Па не би рекол дека е баш до парите. Стојан од Прилеп живее максимално беден живот ама човекот е еден од ретките што повеќе од 15 години во себе го носи ХИВ вирусот.
Не се до антиретровирусната терапија.
Така е. Постојат луѓе со ретка мутација на одреден ген, која ги прави имуни на HIV, иако биле многу пати во директен контакт со вирусот. Се работи за пар од мутирани гени, кој спречува нивните имуни келии да го створат рецепторот CCR5. CCR5 дозволува на вирусот на сида да навлезе во клетката. За имунитет од HIV треба мутираниот ген да го има во двата хромозоми, односно да е наследен и од мајката и од таткото. Извор
Wired, 2005. Луѓето кои го имаат мутираниот ген само во едниот хромозом, се поотпорни на сида, но не се имуни. Од друга страна, CCR5 е корисен за борба со други вируси, како на пример West Nile вирусот, така што не може да се направиме имуни на сида со едноставно блокирање на CCR5.
Од друга страна, во нови истражувања направени во Африка, се покажало дека обрежување (сунет, circumcision) драстично ја намалува опасноста за добивање на HIV вирусот (до 60%) кај луѓе кои практизираат секс без заштита, ама само кај мажите. Извор
Newscientist. Дури и WHO препорачува обрежување, повторно извор
Newscientist
Башка мислам дека нема потреба да се залажуваме и да ствараме лажни надежи, дочекување на старост нема шанси.
Секогаш има место за надеж. Луѓето можат да проживеат колку-толку нормален и исполнет живот, дури и ако се заразени со HIV.