ХИВ/СИДА

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
A mozno li e na primer i posle 3-4 i povece godini da se nema nikakvi simptomi ama bas nikakvi?

Да,мислам дека да.
Има луѓе кои со години воопшто не биле ни свесни дека се болни.
 
A mozno li e na primer i posle 3-4 i povece godini da se nema nikakvi simptomi ama bas nikakvi?

Можно е. Во просек Хив вирусот може да живее 9-11 години без да развие никакви симптоми. Дури потоа доаѓа до СИДА итн...
 
A mozno li e na primer i posle 3-4 i povece godini da se nema nikakvi simptomi ama bas nikakvi?

Реално и теоретски можно е, но во праксата е покажано дека од самиот момент на невлегување на ХИВ вирусот во човековиот организам тој селективно заразува еден вид на лимфоцити т.н. Т4 кои имаат важна улога во функционирање на имунолошкиот систем.

Во овој период (првите 12 месеци) ХИВ инфекцијата се карактеризира со многубројни менифестации кои на почетокот најчесто се појавуваат во облик на: ноќно потење, треска, зголемување на лимфните жлезди, болки во грлото, главоболка, обложен јазик, исфрлување по кожата и кашлица.

Во понатамошните подоцни стадиуми болеста најпрво се карактеризира со: пролив, непријатно чувство во стомакот, загуба на телесна тежина и сл како и со телесна температура над 38,7 степени.

Можно е. Во просек Хив вирусот може да живее 9-11 години без да развие никакви симптоми. Дури потоа доаѓа до СИДА итн...
Не.
Не значи дека симпомите се појауваат само кога си заболен од сида. Во стадиум на ХИВ инфекција се јавуваат овие што ги наведов горе.

Кај болниот од СИДА намалениот имунитет се манифестира со многу потешки заболувања како: капоши сарком, трајни оштетувања на нервниот систем и сл.
 
Колку вирусот ќе се реплицира завси од активноста на самата клетка. Без ретровирусен третман лимфоцитите ЦД4 се намалуваат во просек од 30 до 100 клетки на мм3 годишно, што би довело до сида за 10 години и тоа се случува во 90% од случаите. индивидуални варијации постојата, кај 5% сидата се развива за 2-3години кај други и после повеќе од 10 години.

Како симптоми за време на латентниот хив се јавува пред се аденопатија, а потоа ред опуртунистички болести како кандидата, потоа дерматити, брадавици, кондиломи, молуски и слично кој не се типични само за оваа болест. Не се ниту страшни, ниту невообичаени меѓу луѓето.Ако не се направаат содветни тестови на крвта, можат да поминат и незабележано или само со симптоматско лекување.
Како вирусот зема замав се влошува состојбата но се е тоа умерно, така да се е можно.:toe:
 
Во овој период (првите 12 месеци) ХИВ инфекцијата се карактеризира со многубројни менифестации кои на почетокот најчесто се појавуваат во облик на: ноќно потење, треска, зголемување на лимфните жлезди, болки во грлото, главоболка, обложен јазик, исфрлување по кожата и кашлица.

Да не ги вадиме од памет децата, овие симптоми ХИВ-от ги дели со уште еден куп други болести, тоа е стандардна процедура кога имунитетот ни е во total lockdown, така да најсигурно е да се направи ХИВ-тест, да се види дали е стварно ХИВ или некоја помала инфекција.
 
Абе мислам дека сме доволно свесни, паметни и возрасни за да можеме да се уплашиме и за една кивавица да мислиме дека станува збор за инфицираност со ХИВ вирус.

Зборувавме за симптомите и мислам дека не можев а да не кажам кои се појавните облици низ кој се манифестира во почетниот период.

И напомена дека секој може бесплатно и апсолутно анонимно (дури без здравствена книшка) да направи сида тест во:

1.Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје
2.Републички завод за здравствена заштита-Скопје
3.Поликлиника Бит Пазар-Скопје
4.Завод за Здравствена заштита во Битола и Прилеп
5.Медицински центри во Кочани и Прилеп
6.Завод за нефрологија-Струга
 
Немам чуено за шмукање и сечење на местото, како при змиски убод:) Вака хипотетички логично звучи.

Инаку, една битна работа е што ако те изгреба некој за кој знаеш дека носи ХИВ, многу мала е веројатноста, скоро ич, да се инфицираш.
На крајот, ХИВ не се пренесува туку така, треба да има доволно количество вирус во крвта со која ќе дојдеш во контакт, или во секретот, за да се инфицираш. Она што го зборуваат за иглите во дискотеките во Скопје, треба да обилуваат со крв, за да се зарази човек. Затоа на пр, нема гајле од пренесување ХИВ ако се бакнуваш со заразено лице, бидејќи во плунката, или во золзите, кои се исто секрети, нема доволно количество вирус за да се инфицираш.

Уште нешто многу важно, да не заборавиме:
Ако реално има сомневање од инфекција, 48 часа најдоцна да се пријави во ургентно за да се подложи на терапија. Колку побрзо, во првиоте 8 часа, толку повеќе шанси да се исчисти скроз вирусот. Толку, да не објаснувам детално.

1* Не звучи воопшто логично, тоа се бабини деветини:wink: а и со врзувањето крвта никако не престанува да циркулира, циркулира но само побавно (во помали количини):helou:
2*Вирусот секако си го има во доволни количини во крвта.. дури и предоволни и со многу мала количина на крв вирусот се пренесува
3*Ако иглите не се "заштитени" секако дека нема да може да се пренесе вирусот затоа што вирусот надвор од организмот на човекот.. не може да опстои, зборувам за подолго време.
4*За ова молим:smir: ... за вирусот да се пренесе преку плунка треба да испиеш 7л плунка.. што не е возможно:wink:
5*Вирусот секако дека нема теоретски шанси да се исчисти целосно од организмот затоа што вирусот се развива пребрзо.. затоа и до ден денес нема лек за сидата. Вирусот ХИВ спаѓа во ППИ (полово преносливи болести) кои што се неизлечиви како и генеталниот херпес, гениталните брадавички и хепатитисот Б и Ц.
П.С. Ова не е напаѓање само го кажувам моето мислење и знаење:pipi: .. ако некој мисли поинаку нека повели:smir: :smir: :smir:
 
Кога некој се бричи со жилет, често доаѓа до крвавење, а понекогаш дури и машинката за бричење може да предизвика крвавење.
Колкави се можностите да се заразиш преку брич,и како всушност можи да се заразиш преку брич...Дали лицето кое се бричело треба да поседува ХИВ вирус за да се зарази и другото лице кое го употрбувало?
 
Во суштина веројатноста е многу мала но сепак постои.

Зошто како прво сигурно не се бричиш со брич на другар или сл. За таков прибор за хигена мислам дека секој си има свој личен.

Второ за да се пренесе ХИВ вирусот треба личност што се бричела претходно да биде носител на ХИВ вирусот и да се исекол и на бричот да има остатоци од крв. Но, во овој случај вирусот може да се пренесе ако ти земеш и почнеш одма да се бричиш и ти исто да се исечеш па твојата крв да има допир со остатоците на претходната ХИВ+ крв. И башка на воздух и на собна температура вирусот многу кратко време “живее“ во крвта.

И заклучок:иако тероијата вели дека еден од можните начини за пренос на ХИВ вирусот е преку употреба на заеднички прибор за хигена (во овој случај брич) теоретски веројатноста е многу мала.

Мислам дека се разбравме?
 
Ок Ок фала многу.....Денес едно другарче ми велеше се бричел со бричот од татко му....и му велев јас нешто имам читано ама не бев сигурен за тоа како преку брич сида...Ок сега ми е јасно ке му кажам да не се секира оти го успаничив детото :)
 
A takomu ima sida pa sto se uspanicilo?
 
Нема,зато прашвав не сум информиран јас во ствари го излажав како разултат на моето незнаење...:)
 
Ееј ја пред некој ден у весник прочитав ( не знам колку е нова) за вирус наречен ХПВ...се преннесува пак по сексуален пат...ако го најдам весникот ке напишам нешто за него :)
 
Едно прашање за кое што никаде немам прочитано прецизен одговор...
Колкави се шансите вирусот да се пренесе со орален секс?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom