Без прошка...

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
хмм обично не барам прошка не сум направила кузнај што може само да ломотам зборам многу па така да навредам или повредам подоцна може да ми е криво и да се извинам
но ако ме сака не е тоа голема причина да ја остави љубовта за празни зборови исто така и обратно а ако нешто направам и не се осеќам како што треба што знам би побарала па иако не би ми простиле ќе продолжам понатака
тоа ќе ми биде лекција за друг пат
 
Ќе бидете упорни се додека не ја добиете (а знак прашалник е дали ќе биде искрена) или ќе ги оставите работите такви какви што се?
Би можеле ли да продолжите понатаму со мирна совест и покрај тоа што тоа што сте барале да ви опростено, не ви е...?
Ако нешто сум направила на некој, сигурно ми направил и тој мене, сигурно само јас не сум грешела. Би била упорна до некоја граница да се објасниме за да можеме понатаму да се сеќаваме еден на друг без гадење, но ако од другата страна не постои заинтересираност за истото, ќе сфатам дека не вреди за понатаму да се трудам и нема зошто да не ми е мирна совеста. Општо, џабе е од некој да бараш да ти прости ако се чувствува непријатно кога ќе му текне на тебе и за простување не е подготвен. Тоа барање прошка баш со тие зборови за мене е без врска, бидејќи не верувам дека некој искрено би мислел така кога ќе изговори „Ти простувам“ во моментот кога ќе побараш. Простувањето си доаѓа откако ќе поминеш низ некои фази.

Не барам прошка и немам потреба да слушнам дека некој ми простил за да можам да продолжам понатаму. Можам само да верувам дека фиљан чоек ми простил и си простил за грешките што сме ги направиле и што сме се повред(и)(ува)ле.
 
Обично, кога нешто ќе згрешам, ако ми е кажано дека сум згрешил, кажувам „извини“.

Толку.

Јасно дека работите потоа нема да бидат исти, но со самото тоа што сум кажал „извини“, сметам дека сум ја признал грешката и дека ќе се потрудам работите да бидат подобри во иднина. А од другата страна очекувам да добијам таква шанса, да направам работите да бидат подобри во иднина.

Доклку пак некој мене ми згреши, можам да дадам прошка, ако увидам дека некој се потрудил околу мене, т.е. да ја признае грешката. Потоа работите повторно нема да можат да бидат исти, но барем сфаќам дека другата личност учи.

Каење? Никогаш. Единственото каење го имам за работите што *не* сум ги направил, а требало.
 
Ке продолжам дефинитивно.
Прво тешко дека би побарала прошка....но и ако дојде до тој момент и не ја добијам би ги оставила работите како што се.Во никој случај не би молела и не би била упорна во тоа.
 
ако јас згрешам ќе се извинам и ќе го молам за прошка и дека нема да се повтори..али тој згрешил и сега да се врати самата помислам дека друга го допрела ме ежиии...абе лоши се тие come backovi....ќе му простам само за да ми замини негативната енергија али нема никогаш за му го заборавам и ако дој еден ден да ми прпа ќе му го плеснам лице...
 
Што е направено е направено. Ако не можеме да си простиме на сами себе, како очекуваме некој друг да ни прости? Тоа е одговорот на прашањето.
 
Ми се случило да направам ужасна грешка во една врска, навистина бев свесна за неа и затоа решив да му ја признаам уште наредниот ден. Веднаш не добив прошка, при што наредните две недели паднав во најголемата депресија некад (не јадев, не пиев, не спиев, не зборував...се однесував како лудак)... Се што сакав е да ми прости. Правев се можно за да го смирам и да успеам во тоа.
По две недели договоривме разговор, да ги расчистиме работите, тоа и го направивме...Тој попушти. Ми рече дека ми прости и ми олесна. Грижата на совест почна да ја снемува, но колку повеќе зборувавме, толку повеќе гледав дека тоа не може да го преболи. Но, затоа потоа тој направи неколку грешки, од кои што последната не можев да му ја простам во никој случај и така нашата врска заврши.
Тоа ми беше уште една животна лекција, која дефинитивно ја научив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom