Повеќе детали
Грозоморно убиство и самоубиство, денеска наопладне некаде околу 13 и 55 часот ја потресе населбата Воска, во Охрид. Со неколку истрели од огнено оружје, на лице место е убиена Ж.Т (38) од Охрид и З.Т. (43). Според она што го тврдат очевидците, слушнале три истрели и потоа уште еден најверојатно пресудниот,кој го усмртил З.Т.на пат за болница.
Таткото на девојчето Ефто Стојаноски, кое било сведок на настанот зборува дека неговата ќерка била многу вознемирена и раскажала што се случило.
Изјава-Ефто Стојаноски „Па видете јас можам да кажам како што ми кажа ќерка ми. Таа е трета година гимназија, идела од на школа и баш тука на тоа место била кога се случила случката, таа вика дека видела маж и жена, се расправале и почнала жената да бега, и викала помош помош. И тој ја бркал и ја стигнал тамо каде што е сега падната, и ја удрил прво со рака и паднала наземја, па после извадил пиштол и тоа голем пиштол така како што кажува од таму каде што гледала има некаде 40 метра далечина. Па пукал прво кај нозете, па во телото, па кај главата, потоа клекнал до неа, така на нозе и сам си пукал. Така кажува ќерка ми, таа е девојче , уплашена е и несака да зборува“.
Изјава-очевидец-Да, се туркаа, се испукаа и паднаа. Девојката викаше два три пати помош, помош, тоа беше се. Не ги познавам. Се слушнаа три истрели и еден сам себе изгледа се пукаше. Девојката беше мртва а тој даваше знаци на живот, дишеше. Лоша слика“.
Изјава-Лично многу се вознемирив, излегов децата доаѓаа од на англиски за да не се исплашат. Јас не слушнав, но веста брзо се рашири. Ова е лошо не само за нас како населба туку воопшто за цел град. Велат не се од тука.За жал после вчерашниот настан кој се случи во Козле, Скопје, каде што беше пресудена животната судбина на еден пар, со пиштол, Охрид денеска е град во кој се случи убиство и самоубиство.Според портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски мотивот не се знае, но потврдено е дека се работи, за убиство и самоубиство.
Изјава-Димоски- „ Денеска во 13 и 55 часот во СВР-Охрид, телефонски пријавено е пукање во населбата Воска кај градска плажа, односно пријавено е кривично деко убиство и самоубиство. После пријавувањето СВР превзеде мерки, излезе на лице место при што е констатирано дека лицето Зоран. Т. роден 1966 од Велес, живее во Охрид, ја усмртил Ж.Т. (38) од Охрид“.
Она на што екипата на МХ Радио беше сведок, е безживотното тело на сега покојната Ж.Т. со голема локва крв околу неа. На лице место беше истражниот судија и инспекторите од крим техника.
линк
Убиство и самоубиство со две жртви се случи денеска во 13 часот и 50 минути на брегот на Охридското Езеро во близина на плажата Грашница, во охридската населба Воска.
Според неофицијални и се уште непотврдени информации, убиена е 40-годишната Жаклина Траеска, физиотерапевт во охридската болница „Св. Еразмо“, сопруга на сопственик на познат синџир бутици и трговски објекти во Охрид.
Зоран Темоски од Велес, со постојано место на живеење во Охрид, е мажот кој пукал во жената па потоа се самоубил и е помлад од 40 години.
Според кажувањата на очевидци, на крвавиот настан му претходела расправија меѓу мажот и жената, удирање и викање за помош од жената жртва, по што мажот со неколку истрели од пиштол во главата и телото ја усмртил жената.
Потоа тој, според кажувањата на очевидци, седнал до неа и со пиштол си пукал во слепоочницата. Очевидците велат дека виделе слика со две легнати тела на земјата и пиштол меѓу нив.
Жената починала веднаш, а мажот бил се уште жив, но по пат за охридската болница починал и тој.
Во одделот за хирургија во медицинскиот центар во Охрид, за А1 го потврдија настанот, односно дека во 14 часот и 10 минути бил донесен мртов маж со прострелна рана во слепоочницата.
Двете тела сега се на обдукција во Охридската болница.
Впечатливо беше дека телото на убиената жена речиси два часа лежеше непокриено на земја, а за време на увидот и досега никој од полицијата и истражните органи и обвинителството нема дадено ниту една информација за медиумите за крвавиот настан во Охрид, ниту пак за мотивите за него.
Се шпекулира дека се работи за љубовна расправија. На местото на убиството имаше и два автомобили, „фијат пунто“ со битолски регистарски таблички и „голф 4“ со охридски регистарски таблички, со кои најверојатно дошле жртвите.
линк