ние Македонците не стоиме позади нашата историја, нашето јас?
Зошто не си ја негуваме религијата, традицијата?
Никој не ни е крив што се наоѓаме во ќор сокак по некои прашања.
Историјата некогаш не' галела,а некогаш не' шамарела,туку да се префрлам на сегашноста.
Црквата е таа што не' обединува нас Македонците и тоа ќе остане така.
Нашиот народ немал многу прилика да се радува на уметности, творби
од генијалци како Микеланџело или Леонардо Да Винчи итн. затоа што
македонецот со векови се занимавал со основната егзистенција. И овде е болната точка.

Денес можеме да изградиме уметност, историја за генерациите по нас. Македонското
тло плаче по својата изгубена уметност.

Хипократ рекол Ars longa, vita brevis, во превод животот е краток,а уметноста вечна.

Ние веќе имаме културно богатство, генерациски негувано и пренесувано, со кое секој Македонец од било која религија треба да се гордее, цркви стари со векови, ликовна уметност во нив ненадмината до денес, зошто мислиш дека тоа не е доволно да го сочуваш и да го оставиш за генерациите по тебе? Македонија не плаче по својата изгубена уметност, плаче по луѓето кои ја разбираат и ценат уметноста која ја имаме, а кои не можат да им објаснат на малограѓаните со членска книшка дека за Скопје новоизградената копија на црква на плоштад не е уметност!
 
Ма нека шетаат луѓето што има да се гради и зошто... :nenene: :duel:
 
Не ме чуди ништо од сето погоре изнесеното. Како тоа ние се сакаме себеси аууу, ме погоди директно во срце. Ајде парите за црква нека бидат наменети за фабрика во која ќе работат 3000 луѓе, но што е со другите? Како можете така да размислувате кога станува збор за изградба на црква , наша црква и тоа во центарот на градот Скопје, главниот град на Р.Македонија? Црквата не обединила и со векови била наше прибежиште,духовно барање и помирување. Се градело и цркви над цркви, каде нашата останала во длабоки подруми и завршила работа.
Така ли се заблагодаруваме на нашите предци? Ним сигурно не им била битна фабриката иако немале што да јадат . Разбирам дека луѓето имаат различни ставови и мислења, но не разбирам кај отиде тоа Македонското во нивнте срца?
Срамота.

Ние веќе имаме културно богатство, генерациски негувано и пренесувано, со кое секој Македонец од било која религија треба да се гордее, цркви стари со векови, ликовна уметност во нив ненадмината до денес, зошто мислиш дека тоа не е доволно да го сочуваш и да го оставиш за генерациите по тебе? Македонија не плаче по својата изгубена уметност, плаче по луѓето кои ја разбираат и ценат уметноста која ја имаме, а кои не можат да им објаснат на малограѓаните со членска книшка дека за Скопје новоизградената копија на црква на плоштад не е уметност!

Вистина, имаме многу уметност, стара , единствена, но не така изразена, затоа што со години е негирана , зборувам за црквата, спореди го Скопје со Рим или било кој друг европски град . Разликата е евидентна .
Црквата и сите споменици се уметнички творби на денешницата, а тоа нема никава врска со членски книшки и партии.
А и не разбирам , што би добила една партија со изградба на црква ? Смешно е сето тоа.
 
Да, разликата меѓу Скопје и било кој друг европски град е евидентна, се согласувам, почни со разликата меѓу квадратурата на плоштадот Македонија и квадратурата на било кој друг плоштад во Европа покрај кој има црква и ќе ти стане јасно зошто сметам дека на нашиот плоштад не му треба никаков објект, ни црква, ни џамија, ни хотел!
 
Хм. Кога се изгради тој објектот пред есм никој ништо не гукна. Јас лично се гушам кога ке поминам покрај тој дел, но имало место за свашта. Но кога после долго време се одлучи одредена партија во случајот владејачката партија да гради црква за сите ,одма сите се гласни. Па вака црква треба да има, па макар и да се сруши некој објект или сите околу плоштад па да се шириме на плоштад, да спиеме,јадеме итн. ццццццц.
 
Плоштадот е пренатрупан и дефинитивно не му треба ништо повеќе. Никаде во светот не сум видел толку масовно изменување на центарот на градот за 2-3 години. Треба да работат повеќе на околните места и патната мрежа во целиот град.
 
Да, разликата меѓу Скопје и било кој друг европски град е евидентна, се согласувам, почни со разликата меѓу квадратурата на плоштадот Македонија и квадратурата на било кој друг плоштад во Европа покрај кој има црква и ќе ти стане јасно зошто сметам дека на нашиот плоштад не му треба никаков објект, ни црква, ни џамија, ни хотел!
Ако почнеме споредба со други, тешко на нас. Треба да почнеме од Табановце и неговиот тоалет...па дупките по Автопатот...и така натаму :smir: не дека се противам на ова твоево или нешто слично, но тешко е да се споредуваме со другите градови и држави од северозападна европа. Па и источна :)
 
Toкму споредбата со другите градови е еден од аргументите за многу нови зафати :)
 
Toкму споредбата со другите градови е еден од аргументите за многу нови зафати :)
Ако мислиме само на градот Скопје, да. У ствари тоа е и темата :) Но не можеме да ја изолираме економијата и фискалната политика кои треба да го дадат горивото за градба. Покрај тоа и плановите сеуште не се донесени некаде (аеродром ми се чини), а и најверојатно архитектите кои се бават со проблематиката град ги менуваат...па како што ги менуваат и другите државни.

Имаат погоре право, се е пренатрупано, уште малку како јапонци ќе живееме, во комори. Гледам кај МИДА се гради наголемо (меѓу МИДа и Орце Николов), добри се објектите на изглед, но ако претераат со градба ќе се угуши и тој дел.
 
Покрај тоа и плановите сеуште не се донесени некаде (аеродром ми се чини), а и најверојатно архитектите кои се бават со проблематиката град ги менуваат...па како што ги менуваат и другите државни.

Како шо ми стојт мене работава, најмалку архитектите ги менуваат плановите, и не се бават со проблематиката на струката, туку со други проблематики.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom