МАКЕДОНИЈА НЕМА АЛТЕРНАТИВА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Svetovid
  • Време на започнување Време на започнување
Само импутации кривоклетство извртување на тези кога ке добиеме вистинска опозициона алтернатива во Македонија.Во моментов тоа се СДУ на Лазар Еленовски И НОВА ДЕМОКРАТИЈА НА Имер Селмани.Се надевам дека до 2012 сериозно ке зајакнат и ке се спротистават на актуелната власт со проекти концепти а аморфната маса од СДБЦ НСДП ЛДП ке заминат на буништето на македонската политчка сцена
 
пошо сме докажано иновативни и онака баксузи сме си од антика до денес па и имаме алтернатива ... тоа е да растуриме ЕУ и Нато и да изградиме нови на пример УЕ И ОТАН организации па да влеземе пред Гејлада или пак да се припоиме на сојуз со Русите и без тоа Обама нема да си игра со нас :smir:
 
Македонија има перспективна иднина,идеална територијална лоцираност,паметен и вреден народ но и солидни ресурси за понатамошната алтернатива.Главна пречка е политиката на сите влади досега кој го кочат нејзиниот развој,измислуваат антидржавни закони,спроведуваат своеглави и брзоплети решенија,воведуваат моронски даноци и такси,препродаваат скапа вода и енергија за да ги отргнат потенцијалните инвеститори во оваа земја,и секако преговараат со странски болни умови како да ја нурнат на колена сопствената нација.
-Можеби некому ќе звучи безначајно но мене ми изгледа логично зошто Македонија ја губи перспективата,кога ќе спомнам дека само 2 денари кубик реално платената вода им ја препродаваат по 60 денари на инвеститорите и фирмите,кога струјата што чини 2.5 денари на светска берза,им ја препродаваат по 8 денари на фирмите,особено оние помалите потрошувачи.Треба човек да биде будала и да го “крпат“ властите на овој начин,а тој да инвестира во перспективата и иднината на оваа земја.:toe:
 
da se soglasuvam so tebe ABC..
Treba sami da si ja izgradime Makedonia i da se razbudime od glupavot son deka nekoj ke dojde ke se rasfrla so pari i ke ni gi reshi problemite eve baska gleav edna emisija na AlsatM zboruvase nekoj Albanski intelektualec .. covek vo godini onaka na prashanje Dali se prodlabocuva jazot megu Makedoncite i Albancite za Nato i EU ako ne vlezeme poradi imeto i covekot rece nie sme od Makedonija i sme od kade sto sme i ovde ostanuvame i treba da ja izgradime ovaa drzava so cesnost i doverba i deka Nato i EU ne se reshenie na sekoe prashanje i taka e od nas samite zavisi se ..
Mnogu Ku* go boli na nekoj od Francia za nas ili on Engleska znaci nashata vlada ima i vo Albancite pametni luge koi se za ovaa drzava da opstoi i dokolku ekonomski zakrepnime i se ispravime na zdravi noze i oni ke si miruvaat i ke se grizaat za drzavata
 
Македонија има перспективна иднина,идеална територијална лоцираност,паметен и вреден народ но и солидни ресурси за понатамошната алтернатива.Главна пречка е политиката на сите влади досега кој го кочат нејзиниот развој,измислуваат антидржавни закони,спроведуваат своеглави и брзоплети решенија,воведуваат моронски даноци и такси,препродаваат скапа вода и енергија за да ги отргнат потенцијалните инвеститори во оваа земја,и секако преговараат со странски болни умови како да ја нурнат на колена сопствената нација.
-Можеби некому ќе звучи безначајно но мене ми изгледа логично зошто Македонија ја губи перспективата,кога ќе спомнам дека само 2 денари кубик реално платената вода им ја препродаваат по 60 денари на инвеститорите и фирмите,кога струјата што чини 2.5 денари на светска берза,им ја препродаваат по 8 денари на фирмите,особено оние помалите потрошувачи.Треба човек да биде будала и да го “крпат“ властите на овој начин,а тој да инвестира во перспективата и иднината на оваа земја.:toe:

Што убаво почна: "Македонија има паметен и вреден народ но и солидни ресурси за понатамошната алтернатива"
за на крај да се изнегираш: "Треба човек да биде будала и да го “крпат“ властите на овој начин,а тој да инвестира во перспективата и иднината на оваа земја"

И сега има или нема паметен и вреден народ?

