Владата си игра „Sims“, пиратска верзија. До кога?

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Никогаш не сум се изненадил негативно како денес, наоѓајќи се затечен од новитетот со кој ќе се закити плоштадот во Скопје...Буквално од нигде-никаде, без никаква најава, со тендер објавен веројатно со најситни букви во некој месечник на влашки јазик...

Нова зграда во антички стил покрај Вардар



23.03.2009 15:47
vase-donevski.jpg
Васе Доневски
Со првата лопата на премиерот Груевски почна изградбата на новиот објект на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј на Македонија.
Објектот со препознатливи антички столбови ќе се гради на левата страна на Вардар, веднаш до Камениот мост и според Груевски, ќе се вклопи во новиот лик на Скопје што го гради владата.
Блиску до новата владина зграда се градат Музејот на ВМРО, Еврејскиот меморијален комплекс и театарот, од Владата велат овој објект ќе се вклопи во околината.
„Овој стил, максимално комуницира и ги почитува историско - естетските и градителските особености на тврдината Кале, и особено на камениот мост“, изјави Васе Доневски од службата за заеднички работи на Владата.
Архитектот Слободан Живковски вели зградата е во антички стил, но тој му припаѓа на целиот свет.
„Можеби енциклопедиски така се делат тие архитектонски стилови, но овој архитектонски стил припаѓа на целата западна цивилизација. Еден интегрален дел во тоа градителско искуство е и Македонија, особено во својот империјален период. Александар знаеме подигнал 70 градови. Тоа е стилот којшто го практицирал“, рече Слободан Живковски, архитект.
Според планот објектот треба да се гради две години и четири месеци, ќе се финансира од три буџети и ќе чини околу 24 милиони евра.

----------

Порака: Со првата лопата по глава сите на автопедагошкиот метод за враќање во нормала... Па добро бе, да му Е.М. има ли некој во оваа држава кој мисли што прави? Или ќе остане ова студентски да се организираме и да помине за три дена, ко и секое чудо, бидејќи грото професори и стручна фела кои би требало да се основата на сите архитектонски релевантни ставови посебно за објекти од јавен интерес, се редовно неми?!

Си дојдоа, си фрлија лопата...молим лепо. Уставен, меморијален, музеј, црква...уште градска куќа да направат, па спомениците да си се вклопат тука - и за нас да остане да чекаме некој земјотрес....

Ај, не ме личит да пцујам.
Ама ова немат да останит вака....

Првичната идеја ми е петок во 12 да се собериме студенти од архитектонски. Секој граѓанин кој ќе се најдит погоден, нека дојт на плоштад. Во принцип, со исти такви лопати граѓаните жители на градот излегуваат да протестираат, ама ние сме немтури по вокација, затоа и не барам и очекувам којзнае каква поддршка.

Краткиот план засега е овој:
1. Бараме официјален став од Архтиектонскиот факултет во Скопје за случувањата на јавниот простор од општествен интерес.
2. Бараме стручни трибини пред секое ново клучно превземање на гpадежни работи.
3. Бараме најтранспарентни огласи и урбанистички анкети, како и формирање на широки комисии со македонски заседавачи и странски консултанти, непартиски тела кои ќе одлучуваат за ваквите градби. Крајно, ако треба и на референдум да се постават. Дотогаш, мораториум на градба!
4. Нудиме бесплатни студентски трудови (минимум 3) за секој проект кој некоја влада ќе го планира, било да станува збор за урбанистичко решение или архитектонски концепт т.е. идејно решение. Поентата е да се вклучат младите со свежи модерни идеи, барем како мислење плус во целиот процес на играње градежници.

Од утре се зафаќам за ширење на идејава...

У П4Q...
 
Од утре се зафаќам за ширење на идејава...

Не дека треба да се спомни, ама поддршката ја имаш.

Господинот дотичен архитект на објектов, прилично анонимус за мене, изјавил една од најнелогичните и најнеточните работи кои можел да ги измисли... да не бидам подрзок со зборови... „Енциклопедиска делба на стиловите, но не и реална“?! Господине архитект, со оваа ваша изјава, се надевам дека при здрава свест го отфрлате целокупното теориско обрзование околу архитектурата, кое сте го здобиле во „жолтата зграда“. Со тоа, ја отфрлате како установа истата, а бидејќи таа ви ја пружила титулата архитект, се негирате и самиот себе... следствено, не смеете да проектирате. Освен циркузи... нив слободно, и патентирајте ги ако сакате.

----------------------

Мојата продлабочена настава на истиот тој факултет, како по некоја случајност се погоди да биде на една многу скокотлива тема: Археолошки музеј за Кале. Во теорискиот дел, главен предмет на обработка беше вклопување на современ објект во историско јадро - притоа најупотребувана девиза: да се избегне еклектицизам и суво копирање на архитектонски стилови. После прилично детални проучувања врз Калето од сите можни историско-уметнички аспекти, се дефинираа три локации на поставување на проектот:

1. На самиот Голем Град, на стерилен терен (терен на кој не се очекуваат повеќе пронајдоци)
2. Помеѓу Кале и Музеј за Современа Уметност
3. На кејот на реката Вардар

Од сите три групи се изработени по четири студентски трудови, доведени на ниво на речиси основен проект - трудови од кои можат да се црпат квалитетни идеи и оправдани размислувања за она најбитното за урбаната средина: вклопување во постоечката околина. Сите тие трудови, имаат различен пристап и различен индивидуален архитектонски израз, но сите се водат кон едно, тоа правилното размислување: „Да се вдахнува живот на нова архитекура, на нови стилови и изрази, да се следи авантгардата и истата да се разбере... за да чекориме напред, и да имаме можност да му го пружиме на светот она, кое нас ни го пружиле големите Мајстори. Притоа, сосема строго да се почитува историското наследство (една од точките на Ле Корбизје) и вклопувањето на објектот во таа околина да биде непретенциозно и смирено.“

Еве вака не` учат големите архитектонски умови. И вака знаеме ние, непокварените и некорумпипрани архитектонски студенти. Затоа Серпико со мирна душа може да понуди проекти од студентски трудови - затоа што сите сме свесни кои се нашите идеи и колкав квалитет може да извадиме од нас. Квалитет побогу, не ефтин еклектицизам.

Барањата на Серпико, во 4-те точки се сосема оправдани и сосема реални...практикувани во сите поголеми градови, во кои има континуитет на архитектонската историја. Се надевам дека овдека нема да не маркираат како еретици, па место да не палат на клада, да ни пуштат некој да ни врзе по една воспитна. Макар да, би издрал многу воспитни, ама да немам такви душевни болки, какви што ни прават... по државичкава.

По прашањево, посебно ќе барам да се изјасни мојот навистина ценет професор по историја на архитектура д-р Михаил Токарев, кој е еден од малкуте релевантни во Македонија кои смеат да го дадат нивното професионално критичко мислење. Во служба на темата и на запознавањето на погореспоменати аспекти, подоцна ќе го внесам и предавањето за вклопување на современи објекти во историско јадро.
 
Чекај, која е лева страна на Вардар, оваа од кај плоштад или другата?
Каде поточно го планираат ова, бидејќи на А1 не гледам видео...
 
Чекај, која е лева страна на Вардар, оваа од кај плоштад или другата?
Каде поточно го планираат ова, бидејќи на А1 не гледам видео...

Се вртиш со лицето кон течението на реката Вардар и одредуваш која е лева, а која десна страна. Во овој случај левата страна е од кај МНТ. Поточно овој објект ќе се наоѓа веднаш до Камениот Мост.
 
Се вртиш со лицето кон течението на реката Вардар и одредуваш која е лева, а која десна страна. Во овој случај левата страна е од кај МНТ. Поточно овој објект ќе се наоѓа веднаш до Камениот Мост.

со други зборови ќе градат огромен објект на прцул место. Еве го местото

85AE17F4A6E9A14B96866DC4A7E93802.jpg


И со тоа ќе го задушат цел простор, кој и онака ќе се пополни отпозади со следниов објект кој две години наназад се највува:

Вечер напиша:
ПО ШЕСТ ДЕЦЕНИИ ЧЕКАЊЕ И КИРАЏИСТВО

Македонска филхармонија конечно со своја концертна сала

Објектот ќе се гради на просторот помеѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност, а ќе има две концертни сали изградени според светските стандарди

По шест децении чекање и настапи во изнајмени објекти, Македонската филхармонија ќе добие своја концертна сала. Утре на платото помеѓу зградата на Македонската опера и балет и МБУЦ "Илија Николовски Луј" ќе започне изградбата на новиот објект според светските стандарди, при што карабината треба да биде завршена за една година, по што следува внатрешното уредување.
Од Министерството за култура, кое ја финансира изградбата, велат дека објектот ќе има две сали. Голема сала со капацитет од 899 места и мала со капацитет од 281 место.
- Правоаголната форма на поголемата сала со 2 сегменти на партерот и галерија, обезбедува беспрекорна акустика во сите позиции. Примената на малата сала, главно, би била за етно, џез и експериментална музика. На ваков начин, преку една збогатена и дооформена понуда на различни жанрови на музика, објектот на Македонската филхармонија претендира да се издигне како културен и концертен центар и на градот и државата, објаснува Анита Јованоска, портпарол на Министерството за култура.
Дека изградбата на ваков објект е долгоочекуван и неопходен чекор, потенцираат и во Македонската филхармонија.
- Изградбата на салата е историски момент за нас, бидејќи како национална установа егзистираме веќе 65 години и сеуште работиме во изнајмен простор. Изградба на ваков објект е од огромно значење не само за Македонска филхармонија, туку и за музиката во државата, воопшто. Факт е дека ни недостасуваше еден поактивен музички живот. Од друга страна со новиот објект нема да биде проблем гостувањето на светски познати музички имиња и ансамбли и пружање на соодветни услови за нивно пртетставување. Иако, за мене е најважно што нашите музичари конечно ќе ги добијат сите неопходни услови за работа, вели Маја Чанаќевиќ, директор на Македонската филхармонија.
Според диригентот Борјан Цанев, изградбата на салата ќе овозможи музицирање на едно повисоко ниво.
- Она што посебно не радува е што ќе добиеме простории за музичарите, две сали во кои ќе бидат елиминирани сите проблеми што ќе имавме досега, како што се на пример провевот и лошото осветлување. На крај, она што е најголема придобивка за нас музичарите е сала со добра акустика, вели Цанев, чие мислење го делат и останатите членови на филхармонијата.
Инаку, идејното решение за зградата на Филхармонијата е на архитектот Виктор Михајлов, главниот проект е на "Македонија проект", а градежните работи ќе ги изведува фирмата "Алпине Бау ТМБХ" од Австрија.

0964A908B1653F4DA65D0236E1410DEE.jpg

7A40BD4778FF8B46855A1596FC8CFE83.jpg
 
Нема ништо чудно тука секоја власт сака да си остави препознатлив печат на нејзинотото владеење. Тоа и од народните приказни ни е познато царот гради мостови бањи, фараоните пирамиди, нема ништо лошо во тоа ако се е легално и според закон.
 
ЕЕЕЕЕЕ ја кога серам за Скопјево ми бришете теми сега шо праиме, кај сте бе архитекти по форуми само ќе зборите како за се друго.
Ај ќе ви дојде памет......уствари и вие исто вака ќе правите.:toe:
 
Богами си играт. Ако го сместат ова таму мене ваквото да ми падне.
 
Следен проект - Тениско игралиште (покриено) на сред плоштад. Аман се да се градело во област од 200 метри. Се загуши местото. Милион објекти (иако некои без некоја функција али имаат некоја вредност) на толку мало место. Па сеа уште ке градат. И тоа градба која ја има веќе и тоа во стил кој не се вклопува во стилот на градбите во тој дел. Ебате урбанистичкиот план (ако постои). Тотално ја подржувам кампањата на студентите.
 
со други зборови ќе градат огромен објект на прцул место. Еве го местото

85AE17F4A6E9A14B96866DC4A7E93802.jpg


И со тоа ќе го задушат цел простор, кој и онака ќе се пополни отпозади со следниов објект кој две години наназад се највува:

Да, на тоа мислев. Не сум стручен за архитектура. Мене лично не ми смета бидејќи ликот кон центарот ќе добие на убавина, а зградата на филхармонијата нема да биде покриена . Таа мислам дека е подолу и нејзиниот поглед не се блокира. Овде со Уставниот суд се блокира само зградата, ако не се лажам тоа е дел од комлексот на Комерцијална Банка, па ако земаме по важност мислам дека новата зграда е супер и по убава и делува „баш“ како угледна државна институција во која ќе се мери уставноста на законите.
 
Да, на тоа мислев. Не сум стручен за архитектура. Мене лично не ми смета бидејќи ликот кон центарот ќе добие на убавина, а зградата на филхармонијата нема да биде покриена . Таа мислам дека е подолу и нејзиниот поглед не се блокира. Овде со Уставниот суд се блокира само зградата, ако не се лажам тоа е дел од комлексот на Комерцијална Банка, па ако земаме по важност мислам дека новата зграда е супер и по убава и делува „баш“ како угледна државна институција во која ќе се мери уставноста на законите.

Слушај може јас не сум архитект ама знам дека ако некој значаен културно-административен објект со специфична фасада се постави во многу голема близина на други такви објекот се губи од убавината и ефектот на самиот тој објект, мора да има секогаш доволно простор помеѓу нив за на можат двата или повеќе објекти да се истакнат, во спортивно само ќе се изгуби ефектот и џабе ќе биде „убавата“ фасада кога нема да може некој да и се одушевува некој поари тоа што нема да може да се види.
 
Слушај може јас не сум архитект ама знам дека ако некој значаен културно-административен објект со специфична фасада се постави во многу голема близина на други такви објекот се губи од убавината и ефектот на самиот тој објект, мора да има секогаш доволно простор помеѓу нив за на можат двата или повеќе објекти да се истакнат, во спортивно само ќе се изгуби ефектот и џабе ќе биде „убавата“ фасада кога нема да може некој да и се одушевува некој поари тоа што нема да може да се види.

Така е, можеби требаше да биде овој објект пред поштата во строгиот центар. Незнам. Сега неможам да ја доловам стручно намерата иако делам дел од твоето мислење за „дишењето“ на овој и објектот зад него. Но како што реков веројатно се одело да му се даде важност на овој објект и тоа на предниот дел.
 
Така е, можеби требаше да биде овој објект пред поштата во строгиот центар. Незнам. Сега неможам да ја доловам стручно намерата иако делам дел од твоето мислење за „дишењето“ на овој и објектот зад него. Но како што реков веројатно се одело да му се даде важност на овој објект и тоа на предниот дел.

A важност се оддава само со дорски столбови и тимпанон?
 
A важност се оддава само со дорски столбови и тимпанон?

Реков не сум стручен да давам стручно мислење дали е подобро со дорски столбови и тимпанон или пак некакво футуристичко решение или пак нешто трето, мислев со целиот тој склоп и конкретното решение да оддава важност на државна институција со традиција и спој на минатото сегашноста и иднината. Ова го кажувам фигуративно мислејќи на правото и правдата што треба да се толкуваат од тој објект и Македонија како држава добие еден навистина важен објект..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom