Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
На неполна една недела пред претседателските и локалните избори во земјава, во северниот дел на Македонија во селата Танушевци, Брест, Блаце и Малина Маала, на Скопска црна гора, локалното албанско население најави можен бојкот и неизлегување на избирачките места, ако на чело на изборните тела бидат именувани Македонци.
Ова, во своето денешно издание, го објавува српскиот весник “Данас“.
“Албанците се противат на Упатсвото на Државната изборна комисија (ДИК), кое во склад со ’европските начела’ предвидува можност во составот на избирачките одбори да бидат и лица, кои не живеат на територијата на селата во Скопска црна гора. Албанците се залагаат правилата на гласање да бидат исти, како и досега, и во составот на избирачките тела, ’исклучиво да бидат Албанци од локалните села’. Градоначалникот на општината Чучер-Сандево, Воислав Киранџиќ, на чија територија се најавува бојкотот, изјавил дека е неопходно да се најде решение, кои ќе ги задоволи изнесените барања“, пишува српскиот весник.
Понатака во текстот се вели дека Македонците, кои се именувани за членови на избирачките одбори, од страв за својата безбедност, најавиле повлекување, оти наводно им бие упатени отворени закани дека не се добредојдени.
Автор:http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=51924&kategorija=1
Извор:http://www.danas.rs/vesti/svet/region/albanci_najavljuju_bojkot.9.html?news_id=155990