Проектот „ТРЕТО ДЕТЕ“ дискриминаторски!

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Уставниот суд на која држава е ?
Мавританија ?
Е*ати судот, кога се грабеше капиталот државен по неуставен закон за приватизација, полнеа тоа стомаците со свинско.

Ах златна диктатура.
За оваков вирус само тоа му е мајката.
 
Ете ти беља сега уште ние ќе треба да си одиме. Може за Албанија треба да фатам. btw и дедо ми има национализирано земјиште во Бутел, изгледа таа другата половина ќе да е. :helou:


Е тука си сосем во право, ама работи таа бугарската жичка пардон кабел во дпмне.

Не ме интересира која половина е, ниту па планирам да те бркам, само што глупо е кога некој како ТМРО ќе ти кенка за дошљаци, а самиот е дојден од некое село, Свирипичино или Кривогаштани, се прави сега поголем католик од Папата...и мене планирал преку форумско силење да ме брка во Албанија..хах!
 
Уставниот Суд го отфрли владиниот проект за трето дете

Владиниот „бејби бум“ падна на Уставен


Коментари (10)
prazno.gif
prazno.gif
18.03.2009 14:58
ustaven-sud-clenovi.jpg
Уставниот суд го отфрли законот за стимулирање на наталитет
Паѓа ли владиниот проект за трето дете? Уставниот суд ја укинал одредбата со која во Законот за здравствено осигурување се предвидуваше паричен надоместок за новородено дете да остварува мајка која живее во општина со низок наталитет под 2,1 промили.
Пластично, ова се однесува за невработените родилки, кои во текот на девет месеци по породувањето беше предвидено да добиваат надомест.
Уставниот суд ја укина оваа одредба од Законот за здравствено осигурување бидејќи со истата не се обезбедува владеење на законот на целата територија на државата, туку во само некој нејзини делови.
Со одредбата, сметаат уставните судии, се создава нееднаквост меѓу граѓаните кои живеат во општините со наталитет под и над 2,1 промили.
Оспорен е и законот за заштита на децата, во делот на владиниот проект „Создавајте иднина“. Многу скоро се очекува уставните судии да се изјаснат и за него, но речиси сигурно дека ќе биде укинат.
Владата одлучи во општините со низок прираст од први јануари годинава, родителите кои ќе добијат второ дете да имаат право на месечен надоместок од 5 илјади денари во траење од девет месеци.
8.250 денари за оние со трето дете цели десет години. За четврто дете, родителите 15 години месечно е предвидено да добиваат по 11 илјади и 500 денари.
Но, овие бројки не важат за родители кои живеат во општините со стапка од над 2,1 промил.










Прашањето гласи:дали родилките кои веќе имаат родено трето т.е.четврто дете ќе им биде укината соодветната парична надомест,кои требаше да ја примаат?
 
Овој суд е антиуставен и антимакедонски.
 
Прашањето гласи:дали родилките кои веќе имаат родено трето т.е.четврто дете ќе им биде укината соодветната парична надомест,кои требаше да ја примаат?


ДА!!!
 
Овој суд е антиуставен и антимакедонски.

така е ....
наместо да им дадат на луѓето плус некој динар ... ц ц ц
колку и да сакаме или некој сака да помогне ....
некои антимакедонски институции останати од комунизмот ќе го задушат тоа ... како не им е срам ...
 
Срамот оди на сметка на владата бидејќи пуштила еден ваков неосмислен закон кој однапред се знаеше дека ќе падне на уставен.

И да е само еден , во ред ќе да е.
Ама бре:
Се потрошија милиони евра на неуставни закони!!
Сигурно Македонија не е прва, ни последна земја со ваков проект
Законов сигурно не му текнал на Груевски преку ноќ, се има консултирано со повеќе експерти од земјава и странство кои црпејќи од некое друго искуство оцениле дека тоа е добар стимул за наталитетот
Но ете можеби не очекувале дека на некои луѓе од уставниот суд или луѓе со влијание врз уставниот суд сето тоа ќе го гледаат како дискриминација, но тоа е нашата реалност за жал, не може да се најде заеднички јазик меѓу државните институции.
Сепак, секој обид е за поздравување, и подобро е од ништо
затоа велам во некои подобри времиња ќе дојде до успех и на овој проект:smir:
 
Вирусот наречен самоуништување има повеќе мутации и вариации.
Секоја посебно се брани и заедно ако е загрозена некоја од нив.
Фазата депопопулација на Македонија од Македонци ја одбрани Уставниот суд на Р.Македонија.
 
Вирусот наречен самоуништување има повеќе мутации и вариации.
Секоја посебно се брани и заедно ако е загрозена некоја од нив.
Фазата депопопулација на Македонија од Македонци ја одбрани Уставниот суд на Р.Македонија.

depopulacija vrsat site vladi na R Makedonija dosega od nezavisnosta so nivnata pogresna ekonomska politika so toa sto gi nateruvaat lugeto da migriraat vo stranstvo ili da zemaat raznorazni drugi nemakedonski drzavjanstva
 
Согласен сум дека тие пари,чии мајки на трето и четврто дете ги примаа(требаше да ги примаат)се издвоени од буџетот на Македонија,и исто така повеќе од согласен сум дека парите од буџетот треба и те како да се користат внимателно во период на тешка за светот економска криза.

Меѓутоа,премногу глупаво и непрофесионално е отпрвин да го нафураш народот и во сознанието да им нафрлиш бујна фантазија и стимул за раѓање деца,за пет минути потоа да им ја уништиш таквата имагинација и мотивацијата за пораст на наталитетот во општините со низок наталитет...

Сметам дека е премногу аматерски и непрофесионален таквиот потег,а власта треба да е свесна дека ова нешто ќе породи негативни реакции,критики и секако:недоверба од страна на народот.

Затоа при следен ваков чекор и потег од страна на владата,истата би требало да го следи правилото:двапати мери,еднаш сечи!
 
Срамот оди на сметка на владата бидејќи пуштила еден ваков неосмислен закон кој однапред се знаеше дека ќе падне на уставен.

И да е само еден , во ред ќе да е.
Ама бре:
Се потрошија милиони евра на неуставни закони!!


Кој уставен суд. ТОЈ ИСТИОТ ШТО ИМ ПРЕСУДИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНВАЛИДИ ОД 2001 ДА ГИ ВРАТАТ ПАРИТЕ ШТО ИМ СЕ ДАДЕНИ ОД ДРЖАВАТА И ТОА СО 8 ГОДИШНА КАМАТА.

ЧИВ Е СРАМОТ СЕГА?
 
јас вака разбрав, законот ќе важи за сите а не само за оние општини каде прирастот е помал од 2,1
ај македонијо на секс сега,

е сега да не му текне на некој импотентен да се жали за дискриминација до уставниот суд
 
Dobro be koga ovoj Gwujo ke si najde doobar STATICAR???...epten cesto mu pagjaat ova skalameriive sto gi "gradi"....he, he Gwujo prevara...od sto e smotan stanuva simpaticen....:)
 
Наброј, мољим.

еве еден наједноставен пример што го најдов, да видиш дека и другите земји преземаат мерки во таа сфера

"Деновиве се актуелни бенефициите кои се утврдија за мајките со трето или четврто дете.
Во потрага по искуства од другите земји, најатрактивна ми се виде бенефицијата на Москва која го воведува 12ти септември како "неработен ден за правење деца".


извор - http://golemataslika.blogspot.com/2008/07/blog-post_28.html

значи не велам дека проектот на владата е копија на некоја друга земја, туку велам дека се црпени разни искуства на земјите кои имаат сличен проблем со Наталитетот како со Македонија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom