Златна Бубамара на популарноста

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Ај ќе те замолам да ми кажеш друг добар настан кај нас:)
Ај наброј да те видам, ваков настан од забавен тип.
Нема...

Па поради тоа што немаме друго,.нешто поквалитетно.,незначи дека ова не е тапа тиња или како и да го крстиме..
Ја те сфакам целосно што сакаш да кажеш ама мене само првите години ми беше интересно и толку... а знам и дека не сум единствен што размислува така... :)
 
Па поради тоа што немаме друго,.нешто поквалитетно.,незначи дека ова не е тапа тиња или како и да го крстиме..
Ја те сфакам целосно што сакаш да кажеш ама мене само првите години ми беше интересно и толку... а знам и дека не сум единствен што размислува така... :)

Па ни MTV Awards не е секоја година интересно. Еве годинава беше тапа. И треба да го укинат? :)

Сепак Златна Бубамара си е синоним за забава и смеа.
Кажав не е како во минатото. Ама што сега да плачеме сите по Тони кој сам се откажа од манифестацијава поради неусогласувања. Треба да се навикнеме на промените. Сашо си е сосема во ред, просечно.
Зар да го укинеме и тоа колку толку добро што ни остана и да умираме од политички емисии? Аман...

Ако не ти е интересно смени си програма никој не те тера со сила.
Има илјадници друго кои сепак ќе ја гледаат манифестацијава.
 
Гледав многу малце пошто Милан имаше на Наша ТВ, два моменти видов и ми се смачи.
Прво Белов добива награда и почнува да збори и да се праи шармантен и занимлив :tapp: и на крај оној Тавитјан кога извади еден крст голем и кога рече “Наградава ја посветувам на Бога’’ со еден потресителен глас, како лејм ми прозвучи тоа ми се слоши жими се. Па да добие некоја награда појака овој кој знаеш шо ке напраи. :)
 
не гледав бубамара ради милан а и после дека нервозен....пааа ќе може некој да каже коа има реприза ??:smir:
 
не гледав бубамара ради милан а и после дека нервозен....пааа ќе може некој да каже коа има реприза ??:smir:

па ова беше реприза пошто во живо имаше во среда :helou:



п.с. изгледа буба мара не им се допаѓа на овие симпатизери на вмро бидејќи лом ги направија со сценариото за трето дете, за морално женидба до 27 год. и за камените сватови пред влада :pos2::pos2::pos2: и за многу други ствари :wink:
 
па ова беше реприза пошто во живо имаше во среда :helou:
ајдееее
па у кој свет сум ја моментално бе???стварно не ми е јасно:pop::pop:
 
па ова беше реприза пошто во живо имаше во среда :helou:

Не даваа никаде пренос во живо како шо знам, ова денес и беше прво емитување на тв, сигурно ќе имаат и реприза
 
па ова беше реприза пошто во живо имаше во среда :helou:



п.с. изгледа буба мара не им се допаѓа на овие симпатизери на вмро бидејќи лом ги направија со сценариото за трето дете, за морално женидба до 27 год. и за камените сватови пред влада :pos2::pos2::pos2: и за многу други ствари :wink:
Мора во секој пост да го спомнеш ВМРО?
 
Досадно беше ептен :kesa:
На крај коа му дадоа на старион животно дело, со тоа тенџерињата коа почна :pos:
 
Мора во секој пост да го спомнеш ВМРО?

Ак одаваат реприза гледај и ќе видиш дека така беше. Штро сега јас да правам кога кај анс во све се меша политика и се од политика зависи. Дури како што се зезаа на буба мара владата денес ти е стројник и за да најдеш жена :pos2: А додека даваат реприза еве прочитај малку од весници.


„ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ ПОРАЧА:
Европо, отвори врата доцниме како бруто-плата

Вака звучеше „Инсјеме“ од Тото Котуњо во верзијата на „Златна бубамара“ чие 12. издание на комичен начин се осврна на актуелни теми


Веселата академија, предводена од Ранко Петровиќ, творецот на „Златна бубамара на популарноста“, на завчерашното 12. издание на манифестацијата, уште еднаш понуди одлично сценарио и режија, надополнето со квалитетни музички точки. Публиката во преполната Универзална нема да ги заборави миговите на смеа предизвикани од концептот што, на препознатлив начин, со доминација на кумановскиот дијалект, го презентира водителот, актерот Сашко Коцев.


ПАК НЕ ГИ СЛЕДИМЕ СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ

„Без разлика дали сте политичар или аналитичар, отпуштете се и бидете дел од народот. А од овој народ никој ништо лошо не видел“ беа зборовите со кои на почетокот на манифестацијата организаторот им се обрати на публиката, навестувајќи оти на удар повторно ќе бидат актуелните теми во земјава. „Бубамарата“ почна со седумгодишниот Ишан од Индија, кој на клавир ја отсвири „Билјана платно белеше“. По неговиот настап Коцев му порача да ги поздрави неговите најблиски во Индија, кои можеби се и наши роднини, веројатно алудирајќи на една слична ланска „летна посета“ во Македонија.


Под мотото „Етаблирање на слободата на говорот“, Коцев почна да ги „обработува“ актуелните теми. Прва на „удар“ беше рецесијата. Неговата „анализа“ зошто не ја чувствуваме и заклучокот дека пак не сме во тренд (ја има во сите земји, но не и кај нас), предизвика многу смеа кај публиката. За спас од рецесијата во САД сценаристите на „Бубамара“ на Американците им ја понудија рекламната кампања „Ти си Македонија“ и нашето тајно оружје, Слободан Томиќ од „Гласот на народот“, со напомена неговата емисија трипати да ја репризираат на Си-ен-ен. Смеата кулминира со „советите“ како и каде да си ја најдете жената на својот живот.

- Ако барате жена економистка, одете во УЈП. Ако имате желба за цврста и едра жена, со црвени образи, одете на автопатот што води за Битола или за Куманово. А ако имате желба за очајна интелектуалка, посетете ја улица Бихаќка - реч меѓу другото Коцев.Своите актерски способности ги покажа во делот кога истакна како да ја најдете Античка Македонка. Одете кај „Бристол“ и кажете и' само „Јас сум Александар и ќе водиме љубов на секое емитување на рекламните спотови на владата на телевизиите“.


Дел од стиховите на македонска верзија гласеа: „Европо, отворај врата доцниме ко бруто-плата. Европо, чекај не' ти, па кај ќе најдеш вакви бајадери, дојди лапни не' ти“. Манифестацијата заврши со спектакуларниот настап на Гарабет Тавитијан и неговите синови. Настанот од публиката го следеа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, европратеникот Ерван Фуере, пратеникот Јани Макрадули, кандидатот за претседател Љубе Бошковски, Мила Искреновиќ, независен кандидат за градоначалник на Општина Карпош.


повеќе инфо овде

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=69E873ABA0820E49AA14909E328D144C
 
Fali Toni na bubamara definitivno,ne deka Sasko ne e dobar,ali Toni bese najdobar...a fali i Tose bogami...bez Tose bubamara e nisto ...
 
за сите шо сакат да гледат сникма од годинашната бубамара за неколку минути ќе почни на Канал 5
 
Пак јавно запросување?
Но сепак му простувам на Коцев. Беше одличен, а има и минат труд, иако со само 30 години. Човекот може да си допушти да „злоупотреби“ 5 минути од нашето ценето внимание и пред нашето остро критичко око да направи гест што за мене лично значи „овие 5 минути и ги подарувам на мојата девојка, а вас кој ве е*е дали ви е глупаво или не“. Ах, колку послатко ќе им беше на хејтерите да наидеа некаде на слика од папарацо, како Сашко Коцев во темно ќоше на некое ќумез-кафе и подава под маса прстен на женската му, ама ништо од тоа.

Друго, ми беше мило што во (пред)говорот на горниот момент, додека шпекулираше каква женска е најдобро да фатиш, не го спомна излитеното клише за медицинарката („Нека влезе следниот“) и учителката („Ајде сега да повториме“).

Затоа сигурна сум дека Коцев има доволно осет, приватен и професионален, за веќе видени работи, па кога се послужува со клише, тоа има цел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom