Нано Ружин сонува за мултиетничка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Ја потврдуваме нашата нескриена поддршка на мултиетничка Македонија, а јас имам еден сон , а тоа е во Македонија конечно да се појави една мултиетничка партија“ изјави Ружин.

Извор:http://alsat-m.tv/mk/index.php/vesti/zemja/11191.html

Дали подржувате ваква идеја, и пред се дали мислите дека вако нешто е реалност...???
Колку се етничките заедници во Македонија созреани да подржат ваква партија....???
 
Идејата е добра, само во погрешно време се кажува.Не верувам дека ќе се реализира.Ако влезе една етничка група,другите кои нема да влезат ќе почнат да се бунат зашто влегле овие а не тие. А и не знам колку се спремни партиите на таква варијанта.
 
Кога ќе излеземе од пубертетот и кога ќе се смират хормоните, можно е.
И воопшто нема да се вика мултиетничка партија. Зборот мултиетничка ќе изумре и ќе се замени со граѓанска.

Мене многу ми смета форсирањето на тоа дека ние сме биле мултиетничка, гледам тоа е многу модерен израз и демек по тоа сме биле нешто оригинални, па не споредуваат со некои салати. Нека ми каже некој дали сме повеќе мултиетничка од Холандија, Германија а особено од В. Британија.
Ако некој сака да го вовлече староседелството во разговорот, тогаш нека ги заборави првите 2, и нека се ограничи на Велика Британија.

а во горните примери ги заборавив и балтичките земји кои се мултиетнички
 
Сите се мултиетнички. СДСМ има Македонци има Срби има Власи има и Албанци. Исто и со ДПМНЕ. Во ДУИ има и Македонци и Роми.
 
Сите се мултиетнички. СДСМ има Македонци има Срби има Власи има и Албанци. Исто и со ДПМНЕ. Во ДУИ има и Македонци и Роми.


Јас мислам дека Србите и Власите си имаат посебни партии, кои го поддржуваат сдсм. Или погрешно сум те разбрала?
 
Јас мислам дека Србите и Власите си имаат посебни партии, кои го поддржуваат сдсм. Или погрешно сум те разбрала?

Јани Макрадули? Влав.
Маринела Тушева? Влаинка.
Поранешен Есад Рахиќ? Босанец.
Хари Костов? Влав.
 
Да сега отидоа со нив :toe::toe:од парламентарните во 2008
 
Стварно со тоа потенцирање мултиетнички. Па цел свет е мултиетнички, нема држава што не е. Ако најде некој пример за едноетничка и еднорелигиска држава нека каже. Киро Глигоров измисли топла вода со соживот и мултиетницизам, ама пак народ се пали и на тоа. :toe: мултиетничко општество :tapp:
 
Во Македонија нема (или има ама многу малку) етнички партии по статутарна дефинираност. Впрочем, најстарата ваква партија е оригиналното ВМРО (крушевски манифест итн...).

Него, има ваква партија бе, јас сум член. Утре имам состанок со чаирски огранок. Го поканивме да дојде и Селмани, незнам дал ќе се исќефи и ќе намине :) Со сите народи во Македонија соработувам/е...со Трн бугарашот, со Ада панонка, со Зеко србин, со Миша пољак, со Мали германецот, со вујко ми Пандо австралиски, со битолчани...јас ко македоноид исто сум некоја мањина...имаме луѓе :back:
 
Во Македонија нема (или има ама многу малку) етнички партии по статутарна дефинираност. Впрочем, најстарата ваква партија е оригиналното ВМРО (крушевски манифест итн...).

Него, има ваква партија бе, јас сум член. Утре имам состанок со чаирски огранок. Го поканивме да дојде и Селмани, незнам дал ќе се исќефи и ќе намине :) Со сите народи во Македонија соработувам/е...со Трн бугарашот, со Ада панонка, со Зеко србин, со Миша пољак, со Мали германецот, со вујко ми Пандо австралиски, со битолчани...јас ко македоноид исто сум некоја мањина...имаме луѓе :back:


Дај кажи како се вика партијата? Може ли и ја да станам член ако ми се бендиса?Дај ми програма:pos2::pos2:
 
Мултиетничката партија на Ружин е само предизборен трик. Баш би сакал да видам партија во која Македонците и Албанците ќе работат заедно, со полно почитување на другите. Јас прв ќе се зачленам во таква партија. Се разбира луѓето да ги ценат по квалитет, а не по национална или верска припадност.
Не верувам дека ќе живеам уште 200 години...
 
Дa. идејата за политичка партија , условно наречена како мултинационална т.е. составена од припадници на повеќе етникуми кои би биле вклучени како во членството така и во претседателството , веќе подолг период ми се врти во главата.

На еден семинар со еден познат политички аналитичар , разговаравме за просперитетот на една ваква политичка опција , тогаш дури седевме баш припадници на повеќе националности па покраЈ нас македонците имаше и 3 турци еден албанец и 2ца роми...па на шала рековме ај да формираме партија “која ќе ја крстиме ЕВРОПСКА партија на Македонија “...
Шалата настрана , во досегашното мое искуство кога сум реализирал проекти (регионални) а притоа сум приклучувал квалитетни припадници од различни националности , можам да ви кажам дека баш добро проаѓале еве на пример во местата каде што има мнозински турци или албанци па на нив треба да им се презентира проектот (,могу сме подобро прифатени заради тоа што сме вклучиле жители од нивната националност) ! Така што генералната проба за политичка партија е успешна , барем со нашиот случај!

Сакам , навистина верувам дека во иднина ќе се појави политичка партија која ќе обединува со својата политика , се надевам дека ќе добие сериозна потпора од големи спонзори па да ја вметнеме како релевантен политички субјект и сериозна поголема политичка партија која единствено би го променила црно-белиот сооднос во македонската политичка сцена!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom