- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Муабетот ми е, штом има девојки кои живеат од спонзорства, мора да има и мажи кои милуваат да спонзорираат... И тие мажи се очајни според мене, дефинитивни нереализирани личности, кои не се самоуверени и вредат исклучиво онолку колку што им е сумата во банка. А вредноста на човекот не е во парите, значи прашањето ми е - дали се тие арни? По темата, морам да се доискажам. Марсовка има направено една жалосна и бедна класификација со која го омаловажува женскиот род претварајќи го во ,,бело робје кое може да се купи и уште да биде среќно, згодно, стегнато и задоволно". Парите ги поврзува со чесноста. Поголема контрадикторност... Парите го прават човекот нечесен и служат да го изманипулираат. Зарем мерено на кантар, е поважно да спиеш мирно и да се чувсвуваш човек, или да спиеш на пари и да се даваш за пари?