Убиство и самоубиство и во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
На почетокот на Градската плажа во Охрид,кај месноста Воска,денес во 13,50 часот се случи убиство и самоубиство.Според првите неофицијални податоци убиена е Ж.Т. сопственичка на бутикот “Азаро” во старата охридска чаршија.Човекот кој пукал во Ж.Т. е идентификован како З.Т (43).за кого очевидци тврдат дека по извршеното злосторство се застрелал во главата.

Очевидви кажуваат дека попладневно на брегот на Езерото видела маж и жена како меѓусебно се расправаат.Во еден момент машкото ја удрило со рака Ж.Т. по што таа почнала да бега и да вика помош.Во еден момент З.Т.. извадил огнено оружје и пукал во несреќната жена.Таа починала на самото место,а тој клекнал покрај неа и се застрелал во главата.На пат до Коснозголбаната болница и тој починал. Низ Охрид неофицијално се шират гласини дека Ж.Т. и З.Т. биле во повеќегодишна љубовна врска.На Градска плажа Ж.Т, беше дојдена со својот автомобил голф,а мажот со пунто со битолски регистарски таблички.

voska4.jpg


voska5.jpg


извор
 
ех љубов љубов ...
не се нормални луѓево ...
 
Повторно...Аман бе. И пак сред бел ден и сеа во фреквентен дел иако во Охрид.
 
Убиство и самоубиство во охридската населба Воска

вторник, 17 март 2009, 17:50

getImageThumbnail.php
Четиресетгодишен маж, денеска во Охрид ја убил Жаклина Траеска (40) по што се самоубил.
Според првичните сознанија на полицијата, инциденот се случил во 13:50 часот на градската плажа Грашница во охридската населба Воска. Очевидци велат дека на инцидентот му претходела расправија меѓу убиената и убиецот при што дошло до нивна физичка пресметка. Мажот извадил пиштол и ја застрелал прво во нозете и телото, а потоа во главата, по што си пукал во слепоочница. Двете тела се префрлени на Одделот за хирургија во Општата болница во Охрид каде била констатирана смрт.
На местото на инцидентот имало две возила - голф со темна боја и битолски регистарски таблици и бело фијат пунто со охридски регистарски таблици.
Охридската полиција засега не соопштува детали освен куса информација дека екипи на крим-техника во присуство на истражниот судија Весна Кичеец и јавниот обвинител Сузана Танаскоска, се на терен и вршат увид, по што ќе излезе со официјално соопштение за настанот.
Жаклуна Траеска е сопруга на познат бизнисмен од Охрид сопственик на бутици „Азаро“.


алфа тв
 
Прво во Скопје, сега во Охрид... Овие охриѓаниве значи, да не заостанат зад скопјани :)

Битолчани, размислете пред да направите нешто глупаво утре :nesum:
 
Овој добил инспирација од вчерашниот случај во СК...:nesvest:
 
Повеќе детали

Грозоморно убиство и самоубиство, денеска наопладне некаде околу 13 и 55 часот ја потресе населбата Воска, во Охрид. Со неколку истрели од огнено оружје, на лице место е убиена Ж.Т (38) од Охрид и З.Т. (43). Според она што го тврдат очевидците, слушнале три истрели и потоа уште еден најверојатно пресудниот,кој го усмртил З.Т.на пат за болница.
Таткото на девојчето Ефто Стојаноски, кое било сведок на настанот зборува дека неговата ќерка била многу вознемирена и раскажала што се случило.

Изјава-Ефто Стојаноски „Па видете јас можам да кажам како што ми кажа ќерка ми. Таа е трета година гимназија, идела од на школа и баш тука на тоа место била кога се случила случката, таа вика дека видела маж и жена, се расправале и почнала жената да бега, и викала помош помош. И тој ја бркал и ја стигнал тамо каде што е сега падната, и ја удрил прво со рака и паднала наземја, па после извадил пиштол и тоа голем пиштол така како што кажува од таму каде што гледала има некаде 40 метра далечина. Па пукал прво кај нозете, па во телото, па кај главата, потоа клекнал до неа, така на нозе и сам си пукал. Така кажува ќерка ми, таа е девојче , уплашена е и несака да зборува“.

Изјава-очевидец-Да, се туркаа, се испукаа и паднаа. Девојката викаше два три пати помош, помош, тоа беше се. Не ги познавам. Се слушнаа три истрели и еден сам себе изгледа се пукаше. Девојката беше мртва а тој даваше знаци на живот, дишеше. Лоша слика“.

Изјава-Лично многу се вознемирив, излегов децата доаѓаа од на англиски за да не се исплашат. Јас не слушнав, но веста брзо се рашири. Ова е лошо не само за нас како населба туку воопшто за цел град. Велат не се од тука.За жал после вчерашниот настан кој се случи во Козле, Скопје, каде што беше пресудена животната судбина на еден пар, со пиштол, Охрид денеска е град во кој се случи убиство и самоубиство.Според портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски мотивот не се знае, но потврдено е дека се работи, за убиство и самоубиство.

Изјава-Димоски- „ Денеска во 13 и 55 часот во СВР-Охрид, телефонски пријавено е пукање во населбата Воска кај градска плажа, односно пријавено е кривично деко убиство и самоубиство. После пријавувањето СВР превзеде мерки, излезе на лице место при што е констатирано дека лицето Зоран. Т. роден 1966 од Велес, живее во Охрид, ја усмртил Ж.Т. (38) од Охрид“.

Она на што екипата на МХ Радио беше сведок, е безживотното тело на сега покојната Ж.Т. со голема локва крв околу неа. На лице место беше истражниот судија и инспекторите од крим техника.

линк

Убиство и самоубиство со две жртви се случи денеска во 13 часот и 50 минути на брегот на Охридското Езеро во близина на плажата Грашница, во охридската населба Воска.
Според неофицијални и се уште непотврдени информации, убиена е 40-годишната Жаклина Траеска, физиотерапевт во охридската болница „Св. Еразмо“, сопруга на сопственик на познат синџир бутици и трговски објекти во Охрид.
Зоран Темоски од Велес, со постојано место на живеење во Охрид, е мажот кој пукал во жената па потоа се самоубил и е помлад од 40 години.
Според кажувањата на очевидци, на крвавиот настан му претходела расправија меѓу мажот и жената, удирање и викање за помош од жената жртва, по што мажот со неколку истрели од пиштол во главата и телото ја усмртил жената.
Потоа тој, според кажувањата на очевидци, седнал до неа и со пиштол си пукал во слепоочницата. Очевидците велат дека виделе слика со две легнати тела на земјата и пиштол меѓу нив.
Жената починала веднаш, а мажот бил се уште жив, но по пат за охридската болница починал и тој.
Во одделот за хирургија во медицинскиот центар во Охрид, за А1 го потврдија настанот, односно дека во 14 часот и 10 минути бил донесен мртов маж со прострелна рана во слепоочницата.
Двете тела сега се на обдукција во Охридската болница.
Впечатливо беше дека телото на убиената жена речиси два часа лежеше непокриено на земја, а за време на увидот и досега никој од полицијата и истражните органи и обвинителството нема дадено ниту една информација за медиумите за крвавиот настан во Охрид, ниту пак за мотивите за него.
Се шпекулира дека се работи за љубовна расправија. На местото на убиството имаше и два автомобили, „фијат пунто“ со битолски регистарски таблички и „голф 4“ со охридски регистарски таблички, со кои најверојатно дошле жртвите.


линк
 
Ова ко на мода да е ебаго... убиј друг па убиј се ти .. ццц... :salut:
 
Во денешно време најлесно е да најдеш пиштол што се вика 10 годишно дете ќе може да најде.
pa vo toa e i problemot
coveckiot mozok e kako staklo ako pukne nema vrakajne no ako vo moment na takva depresija i ocaj nemal oruzje mozebi rabotite ke bea poinakvi
:toe:
 
значи ова прерасна во епидемија, а според мене голема виновност имаат ТВ МЕДИУМИТЕ, па еве да си претпоставиме, денешниот убиец и самоибиец гледал вчера на вести за случката во Скопје и му светнало идеа- ај и јас да го направам тоа
Нека си има во утрешните весници во црна хроника и готово, кој прочитал, прочитал, а не да биде топ тема на денот во вестите.
 
значи ова прерасна во епидемија, а според мене голема виновност имаат ТВ МЕДИУМИТЕ, па еве да си претпоставиме, денешниот убиец и самоибиец гледал вчера на вести за случката во Скопје и му светнало идеа- ај и јас да го направам тоа
Нека си има во утрешните весници во црна хроника и готово, кој прочитал, прочитал, а не да биде топ тема на денот во вестите.
Ау да, ако го напрајме ова и се ќе се средит...

Имаше и убави вести вчера... зш не му текнало да копират некоја од нив, зш токму оваа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom