Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Немам миксер затоа прашувам :)
Може ли со друга финта да се сматат?:))
 
Јајцата можат и со онаа жицата за матење, ама хоплата тешко. Зошто се мати кратко, но со миксер за да може да добие на волумен и да се згусне.
Побарај од некоја комшика, 5 минути работа е :))
 
Бабата мати со вилушка,она е пред земјотресот :))
Туку да направите и да викнете на гости не би било лошо :)
 
Бабата мати со вилушка,она е пред земјотресот :))
Туку да направите и да викнете на гости не би било лошо :)
НЕ бидува со ништо друго,само со миксер,оти треба да се згусти,а тоа е целата финта:)
Јас немам хопла,а и овде неможам да најдам(иронично нели),ама имам супер нов миксер,јајцата сосе лушпа може да ги смати:pos:,повелете.
 
Чим кафеделмар со пола уста вика,ќе мора до Германија да се оди за благово :pos:
 
Чим кафеделмар со пола уста вика,ќе мора до Германија да се оди за благово :pos:

Абе кај мене не е проблем миксерот, имам миксер, ама јас утнав мера и сега имаме торта за цела војска :pos: :pos: :pos: 3 дена јадам само торта у пм што ми требаше ова :pos: Повелете на торта, ќе ви пратам и за по дома :pos: :pos: :pos: инаку убав рецепт е, шала на страна. Лесен е. Јас не можам да го погодам пандишпанот, немам трпение :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: а не сум некоја домаќинка ептен :pos: правам само кога нема никој дома, јас и кујната се пресметуваме тогаш на само :pos:
Туку дај да ви кажам рецепт за пирошки, за нив станав експерт.

За тесто:
500 грама Брашно
1 лажичка шеќер и 1 лажичка сол,
1 пакетче прашак за пециво
една шоља за кафе зејтин (или 100 грама растопен маргарин)
250 грама Кисела павлака
5 Јајца
за фил:
шунка, кашкавал, сирење, кечап, кисели краставички (кој што сака)

Сето ова го месиме убаво (тестото малку ќе се лепи од павлаката, ама нема гајле, важно е убаво да се размеси) после го оставаме пола саат да отстои и повторно го месиме. Тестото го двоиме на топчиња како за кифли (ако пак се лепат додека месиме ставаме брашно на рацете и нема гајле понатаму :pos: :pos: :pos: :pos:) ги размесуваме со сукало им ставаме фил (за да не ни се одлепат им ставаме јајце на краевите) пред да ги пржиме ги мачкаме со јајца одозгора (се прават исто како кифли само тестото е различно) и ги пржиме :toe:

мене пирошкиве ми се погодуваат за мерак :pos: :pos: :pos:

нешто вака треба да испаднат, зависи каква форма ќе ви испаднат кај мене сега станаа вакви, инаку порано беа циркус :pos: :pos: :pos: :pos:

--- надополнето ---

Многу е вкусна,лесна за правење(неможеш да ја утнеш) и се јаде за еден ден:back:

Мене ко да ми рече да направам дупла доза :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: до небо е тортава, моите 3 дена се смеат на чудово што ми испадна :pos:
 
Добро некој ќе ми објасни ли како се подготвува Фасуљ - Тафче Графче :)
 
Знаеш како се вари грав? Или да почнеме од почеток со обаснување?
 
Добро некој ќе ми објасни ли како се подготвува Фасуљ - Тафче Графче :)

И мене никогаш не ми се погодува,сто пати имам правено до сега и никогаш не е за јадење :)
Ова пирошкиве ми фатија око,само немам сукало :pos:
 
Мајка ми секој петок ми правеше Тфче графче :) но сега не овде, па мноогу ми се јаде но за жал не знам како да го направам :(
 
многу испаѓаат, околу 15-20


Tnx!

--- надополнето ---

И мене никогаш не ми се погодува,сто пати имам правено до сега и никогаш не е за јадење :)
Ова пирошкиве ми фатија око,само немам сукало :pos:
Аман ма Љандро, ни миксер, ни сукало, ебаго, па купи на пазар едно сукало, ем за готвење, ем за тепање.


Мајка ми секој петок ми правеше Тфче графче :) но сега не овде, па мноогу ми се јаде но за жал не знам како да го направам :(

Аман бе, граф, лесно е, ако имаш фат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom