Судењето на Pirate Bay

  • Креатор на темата Креатор на темата SV-Strange
  • Време на започнување Време на започнување

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Локација
Himalayas
Судењето на Pirate Bay: „Не сме виновни“

Основачите на The Pirate Bay, Готфрид Свартхолм Варг (Anakata), Питер Сунде Колмисопи (Brokеp) и Фредрик Ниј (ТiAMO) како и Карл Лундстом, шведски бизнисмен обвинет дека инвестирал во сајтот се изјаснија пред шведскиот суд во Стокхолм како „невини“ во најголемиот случај против пиратeтеријата кој го започнаа тужителите Warner Bros, MGM, EMI, Colombia Pictures, 20th Century Fox, Sony BMG и Universal кои бараат оштета од 13 милиони долари (7 милиони евра).

Првиот ден започна и всушност целиот ден беше изнесувањето на обвинителот Хакан Росвал како Pirate Bay работи и за неговата историја. Па еве ја историјата на битторент сајтот, со мои зборови, не на г-динот Росвал.

Тhe Pirate Bay стартуваше во 2003 година од шведската групација за споделување на фајлови Piratbyrån (Пиратско биро), а стана независно во 2004. Од самиот почеток сајтот се здоби со огромна популарност и логото на сајтот стана претпознатлив симбол. Пред судењето тие објавија дека имаат 22 милиони корисници на сајтот, односно 22 милиони луѓе го користат сајтот и серверите на Pirate Bay за да ги најдат „тракер“ фајловите кои им помагаат да го пронајдат фајлот кој го сакаат и да се конектираат со компјутерот кој го има тој фајл. Тракерите можете да ги најдете на мапата (http://geo.keff.org/) која ја објави Pirate Bay. Но серверите на битторент сајтот не ги содржат фајловите туку само .torrent фајловите што е главната одбрана на Pirate Bay.

Сајтот се појави 2 години по гасењето на Napster кој предизвика многу проблеми за музичката индустрија, но Napster беше направен и воден од студентот Шон Фeнинг кој многу бргу се повлече пред заканите на музичката индустрија. Но за разлика од г-дин. Фанинг, основачите на Pirate Bay познати како Anakata, Brokep и TiAMO беа дрски кон музичката и филмската индустрија.

„„Можеби сте свесни или не, но Шведска [каде е хостиран Тhe Pirate Bay] не е дел од САД. Шведска е земја во северна Европа. Ако не сте свесни до сега, американските закони не важат тука. За ваша информација, ниту еден шведски закон не е прекршен ...

...Нашето мислење и мислењето на нашите адвокати е дека вие сте морони и дека треба да се задоволувате себеси со растегливи палки.... ебе те се“ одговорот на Pirate Bay на поплаката на Dreamworks.

Дрскоста и успехот на битторент сајтот ги предизвика шведските власти кои направија рација во март 2006 и ги запленија серверите, го затворија сајтот и ги уапсија креаторите на сајтот. Ова судење се води на основа на истрагата која се спроведуваше 2 години од запленувањето на серверите на тогашниот Pirate Bay. Но со помош на волонтери низ светот сајтот се врати и Pirate Bay постави мрежа на сервери во различни земји, така ако еден се изгаси останатите ќе продолжат да работат.

„Навистина го сакам задоволството кога ќе не срушат, па за две-три минути сме пак уклучени“ изјави Фредрик Ниј.

Шведска беше под притисок да го спречи Pirate Bay па следуваа измени на закони за заштита на приватноста, па битторент сајтот бараше начини да излезе од земјата па дури и сакаше да купи остров но никогаш не собраа пари за таа идеја, но се обидоа да ја купат платформа во Sealand во Северното море.

Во септември 2007 се откри дека Media Defender анти-пиратска агенција чии клиенти се Twentieth Century Fox, EMI и Paramount, ангажирала хакери за да го бутнат сајтот на Pirate Bay. По тоа Pirate Bay сакаше да оди на суд против горенаведените компании, но тоа не беше успешно по што следуваа протести. Еден од инспекторите Џим Кејзер кој работеше на тој случај веднаш потоа доби работа за Warner Brothers.

Во јули 2007 беше откриено од еден новинар дека Pirate Bay заработува пари, 60.000 евра месечно од реклами и дека тие се префрлаат во швајцарска банка, за што основачите на Pirate Bay изјавија дека не се богатат од тие пари и дека ги трошат парите на нови сервери.

Потоа следуваа разни забрани и блокирања на Pirate Bay во Италија, Данска и други земји што евентуално не доведува до моменталното судење кое ќе продожи секој ден во наредниве две недели.

IT.com.mk ќе се обиде да ги пренесе сите најзначајни вести од ова судење но доколку сте заинтересирани можете да го пратите судењето во живо, од 9 до 15 часот, има аудио пренос во живо, но е на шведски, меѓутоа можете да го следите на Twitter (Spectrial, и Brokep), a дополнителни информации можете да најдете на официјалниот блог на Pirate Bay.

Извор

Судењето на Pirate Bay: Отфрлени 50% од обвиненијата

Претходно напишав дека ќе ве известиме за сите важни промени во судењето на Тhe Pirate Bay кое е предвидено да трае 2 недели, но не верував дека само по еден ден ќе се случи вакво нешто. Скоро сите обвиненија за „помагање при непочитување на авторските права“ беа отфрлени откако главниот обвинител Хакан Росвел не успеа да ги објасни .torrent фајловите, поточно функцијата на DHT (Distributed hash table).

Откако судот му дозволи на Фредрик Ниј, еден од обвинетите основачи на Тhe Pirate Bay, да дообјасни, г-дин. Ниј рече дека обвинителот не ја разбрал технологијата. По неговото излагање и објаснување следуваше отфрлувањето на обвиненијата, меѓу кои беше и обвинението за репродукција на материјал заштитен со авторски права.

Сега останува само полесното обвинение дека Pirate Bay „помагале со олеснување на достапноста на материјал заштитен со авторски права“.

"Ова е сензација. Многу е ретко да се победи половина од судењето за само еден ипол ден" беше сериозниот одговор на адвокатот на обвинетите, Пер Самуелсон за TorrentFreak, додека Питер Сунде (Brokеp), еден од основачите на битторент сајтот искоментира на Twitter.

Овие два дена беа тешки за г-дин. Росвел, обвинителот кој се претстави како компјутерски стручњак, а во првиот ден беше исмеан зошто не можеше да вклучи PowerPoint презентација од неговит компјутер по што беше опоменат од судот да не одоговлекува судењето, а на вториот ден не успеа да објасни технологија во случај на кој што работеше 3 години, од 2006 кога полицијата ги заплене серверите на the Pirate Bay. (повеќе за историјата на сајтот, тука)

Питер Дановски советник на обвинителот од IFPI, организацијата која ја претставува музичката индустрија ја објаснува новонастаната ситуацијата:

„Ова е техничко прашање кое не менува ништо во смисла на нашите барања за компензација и нема никакво значење на главното обвинување против The Pirate Bay. Всушност само ја поедноставува работата на обвинителот така што му дозволува да се фокусира на главното обвинение, а тоа е овозможување на пристап до материјали заштитени со авторски права“ рече г-дин. Дановски во официјална изјава.

Извор
Судењето на Pirate Bay: 80% од торентите се легални

Додека беше испрашуван од неговиот адвокат на вчерашниот петти ден од судењете на The Pirate Bay, Питер Сунде објави дека според неговото истражување, самоиницијативно, од 1.000 торенти само 20 отсто се нелегални т.е ги прекршуваат авторските права. Музичката и филмската индустрија го тврди обратното дека 90% е пиратска содржина.

Како и да се очекува одлуката на судот, но сега за сега судењето се чини дека оди во корист на The Pirate Bay (TPB), иако има уште цела недела да се разгледаат доказите, но го велам ова не поради тоа што креаторите на битторент сајтот имаат право, туку поради неубедливите обвинители. Еве пример, преведен на англиски од шведски од TorrentFreak.com, како главниот обвинител Хакан Росвел го испитуваше г-дин. Сунде.

Обвинителот - „Кога се запознавте со Готфрид (еден од основачите на TPB) за првпат во IRL“ (IRL значи „in real life“, кратенка која се употребува да се разликува онлајн и реалниот свет)

Сунде - „ Не го користиме терминот IRL, ние користиме AFK“

Судијата - „IRL?“ по што обвинителот му одговара „во реалниот живот“

Сунде - „Не го користиме тој израз. Се е во реалниот живот. Ние користиме AFK - away from keyboard (одалечен од тастатурата)“

Обвинителот - „Па, изгледа дека јас не сум запознаен со новите термини“

Ваквата несериозност на обвинителството продолжи и со адвокатот на музичката индустрија Питер Дановски. Тој за да го противречи Сунде во неговите изјави, излезе со нови докази по што адвокатите на Pirate Bay се побунија, па по 10 минутна пауза судот нареди сите докази да бидат ископирани и дадени на одбраната и на судот, бидејќи секој доказ кој ќе биде искористен во судењето, според законот во Шведска, мора да биде претставен пред да почне судењето.

Инаку последниве два дена, по отфрлувањето на пола од обвиненијата, беа со сведочења на основачите на Тhe Pirate Bay и нивната намера да прават пари од сајтот. Тие ги негираа сите обвиненија и наведуваа дека се работи за „интересен проект од техничка природа“ и тврдејќи дека никој всушност не е одговорен за Pirate Bay туку дека измените на сајтот можат да дојдат и од волонтери.

Судењето ќе продолжи во вторник.

Во меѓувреме додека трае судењето, поточно во четвртокот група која се нарекува „The New Generation" го хакираше шведскиот сајт на International Federation of the Phonographic Industry, организацијата која ги претставува музичките индустрии во светот, со порака до обвинителот да „престане да лаже“.

За овој случај Питер Сунде, кој сведочеше вчера, напиша блог пост со наслов „Победуваме, престанете со хаковите“ велејќи дека хаковите само прават „ние да изгледаме лошо.“

 
Ништо не им можат. Само напред "Тhe pirate bay". :salut:
 
Па во право се, торентот не содржи пираткса содржина содржи само линк како да се поврзиш до фајлот на друг компјутер :) сигурно не е забрането јас да му давам на другарчињата мој да ги гледаат филмчињата што ги имам јас :)
 
гледам и вие го следите судењето на pirate bay, ја го следам секојдневно на torrentfreak.com, тоа е од особена важност за мене, pirate bay ги хостира 50 % од сите торенти у светот, па ќе биде лошо ако падне(а нема) ,до сеа победуваме,па ќе видиме натаму.
 
Не верувам дека ќе падне, од пишаното погоре гледаме дека повеќето е во нивна корист.
 
ништо не им можат убаво им кажаа Амерички закони не важат кај нив, затоа сите издавачки куќи у америка можат да си ја соберат опашката под гз и да се сликаат.

Ни еден торент тракер нема содржини кај нив на хост, мислам видеа итн, имаат само торент фајлови што не се ништо. Истото нели се деси со бугарите аренабг и замунда но сепак ипак аренабг си стави статично ип и сега си ужива. Ова се глупости без врска од амерички продукциски компании. Ако е реално зашто не го затворија до сега Usenext ?
 
хахаха интересни овие од Pirate bay
 
Само напред "Тhe pirate bay" со тебе сме..:smir::smir::smir:Ништо не ви можаат..
 
Ахахаха:pos2: колку се избламирале од обинителството.
 
се се модернизира треба да заборават више на кино салите тоа се минато, све е дигатилизирано тоест интернетизирано, треба да поработат на некој проект како интернет кино :vozbud:, а не да тужат за нешто што можда во америка ќе успее али во европа малце потешко
 
The Pirate Bay ќе го добијат целиот случај. Ова ти се само .torrent и филммови, игри, албуми и се останато се превзима од други компјутери, а само торент фајлот е прикачен кај нив.
 
се се модернизира треба да заборават више на кино салите тоа се минато, све е дигатилизирано тоест интернетизирано, треба да поработат на некој проект како интернет кино :vozbud:, а не да тужат за нешто што можда во америка ќе успее али во европа малце потешко



Да ти речам дека идејата ти е супер :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom