ВМРО-ДПМНЕ нарачува гласачки „ДВАЕСЕТКИ„

Против законско го направија да сликаш со мобилен.
 
лол!!
Грујо си ја утнал работата :nesum:
Бај да веј и ја добив понуда да ми запишаат име и моб телефон и нормално мојот одговор беше ЛОООООЛЛЛЛ!!! ја само АФТОГРАМ давам ..
 
....и обединете се Македонци....ама околу ДПМНЕ :)

Тоа ти е поентата ?
Пошто гледам дека на секоја тема повикуваш на некакво единство и некакво обединување, а од друга страна, не пропушташ прилика да ги испереш од одговорност.


Ниту еднаш кога спомнав обединување не спомнав партија!
Ако нешто правам е се борам против Македонското партиско поделување , зашто е вон границите на нормала во секој поглед.
Сонувам за една Македонија обединета, почитувана прво од својот народ а потоа од надвор. На политичка сцена: Сонувам за една Македонија со квалитетна позиција и опозиција која без пардон ќе работи само и САМО за доброто на Македонија и Македонскиот народ!
 
Сонувам за една Македонија обединета, почитувана прво од својот народ а потоа од надвор. На политичка сцена: Сонувам за една Македонија со квалитетна позиција и опозиција која без пардон ќе работи само и САМО за доброто на Македонија и Македонскиот народ!
Другар, разбуди се, РЕАЛНОСТ!

Македонија ја спасува само двонеделен третман во салон за убавина, по два пати дневно (сабајле и поручек)

До тогаш, десетка со кромид и уживај.
 
пред некој ден добив информации дека правеле списоци на невладини организации ,каде што имале наклонети членови....сигурна информација.

Демек сакале да знаат во кои организации можат да имаат потенцијални подржувачи , и обично тие списоци ги составувале лица (инволвирани во нво секторот секако) кои по слободна проценка ги етикетирале здруженијата како блиски или “далечни“ до својата партија!
 
пред некој ден добив информации дека правеле списоци на невладини организации ,каде што имале наклонети членови....сигурна информација.

Демек сакале да знаат во кои организации можат да имаат потенцијални подржувачи , и обично тие списоци ги составувале лица (инволвирани во нво секторот секако) кои по слободна проценка ги етикетирале здруженијата како блиски или “далечни“ до својата партија!

Да де.....чисто онака информативно:tapp::tapp::tapp:
Ама од понеделник ќе има смеење:pos2::pos2:кога официјално ќе стартува изборното тупење и перење мозок.

За овој НВО сектор праиме муабет:

Невладините организации ќе конкурираат за буџетски пари за време на избори

Во пресрет на изборите, Владата распиша оглас за распределба на буџетските средства наменети за здруженија на граѓани и фондации во вкупна вредност од 15 милиони денари или безмалку 250.000 евра. Во изминативе години се покажа дека во предизборните периоди на сцена редовно се појавуваат невладини организации што очигледно поддржуваат одредена политичка опција, поради што се појавуваат сомневања дека Владата може овој механизам да го искористи за влијание врз изборниот тек.

Антикорупционерите велат дека работата е чиста, бидејќи одлуката за распределба на парите ќе се носи подоцна, неколку месеци откако ќе заврши изборниот процес. Според претставници на невладиниот сектор, станува збор за лоша практика, бидејќи постои можност за влијание. Во Владата вчера не успеавме да добиеме став по ова прашање.

Мирјана Најчевска, поранешна претседателка на Хелсиншкиот комитет, вели дека Владата ги крши начелата на изборниот законик со кои се бара воздржување од распределба на буџетски средства за време на изборите, а со цел да се спречи какво било влијание врз изборниот процес.

- Владата ги дели овие пари или налето, кога во земјата нема никој, или со очигледна функционална и наменска цел во пресрет на изборите. Тоа не е ништо ново. Во изминатиов период неколкупати имаше противзаконски дејства при распределбата на овие пари и затоа имаше и пријава во Хелсиншкиот комитет. Имено, Владата дел од овие средства му додели на Сојузот на синдикатите на Македонија, иако тоа не е организација што се води во регистарот на невладини организации - вели Најчевска.

Слаѓана Тасева, претседателка на невладината „Транспарентност нулта корупција“, вели дека не би требало Владата да распишува оглас за распределба на буџетски средства наменети за невладиниот сектор во пресрет на изборите.

- Не е етички огласот да се распишува во пресрет на изборната кампања. Лани Владата објави конкурс во овој период од годината, а средствата беа поделени дури во декември, период во кој имаше многу простор за договарање. Парите завршија кај некои „новокомпонирани“ организации - вели Тасева.

Имер Селами, член на антикорупциската комисија, вели дека Владата побарала мислење од комисијата по ова прашање.

- Во овој случај Владата повикува да се достават проекти за добивање на буџетските средства наменети за невладините организации. Меѓутоа одлуката за распределба на парите нема да се носи во текот на изборниот процес, туку многу подоцна, при крајот на годината - вели Селами.

Тој додава дека во заклучокот комисијата побарала од Владата во текот на изборниот процес да не носи никакви одлуки за распределба на буџетските средства, а со цел да се избегне можноста за какво било влијание при гласањето за локалните и за претседателските избори. На прашањето дали не постои простор за влијание со оглед на тоа што проектите на невладините организации ќе пристигнуваат во Владата токму за време на изборниот процес, Селами вели дека Владата има законска обврска во одреден период од годината да објави оглас за потоа невремено да ги распредели буџетските средства.

Во огласот за распределба на буџетските средства, од невладиниот сектор се бара да се достават проекти чиј приоритет ќе бидат економскиот пораст, интеграцијата во НАТО и во ЕУ, борбата против корупцијата и криминалот, добрите меѓуетнички односи и образованието. Во огласот не е наведен рок за доделување на буџетските средства, туку се известуваат потенцијалните учесници дека за резултатите од огласот ќе бидат известени десет дена откако ќе биде донесена одлуката за распределба.

извор:http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=328&ArticleID=19073

:nesvest::nesvest::nesvest:
 
SEGA SO ZAKASNUVANJE SE NAVRAKAM NA TEMATA,AMA DA SI PRASAM,DA NE PLAKAAT,I AKO PLAKAAT NEKA KAZE NEKOJ KOLKU PLAKAAT DA ZNAM,NE DEKA KE GLASAM ZA DPMNE,AMA ME INTERESIRA
 
SEGA SO ZAKASNUVANJE SE NAVRAKAM NA TEMATA,AMA DA SI PRASAM,DA NE PLAKAAT,I AKO PLAKAAT NEKA KAZE NEKOJ KOLKU PLAKAAT DA ZNAM,NE DEKA KE GLASAM ZA DPMNE,AMA ME INTERESIRA

Напротив ДПМНЕ е веќе во позиција да продава гласови на противничките кандидати за тие да имаат шанса да влезат во вториот круг.Слично како кога ги тераа своите истакнати членови да соберат потписи за Нано Ружин да биде кандидат,оти изборите ќе се сведеа само на очигледна фарса уште пред да бидат распишани.:toe:
 
Значи вие од СДСМ не знаете што повеќе да кажете па сега ВМРО-ДПМНЕ нарачува нешто. Почитувани свестете се и излезете од таа ваша нереалност и погледнете ја реалноста. Дали мислите дека народот е со кратко памтење па Вие уште пред почетотокот на кампањата, отпочнавте со кампањата секој ваш член да донесе по уште 10 други неопредели граѓани кои би гласале за вашата партија. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не го направил тоа ниту пак тоа планира да го направи. Затоа што народот знае за кого и за што гласа. Народот гласа за програми и за резултати, гласа за личности кои се подготвени и имаат волја да одработат за она за што се избрани.
Вработените од ВМРО-ДПМНЕ во министерствата, агенциите, културните и други институции што се во надлежност на Владата мораат на претпоставените да им однесат списоци со по 20 лица што на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.

На списоците се пишуваат име, презиме и мобилен телефонски број. Потоа од партијата им се јавуваат на запишаните и ги прашуваат дали ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, целта е да не се случи за овие избори партијата да освои помалку гласови од минатите избори, за што постоело одредено стравување во изборниот штаб.

Ова го потврдуваат и вработените што добиле задолженија да им однесат списоци на вработените, но и граѓани што веќе добиле телефонски повици.

- Ми се јави директорот рано наутро, ми рече дента кога ќе отидам на работа да го однесам списокот со 20 имиња. Немаше закани дека ќе останам без работа, но од колегите разбрав дека имало и такви кои ги уценувале дека од тоа им зависи работното место - вели вработена во една од институциите.

Под поголем притисок се сите што се поставени на функции и лицата што уште чекаат решенија за работа. Тие молат по роднините да им дозволат да ги запишат на списоците, па макар и да гласаат за друга партија.

- Ми се јавија неделава. Ми поставија само едно прашање, дали ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ. Им одговорив дека ќе гласам за да му помогнам на братучедот, кој ме замоли да ги даде моите податоци затоа што е загрижен за работното место - вели граѓанин од Скопје.

Врвот на партијата барал вакви списоци да достават и сите општински комитети низ државава. Општинската организација на СДСМ во Битола веќе обвини дека за само еден месец во Битола имало околу 300 партиски вработувања. Според Менде Диневски, претседател на ОО на СДСМ во Битола, 27 од вработувањата биле во Центарот за социјални работи, 19 лица во ЕЛЕМ, 24 лица во РЕК „Битола“, а двајца во хотелот „Молика“. Диневски обвини дека на околу 1.200 работници им бил раскинат договорот и дека на нивно место се примаат партиски војници кои исто така имаат обврска да донесат по 20 лица што би гласале за партијата.

Во ВМРО-ДПМНЕ официјално негираат дека ги тераат вработените во администрацијата да прават списоци со потенцијални гласачи. Сепак, партиски извори велат дека истата шема се применуваше и на минатите избори, ико списокот не е никаква гаранција дека запишаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Сличен проект за будење на гласачите имаше и СДСМ. Со проектот наречен „десет“ секој член на СДСМ беше задолжен да комуницира со десет неопределени гласачи, да им ја објаснува партиската програма, да ги претставува кандидатите и да ги кани граѓаните на трибини. Целта беше кревање на рејтингот на СДСМ и враќање на довербата во оваа партија.

Извор:http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=326&ArticleID=18898
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom