Проектот „ТРЕТО ДЕТЕ“ дискриминаторски!

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
И да е дискриминаторски и да не е,колку е побарувачката на дете до 18 години,што потоа кога ќе треба да се запише на факултет,е тогаш му е мајката,кој ќе финансира.Глупо и несватливо.
Да, со зголемување на возраста се зголемува и потребата од средства, а како што разбрав трето дете до десет години ќе се финансира. нека е и до 18, а после? Перење прозори на семафор.
 
Уште не родено вие работа му барате.
Браво бе, од бога сте а ?
Баба ми Риса што мислела 1943 година кога го родила татко ми ?
Ова дете во оваков свет каква иднина ќе има ?
Не, баба ми веруваше во бога, секој човек има свој ксмет.
1948 ги избркаа од Беломорска Македонија, живееа по кокошарници поред Вардар.
6 деца беа со неа, 2 машки и 4 женски.
Сите излегоа на пат, сите створија фамилии.
 
Абе и баба ми исто... други времиња беа ... мала шала :smir:

За ова погоре, само размислуваме. Во екстензивните краишта која е целта.
Сведоци сме на постојана миграција кон поголемите градови, кон Скопје и евентуално понатаму, во бел свет. Без основни услови (некој спомена мариовскиот крај, има и многу други краишта), да го земам примерот Џепиште, под Дебар, немаат вода за основни потреби, немаат школо, немаат здравствено... премногу места има со вакви услови, не е само сиромаштијата на народот, подеднакво придонес имаат и условите.

За нашите претци ако збориме, да така живееле, но имале и многу поголема смртност, од 6, 7-10 деца, обавезно некое умирало, а сите се бориме децата да ни имаат нормални услови за раст и развој.
 
Законот имаше психолошки момент.
Токму тргајќи од новото време, на детето да му овозможиш добри услови за живот, многу млади се мислеа за трето.
Законот многу и ќе охрабреше во таа намера.
Владата го направи бесплатно школувањето до средно образование, ваучери за компјутери, обуки итн.
Зошто сиромаштија во Македонија?
Па 50% да ти биле без средно.
Учен човек кај сакаш фрли го ќе се снајде.
 
Да беа условите како во времето на мојата генерација-навистина бесплатно здравство, школство, без голема грижа дали утре нема да ме репнат казна и да не земам плата и дали нема да има кредит за дозволен минус, не па за стан, тогаш ок. Би размислил и за трето. Но во овие услови и двете треба негде да ги сместам, да работат нешто, претходно да се школуваат. Сето тоа кошта. Премногу према стандардот. И тоа во Скопје, за екстензивните краишта да не збориме. Затоа и се иселија.
И да заживееше ова, во тие екстензивни населени места нема многу од нормалните погодности за нормален живот. На крај ќе израснеа и пак ќе мигрираа во Скопје и пак тие места ќе останеа без население. Предуслови секако се потребни за полнење на тие места со народ. Предуслови кои ги немало ни порано, ги нема ни сега. Сега уште помалку. Го споменав дебарско, имаше еден погон скутекс, од после распадот не работи. Населението од таму иде во Италија, нема што да работи дома. Жените им носат вода со километри далеку, а перат на извор -зиме и лете. Тоа е реалноста за жал, јас само ја пренесувам.
 
Ако конкретно зборуваме за Мариовскиот крај,треба да знаеш дека тоа е еден од најнеразвиените и најзабателени подрачја во Македонија,што соодветно значи дека тоа е еден од факторите популацијата во Мариово постојано да опаѓа.
Тоа мене лично не ме вознемирува воопшто. Насекаде луѓето се преселуваат онаму каде што ќе најдат подобри услови за живот. И низ Америка има празни ливади па никој не се сили секоја од нив да ја наполни со по еден дом. Впрочем, колку можеш да ми гарантираш дека Мариовецот кој денес ќе се роди после 20 години нема да се пресели во Скопје? Правењето деца (самата процедура тури-вади) не е проблем во случајов. Ако некој има проблем со ерекцијата не му треба на него парична мотивација, му треба вијагра. Проблемот е како Мариовецот да се задржи во Мариово, а таа проблематика воопшто не ја планира и решава овој закон. Значи проблемот си останува.
Имаме Мариовец зачнат денес кој на 20 години ќе се пресели во Скопје поради ужасните услови на живот кои ги има во Мариово. И така во круг.
Фактот што Мариовскиот крај е во границите на македонската држава,тоа значи дека како најзаостанат регион државата е должна да помогне во неговиот развој...
ДРЖАВАТА не. Општината може. Општината се грижи за локалните граници - државата за државата односно 21.000 км2.
Сметам дека овој проблем ја засега цела Македонија.
Не.
Проблемот со наталитетот треба да се реши на државно ниво,а не на општинско како што вие велите.
Проблемот со наталитетот треба да се реши на државно ниво доколку проблемот е на државно ниво. Ако зборуваме за локални подрачја, нив треба да си ги реши само и само локалната самоуправа односно на македонски јазик - општината. Правете разлика помеѓу локалната и централната власт.
Наталитетот треба да се зголеми во подрачјата со ниска стапка на наталитет,па тогаш во тие делови како што се Гевгелија,Берово,Пехчево и сл. доколку албанците,ромите и Власите во тие подрачја не ги добијат паричните средства за трето дете,вреди да дискутираме и да ми кажуваш за дискриманација на цел еден етникум во рамките на македонската држава.
Законот е така осмислен за да не зимаат албанците, ромите и власите помош од државата за трето дете. Зошто баш 2.1? Рандом бројка? Не би рекол.
Сега кажи ми кој ја оштетува државата,и посочи ми кој Ром или албанец како тебе нема да добие парична поддршка во општините со наталитет под 2,1 промили?
Ти ја оштетуваш државата со тоа што бараш од нејзе да ти дава пари за да правиш деца. Албанците можеби прават повеќе деца, ама само они знаат како ги израснуваат. Не бараме материјална мотивација од државата. Си ги сакаме, си ги правиме и си ги растеме. Како ќе се снајдеме, така. Јас немам ниедно засега, ама едно 5 ќе испукам па мајка Јана нека е. Нема нешто послатко од полн дом деца. Образование, јадење, облека.. сето тоа ќе си дојде во свој момент и на свој начин. Ако сакаш, можеш.
Инаку имаше и еден интересен коментар на сајтот на А1. Девојка останала трудна кога го донесоа законот (и напоменува дека ради законот останала трудна). И сега се прашува што да прави со детето. И замисли, на такви треба да им помогнеш да имаат деца. Тој што не сака деца нема да ги прави. Тие што сакаат веќе си имаат по 3. Знам многу Македонци што имаат по 3. И да, многу Албанци што имаат по 2 или 1 (моите 2 браќа по толку имаат, едниот има машко и женско и не планира веќе да прави а другиот само девојче... може и машко понатаму ќе проба и ќе си го затвори патентот најверојатно).
Законов е глуп и дискриминирачки - две во едно.
На семејството Малкоски од Македонски Брод четвртото дете Кристијан им се роди на новогодишната ноќ. Го планирале за да добиваат пари од државава во следните 15 години.
Извор
Море бизнисмени.
 
Jas go procitav zakonot za roditelskiot dodatok i mislam deka ovaa vlada navistina nastojuva da donesuva zakoni koi i se potrebni na drzavata. Bravo za toa! A deka e diskriminatorski ne mozam da recam zatoa sto site onie sto mislite taka, najprvin videte od koja pricina ovoj zakon e donesen: poradi enormno namaleniot natalitet vo odredeni opstini Gruevski kako stimulacija go donese ovoj zakon, koj pred se, e ohrabruvacki na bracnite parovi vo tie opstini da imaat deca, a vo onie opstini vo koi natalitetot i bez ovoj zakon pak, enormno raste, ne gledam deka ovoj zakon e potreben tamu. Taka da, ne zaboravajte deka ovoj zakon e donesen za zgolemuvanje na natalitetot onamu kade e mal....ne e donesen poradi nekakva diskriminacija...Bravo Gruevski!

Од самиот почеток се знаеше дека овој проект ке пропадни и сите во Владата беа свесни за тоа.Не ме свајкајте погрешно и јас сум за ваков проект но се знае дека треба да биде за сите исто ,,,па се знае чии се тие пари ,пари на народот...Груевски околу него има еден куп советници и се знаеше за пропастот на проектот ,,,се се прави со намера демек еве пробавме па сега плукајте по Уставен суд....па се е веке прочитана книга ,обичен граганин знаеше за ова а не Влада....
 
Сигурно и членот 11 кој даваше право на Македонци по род да добиат македонско државјанство беше противуставен и СДСМ го избриша, пошто нели они се визионери, напредни луѓе, европејци, државници големи.
 
Уставниот суд пресече. Владиниот проект за трето дете ќе важи за цела територија на Република Македонија, не само за општините во кои наталитетот е под 2,1 промил.

Паричен надоместок ќе добиваат сите мајки кои ќе родат второ, трето и четврто дете.

„Сите мајки кои ќе родат второ, трето и четврто дете, не поврзано со територијата на која живеат и на која е родено детето, имаат право на таков родителски додаток на деца“, изјави м-р Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставен суд.

За уставните судии дискриминирачки е децата и мајките кои живеат во општините со повисок наталитет, да не добиваат паричен надоместок.

„Одредбата во делот кој е укинат, всушност не беше во функција на посебна заштита на мајчинството и посебна заштита на децата, со оглед дека не се однесувала на сите мајки и на сите деца во РМ“, рече Миленковиќ.

Останува одредбата за паричниот надомест. Мајките кои ќе родат второ дете, ќе имаат право на детски додаток во висина од 5.000 денари во траење од девет месеци.

Десет години по 8.250 денари ќе добиваат мајките со трето живородено дете, а за четвртото предвидени се 11.500 денари во период од 15 години.

Извор
Е ова веќе е држава која секој ја сака.
 
И сега јебига?Ова е рај за албанци и роми...Толку ли се глупи.Сега дури и ќе идат да се селат во Македонија и ќе се прави бизнис со деца и трка кој повеќе ќе направи.Не чини и незнам дали постои вакво нешто во другите држави и дали ова може да се укине, барем додека јас не почнам да правам деца.
 
Kako moze zakon koj patem,vazi za cela teritorija i za site gragani da bide diskriminatorski:vozbud::vozbud:

kon koj......kon site,za da bide diskriminatorski treba da ima ostetena strana a ovde NEMA TAKVA:toe:
 
И сега јебига?Ова е рај за албанци и роми...Толку ли се глупи.Сега дури и ќе идат да се селат во Македонија и ќе се прави бизнис со деца и трка кој повеќе ќе направи.Не чини и незнам дали постои вакво нешто во другите држави и дали ова може да се укине, барем додека јас не почнам да правам деца.


Уставниот суд по службена должност мора да поништи или измени закон по иницијатива на оној кој го донел законот (Собранието).
Сега траба Собранието да изгласа поништување на законот и Уставниот суд мора да го поништи.

Kako moze zakon koj patem,vazi za cela teritorija i za site gragani da bide diskriminatorski:vozbud::vozbud:

kon koj......kon site,za da bide diskriminatorski treba da ima ostetena strana a ovde NEMA TAKVA:toe:

Членовите на судскиот совет при Усатвниот суд се НЕмакедонци. Има 1 или 2 Македонци, остатокот се шќиптари, босанци, власи и што ли не.
 
znaci ustavniot sud.........e neustaven
vo pravniot sistem na edna zemja se ceni ekspertizata i nepristrasnosta...toa e sudija.
 
Браво Уставен суду.

Браво Американецу што си толку силен и што ти ги триеме мадињата, и даваш сила да во уставните судови има шќиптари и тие судат контра Македонците за веќе донесени закони. Браво што ги дискриминирате Македонците, законот кој го донесоа не беше дискриминаторски, па еве вие сега ги дискриминирате.

Да живее дискриминацијата, генерирана од УСА и моќните држави!
 
Браво Уставен суду.

Браво Американецу што си толку силен и што ти ги триеме мадињата, и даваш сила да во уставните судови има шќиптари и тие судат контра Македонците за веќе донесени закони. Браво што ги дискриминирате Македонците, законот кој го донесоа не беше дискриминаторски, па еве вие сега ги дискриминирате.

Да живее дискриминацијата, генерирана од УСА и моќните држави!


Американците ве поддржуваат на идентичен начин како што ги поддржуваа авганистанците и талибанците до пред 10 години. Видовме што им се случи. Затоа, ич не ви завидуваме :toe:

И турците беа во Македонија 500 години, па си отидоа :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom