Уставниот Суд го отфрли владиниот проект за трето дете
Владиниот „бејби бум“ падна на Уставен
Коментари (10)
18.03.2009 14:58 Уставниот суд го отфрли законот за стимулирање на наталитет
Паѓа ли владиниот проект за трето дете? Уставниот суд ја укинал одредбата со која во Законот за здравствено осигурување се предвидуваше паричен надоместок за новородено дете да остварува мајка која живее во општина со низок наталитет под 2,1 промили.
Пластично, ова се однесува за невработените родилки, кои во текот на девет месеци по породувањето беше предвидено да добиваат надомест.
Уставниот суд ја укина оваа одредба од Законот за здравствено осигурување бидејќи со истата не се обезбедува владеење на законот на целата територија на државата, туку во само некој нејзини делови.
Со одредбата, сметаат уставните судии, се создава нееднаквост меѓу граѓаните кои живеат во општините со наталитет под и над 2,1 промили.
Оспорен е и законот за заштита на децата, во делот на владиниот проект „Создавајте иднина“. Многу скоро се очекува уставните судии да се изјаснат и за него, но речиси сигурно дека ќе биде укинат.
Владата одлучи во општините со низок прираст од први јануари годинава, родителите кои ќе добијат второ дете да имаат право на месечен надоместок од 5 илјади денари во траење од девет месеци.
8.250 денари за оние со трето дете цели десет години. За четврто дете, родителите 15 години месечно е предвидено да добиваат по 11 илјади и 500 денари.
Но, овие бројки не важат за родители кои живеат во општините со стапка од над 2,1 промил.
Прашањето гласи:дали родилките кои веќе имаат родено трето т.е.четврто дете ќе им биде укината соодветната парична надомест,кои требаше да ја примаат?