Македонија може да има перспектива да...но треба да се поработи на таа перспектива, за почеток треба економијата и производството да ги вратиме онаму кадешто беа во девеесетите години од минатиот век за да може да продолжиме...не сме способни за прескакање на толку голем период во развојот, од дебел минус не се доаѓа во позитивна нула така лесно сем при примената на веселата математика која е омилена на сите досегашни влади...и секако да се расчисти веќе еднаш со "политичкава елита" која не ни дава глава да дигнеме, да земеме свеж воздух и да осознаеме некои нови перспективи.

Да не се лажеме, Македонија нема идеална територијална лоцираност, континентална земја сме, која има проблеми со сите соседи и со слаба, да не кажам никаква сообраќајна инфраструктура...тоа што не лажат дека сме крстосница на балканот е само чисто картографско толкување на нашата географска позиција...се докажа како неодржливо во реалноста бидејки сите можни коридори се направија, не заобиколија и функционираат без нас. Земја која нема излез на море или нема пловна река нема идеална територијална лоцираност.
Што се однесува до народот не е точно дека е паметен и вреден...народ кој е паметен и вреден не дозволува да го живее она што ние го живееме, ниту пак на својот грб носи креатури како папата, технократов и компанија и вика дека му е тешко но само МИР да има...хахаха...за каков мир се мисли кога за да воспоставиш и да го одржуваш мирот потребно е да имаш мир прво самиот со себе, а потоа со опкружувањето...а кој мир го има Македонецот?...мир со цревата кои му кркорат или мир со овие на кои секојдневно плукаме и не тормозат?
Македонецот е доста необразуван (има една од најголемите стапки на неписменост во Европа) лесно податлив за манипулација и оработка...имаме некоја генетска фалинка ли е, проклетство ли е, не знам, не можам да го дефинирам, но докажано е низ Историјата дека самите на себе сме најголеми непријатели...затоа сме и лесна маса за моделирање.
Што се однесува до работливоста, докажано е дека Македонецот е вреден и работлив само кога е во странство, барем за такви ги сметаат нашите иселеници...дома...дома сме МРЗИ невидени, неинвентивни и безидејни. Ве молам нека не ве навредува оваа моја квалификација но вистинита е. Да бевме некои 10% онакви какви што не претставуваш во постот немаше да сме на ова дереџе и немојте да ми кажете дека политичарите се криви за тоа. Може да дозволиме еднаш, до двапати да не пренесат жедни преку вода, но штом постојано дозволуваме да не пренесуваат, самите сме криви...власта е нашето огледало, на граѓанинот, на народот...не за џабе е кажано, каков народ, таква власт.
Во однос на ресурси природни и максимално неискористени, тука се согласувам со тебе...имаме, но седат така а ние се гушиме во бедата и неподносливата мизерија. На народ кој е образуван и вреден природните реусрси со кои располага не му дремат неискористени, туку ги експоатира и развива нови перспективи со нив, работи на себе и на својот просперитет...ние НЕ, ниту работиме, ниту пак знаеме со што располагаме, само нагаѓаме и патиме.
И за крај...Народ ПАМЕТЕН И ОБРАЗУВАН ИМА ДРЖАВОТВОРНА СВЕСТ...за моја голема ЖАЛ ние, МАКЕДОНЦИТЕ ја НЕМАМЕ.
 
Аргументите за кампања на изродот фрчле и оние како него се повеќе паѓаат во воде:
Ситуацијата во Македонија е далеку од тоа да се нарече – изолација, констатира поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша кој денеска оствари средба со претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.
“Мислам дека оваа Влада ја води Македонија во вистинската насока, кон ЕУ. За тоа што имаше застој не е крива Македонија, ниту ЕУ, за тоа е крива една држава што поставува услови кои немаат врска со условите за влез во ЕУ“. Нетпрес
 
пошо сме докажано иновативни и онака баксузи сме си од антика до денес па и имаме алтернатива ... тоа е да растуриме ЕУ и Нато и да изградиме нови на пример УЕ И ОТАН организации па да влеземе пред Гејлада или пак да се припоиме на сојуз со Русите и без тоа Обама нема да си игра со нас :smir:

Знаеш ли дека само што ги употреби кратенките на истите организации, само што се на француски.

идеме на други алтернативи, нешто по underground
 
Логиката на еден идиот

Пред изборите, еден од кандидатите го знаевме како Ѓорѓи Иванов. Потоа гласачите сфатија дека не се викал Ѓорѓи, ниту Џоле, туку Ѓорге. Тоа што цело време оставал другите погрешно да го именуваат, очигледно не било никаков проблем за неговиот личен идентитет, а најмалку за победата во првиот круг на изборите. Ако Ѓорге немаше никакви проблеми со ‘рбетот кога го викавме Ѓорѓи и Џоле, зошто тогаш Македонија би имала проблем со ‘рбетот ако се избори за подостоинствена одредница од „поранешната југословенска Република“? шарко трајко во ДНЕВНИК
Обично не би потрошил ни два збора за еден ординарен идиот како оној шарко од Дневник, меѓутоа логикава на гремлинов е просто фрапантна, па морам да пишам два збора. Значи скотов заговара промена на името од истата причина ши “Џоле“ цело време сме го мислеле за Ѓорќи, а тој ми ти бил Ѓорге. Епа изрод, за Македонија веќе постојат педесет различни начини на пишување и изговарање. Не мора со сила нов да изнајдеме.
Примери: На Македонски, Македонија се пишува и изговара токму така како што си е напишано. На Англиски се пишува Macedonia, а при изговор звучи нешто како Маседониа. На Француски се пишува Macédoine, а при изговор звучи Маседоан. Германците пак се најинвентивни. Така некаде ќе не напишат Mazedonien (Мацедониен), а некадеMakedonien (Македониен) На Латински се пишуваMacedoniae, а при изговор звучи нешто какоМакедониаи. На грчки се пишува Μακεδονία, а се изговара Македониа со акцент на И. Романците пак ја викаат Machedonia (Мачедониа). На кинески пак којзнае како звучи?!
Значи шарко си ја утнал работава гремлину.
 

Груевски: Определбата за зачленување во НАТО и во ЕУ нема алтернатива


„Определбата за зачленување во НАТО и во ЕУ нема алтернатива. Нашата цврста европска и евроатлантска определба ја демонстрираме и ја демонстриравме преку спроведување на низа реформи во одбраната, во економијата, во правосудството, во образованието, земјоделието, преку усогласување на легислативата со европските директиви и со доследното исполнување на преземените меѓународни обврски“, рече Никола Груевски, премиер на Република Македонија.


Може слободно и ова изјава да ја ставиш погоре во воведот, па да ги видиме сите оние (како што велиш: антимакедонци, изроди и тролови) кои проповедаат дека Македонија нема алтернатива на НАТО и ЕУ.

ЏАБЕ портолаковите ке го прскокнат и нама ни да го прочитат ....
или го кажал со пиштол на чело
тоа ти е ... :toe:
 
ЏАБЕ портолаковите ке го прскокнат и нама ни да го прочитат ....
или го кажал со пиштол на чело
тоа ти е ... :toe:

Па нели беше изолатор? Абе ај олабавете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom