Дали се сеќавате како станавте фан на вашиот тим?

  • Креатор на темата Креатор на темата KL0$AR
  • Време на започнување Време на започнување
Многу верен навивач си ти бе не знаеш да го напишеш правилно името на клубот за кој навиваш.
Ц ц Ц ц Ц што се не ќе видиш.


П.С. Јунајтед да не беше али мене ми одговара да го пишувам и ЈунајтеТ


упссс ! моја грешка :kesa::kesa::kesa:
 
Прв пат Манчестер Јунајтед го гледав кога играше против Арсенал во 2003 година и од тогаш почнав да навивам за “црвените ѓаволи“. :pipi:
 
ех.. да пробам да се сетам

барселона. прво нешто што ми остана во сеќавање е бојата на дресовите, и ги запамтив дека се барселона. значи барселона ми е првата љубов и со неа ме запозна татко ми :) знам неколку пати рече вечер ќе ја гледаме барсeлона, најјака е. јас го прашав - е кој игра во барселона, ми го кажа стоичков. се што слушав од коментаторот беше стоичков. после првата утакмица од мерак ги научив пола играчи ( се сеќавам ги учев на памет) гвардиола, куман, гоикочеа.. се разбира на чело со јохан кројф. не можам да кажам која година точно, ама вака ако се водам по европското во шведска 92ра, би требало некаде 90-91ва. исто се водам и по сампдорија, андерлехт, динамо дрезден... убаво се сеќавам на овие екипи, кои баш 89та,90та,91ва.. беа меѓу најдобрите.
инаку интересно е за оние што не се сеќаваат, т.е. покасно родени, на СФРЈ не и беше дозволено да учествува 92ра европското, поради војната нормално, на нејзино место влезе Данска како прва резерва, за подоцна Данска да го освои првенството :)
па мене, и на сите деца ни беше криво, бидејќи логиката ни велеше ако данска влегла наместо нас, и станала шампион, тогаш ние би биле шампиони доколку ни беше дозволено да настапиме. ќе пукнев од мака
и реално, панчев, просинечки, пикси, савичевиќ, катанец, бобан.. и те како беа фаворити.
него да се вратам на барселона, ромарио, надал, бускетс (каков тапа голман еј) амор, ферер, серхи... подоцна најдобриот фудбалер некогаш роден според мене - луис енрике, ривладо, фиго копилето, роналдо копилето... и ред други :)

Лацио. за Лацио навивам од 93та, прво поради дресовите нормално, а друго поради сињори, казираги, маркеџани. потоа после САД 94та светското, ептен бев фанатик. арон винтер, неста, фавали, негро, ди матео, бокшиќ, рамбауди, недвед, шамот, па после верон, салас, виери, консиесао, михајлович... страшен тим!!
денес мивки.

и секако Ливерпул. Ливерпул дојде последен, некаде 94та. тогаш англиска лига не беше атрактивна како денес. тапа. она може си била ок, ама кај нас не беше воопшто популарна. кај нас се знаеше итајанско и шпанско, може да се рече и германско. екипите им беа мивки. англиско првенство го воскресна роман абрамович. пред тоа иако беа добри, далеку од ова што се денес. така ливерпул не знам како ми влезе и поради некоја причина почнав да ги пратам. е па постери лепење дома низ соба ко дете, фанатик. не можев да заспијам ако изгубеа. плачев :) спортски преглед да утнам?? па тоа немаше шанси да се деси! инаку нема каде да ги видиш головите. немаше кајгана, немаше јутуб. тоа е. недела навечер, кој утне - здравје. роби фаулер, џејми реднап, мекманаман, па карагер тогаш почна, бергер, ридле, овен беше копиљ само што почна и одма беше чудо, пол инс.. после дојде една генерација која играше до пред некое време, беа мивки ама освоја ЛШ, т.е. генерацијата на Улие. Бенитез е друга приказна, направи тим за респект во европа.

тоа се тие три екипи со кои изразнав и секако ќе ми останат во срце додека гледам фудбал
 
Кога сум бирал екипа за која ќе навивам, секогаш сум ги бирал второпласираните. Незнам зошто ама секогаш сум за послабиот ако немам фаворит.
Затоа 99та или околу почнав да навивам за Арсенал, кои таа година беа втори зад Манчестер.
Ист случај и со Барса, само никогаш не се загреав за нив толку, колку за Арсенал, пошо веројатно англиското првенство ми беше поинтересно.
И трет фаворит-Парма. Беа еднаш втори зад Јувентус, а беа и годинава, али за жал во серија Б.
 
Oтиде Роналдо у Реал и еве сега за нив навивам!!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:




























Заебавам бре..Тимот не го мењам ни за пари..

(ако мислат модераторите дека ова треба да се брише нека бришат):duel:
 
Како да не...

1997 финале на од Лигата на шампионите води Борусија Дормунд 2:0 и влегува Дел Пиеро во игра, дава гол со пета за 2:1, ааааааа си викам за овој тим навивам :)

Не поминаа ни 10 минути Ларс Рикен само што влезе во игра постигне фантастичен гол речиси од пола терен :nesvest:
 
Од роѓење сум Звездаш. Тоа у моја фамилија иде од колено на колено.

84595.jpg
 
Уште коа се родив, тато ми збореше за Ливерпул и за Хајдук и мене ми станаа секојдневност овие два тима, така да и ден денес си навивам за нив.
 
Секако дека се сеќавам.На минатото Светско првенство во фудбал на натпреварот помеѓу Англија и Португалија тој инцидентот со Руни и Кристијано Роналдо кога беше...веднаш следната сезона почнав да навивам за Манчестер, едноставно морав да ги гледам како соработуваат во ист тим.Плус жал ми беше за Кристиано кога цел стадион му свиркаше:) И така со тек на време го засакав тимот.
 
