Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Јас ваљда сум некој изрод. Не сум почувствувала монотонија во врска, а со тоа и потреба нешто да подгревам или оживувам. Сметам дека кога ќе се погодат партнерите, се` додека им е убаво и се сложуваат ќе се заедно. Кога ќе го снема тоа, доаѓа крајот, затоа што очигледно не биле баш најкомпатибилни.
А мислам дека не знам што значи тоа затоа што не оставам да се движат работите сами по себе. Несвесно, бидејќи го сакам човекот, постојано правам да ми биде интересно, а со тоа и нему да му е исто. Но, затоа мора и тој да е сличен на мене, за да не ме повлече во некоја монотонија, против која не би можела ништо. За врска се потребни двајца, кои ќе дозволат или не, таа одлично да функционира додека може.
Хипотетички речено, ако тоа некогаш ми се случи, не верувам дека ќе можам да повратам нешто. Можеби е мала работа која се поправа, но за мене не е така. Ако почнало да ми е досадно со некого, не гледам со што можам тоа да го сменам. Едноставно, се` би се сменило за мене, затоа што тоа би значело и дека не го сакам повеќе. Ако не ми е интересно да разговарам со него, неможам секој ден да се напрегам со мислење што да му кажам или прашам. Ако не го чувствувам секој негов допир, нема потреба да мислам новитети во интимниот живот, со кои вештачки ќе се терам секој нареден пат нешто да се случува. Крпена работа е тоа за мене, која кад-тад повторно ќе се скине.