Во моето срце постојат само два клуба, Тетекс и Звезда.
Не сум ни знаел за фудбал додека татко ми не ме однел на стадион и од тогаш го засакав Тетекс ,а уште повеќе го засакав кога почнав да тренирам.
Исто така навивам за Звезда од многу мал, негде од 5 години кога на тв гледав Звезда само не знам со кого играше и памтам дека победија и ги засакав,а плус тоа ми е и наследно од колено, на колено:toe:
 
Онака од мал прогермански ориентиран, и кога почнав да гледам фудбал Баерн беше тата мата во европа, и онака многу ги сакам и цел живот ќе си навивам за нив.

baern baern
 
сер јан рајт , леле човеков беше машина за голови , бласкавата 8-ка во тимот ммм елеганција во движење , прекрасно гол чувство , феномен .

денис беркамп : секој фан на фудбалот на планетава симнува капа на човеков - истот важи и за него - погоре пишаното .

откачениот швеѓанец - фреди љумберг , деби меч , деби гол - против утд ( малце покасно ) со феноменален лоб на шмајхел .

потоа сето стануваше само рутина -

тие се моите пулени во арно во лошо секогаш ке ги бодрам .

форза Арсенал !
 
Па не се сеќавам баш најдобро...но би се потрудил да кажам нешто. Знам дека тогаш знаев само за Јувентус, Милан и Манчестер како клубови. Тоа беше негде околу 2001/2 година. Тогаш во Јунајтед играа Бекам, Ван Нистерлој и други. Знам тогаш Бекам ми беше најомилен играч, и од тогаш па се до денес сум фан на Јунајтед.

:manutd:
 
Како мал , воопшто не се интересирав за фудбал. Еднаш се сеќавам , како мал , 5-6 години , отидов на градски на еден натпревар на кој што играше Вардар. И , нормално , македонски фудбал не е фудбал , натпреварот заврши без голови , а играчите играа катастрофа. Од тој натпревар само видов како некои чичковци:helou: ја шутираат топката у празно и после се влечат дур да ја земат , и пак исто.

И од тогаш , фудбалот го мислев за досаден спорт , бидејќи сметав дека сум отишол на фудбалски натпревар , и ништо не ми се допаднало. Всушност тек пред неколку години сфатив дека у Македонија нема фудбал , така да тоа не бил фудбалски натпревар , туку нешто као разонода на играчите.

И така јас не глеам фудбал , ама се повеќе и повеќе слушав за некои тимови , играчи и сл. Некои навиваа за Милан , Јувентус , Реал , Манчестер Јунајтед , Баерн....... Во секој случај , англискиот фудбал во тоа време во Македонија не беше популарен како сега , и сите навиваа за италијански и шпански клубови. Ама тогаш Роман Абрамович го купи Челси. И се повеќе и повеќе луѓето се интересираа за англиски фудбал , многу разочарани фанови на други клубови станаа фанови на Челзи.... Од тој момент па наваму англискиот фудбал стануваше се подобар и подобар , па денес е најдобар во свет. Паралелно со тоа фудбалот во Италија почна малку по малку да пропаѓа , највероватно поради финансиски причини , а во Англија клубовите имаа пари , па донесоа играчи , судии , тренери. И ете ја Англија на 1 место. И бидејќи интересот за Премиер Лига почна да станува голем , почна да се емитува и на телевизија (А1).

Јас во сите овие околности почнав малце по малце да се интересирам за фудбал , а единствен познат тим од Англија ми беше Манчестер Јунајтед. Ама еден ден слушнав за Челси. Ама јас пак си бев рамнодушен. И тогаш едно дете што учеше со мене во клас , дојде со шал Челси. И јас го регистрирав и овој тим.

И , и понатаму јас не навивав за никој:pos2: , се до летото 2007. Се сеќавам тогаш , се дигна голема фама околу Мурињо и Челси , и така Челси почна да ми станува симпатичен тим , иако сеуште не знаев ниту 1 играч кој игра за Челси. Ама после си ја купив Фифа 2007 играта за компјутер , уклучив Менаџер , ги одбрав Челси и станав нивен навивач.

Први играчи кои ги запознав беа Лампард и Џо Кол.
Тие ми се едни од омилените денес.

После тоа ги гледав и како играат , и највеќе ми се допаднаа. Ми се допаѓаше секој играч , ми се свиѓаа како тим , ми беше интересно да ги глеам....

Па така сеа знам дека не навивам за Челси случајно , и дека во било какви околности да сум се запознаел со овој тим , пак би навивал за нив.
 
Има 2 тима за кои што навивам и ќе навивам до крај на животот...
Милан - Откога знам за себе,го сакам Милан...Бев мал,и гледав фудбал на телевизија,но немав некој омилен тим...Се сеќавам еднаш со чичко ми се кладевме,во финалето во ЛШ во 2003 година...он беше за јуве,јас за милан..и си добив чоколадо тогаш:helou:...Ама како сум станал навивач на милан тоа стварно не знам,и не знам дали ќе дознаам некогаш во животов.:jaj:Не знам навистина,може на некој натпревар сум ги гледал и сум ги засакал,ама знам дека одкога гледам фудбал навивам за милан...
Челзи - Тимов го засакав точно кога дојде Абрамович,пред Челзи да ја освои титулата во сезоната 2004/2005...Се сеќавам тогаш,дојде и Мурињо од Порто,и едноставно ги засакав,ми се допадна нивниот стил на игра...И еве 5 години веќе навивам за Челзи...и ќе навивам...Челзи хедхантерс:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom