Доење во јавност

  • Креатор на темата Креатор на темата Фокси
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе звучам лошо, но сум многу против доењето на улица пред маса на луѓе. Таа мајка треба да води ред кога го дои детето и кога најчесто е гладно барем колку што јас знам тоа е изводливо. На крај краева надоиго дома па шетај или пикни се на некое место каде никој не те гледа ако е толку итно.
Исто како што сум против некоја да трча со бананата или некаква храна по детето на сред улица каде многу дечиња си играат ама тоа е веќе друга тема....
 
Koja glupost e da se doi dete vo javnost. Majkata si go znae deteto koga mu e vreme za jadenje i bas togas ne mora da go seta, neka si sedne doma i neka go doi. Ne mora site da vidat so sto 'raspolaga' taa.
 
Располагаат и многу девојки со деколте до папок па никој не се буни, гради на извоз во лето. Зошто пак мајката која при доење не се ни гледат градите да се срамува? Бебе отприлика има одредено време на јадење, не секогаш е под саат, а поготово и во природа и свеж воздух побрзо огладнуваат :)
 
Според мене,непријатна глетка ми е...некако глупо ми е на сред улица да го дои детето...или па у автобус,уствари кај што сака нека го дои,ама барем да седне некаде додека го дои..ке го засркни..:nenene::nesvest:
 
не ми се допага кога ќе видам дека се дои дете јавно. Едноставно јас се осекам непријатно кога ќе го приметам истото а сум приметила и други на кои им е непријатно, иако градата на мајката е покриена или слично.
Отприлика бебињата јадат на два -до три саати. Ако е квалитетно млекото и ако бебето не е мрзливо тогаш со едно доење е доволно да го држи сито три саати, во тој период мајката може да се одмори или пак да излезе со малечкото да прошета. Исто така постојат цуцли лажачки (иако последно време не ги препорачуваат) кои би му помогнале на малечкото да се залаже додека мајката да застане на некое безбедно место или да стаса дома за да го надои малечкото.
 
Тапа е...стварно е лоша глетка, ако нема време да го дои тогаш не требала во општо да излезе во јавност...

п.с. ако сакате да се решите од мајка-доилка-у-јавност, заѕвери се во неа! ке се усрами кога тогаш! :)
Janev напиша:
она ќе се засрами, или ти ќе се засрамиш? ко да не си видел, да гледаш ко улав :helou:
баш затоа ке се усрами...
 
Тапа е...стварно е лоша глетка, ако нема време да го дои тогаш не требала во општо да излезе во јавност...

п.с. ако сакате да се решите од мајка-доилка-у-јавност, заѕвери се во неа! ке се усрами кога тогаш! :)

она ќе се засрами, или ти ќе се засрамиш? ко да не си видел, да гледаш ко улав :helou:
 
Бабите и мајките ни да не пишувале по форуми дали е исправно доењето во јавност. Едностано го правеле тоа, во тоа се состои суштината на мајчиниот инстинкт, тоа е сосема природна работа, исконска. Зошто да се има предрасуди околу оваа работа или мајката заради предрасудите на другите да го остави детето да плаче. Нормално каде и да се затекне таа ке се подзаскрие ке се сврти о грб пред присутните ке ја покрие дојката има начин како да се изведе доењето. И какви се тие споредби со сексуалност. Само некој што е сексуално фрустриран може да му смета или да му течат лиги кога ке види мајка што дои.
Супер си е доењето во јавност и го поддржувам.
 
Епа глупава е ситуацијата, ама кога бебето ќе спишти, тука неможш ништо освен да го надоиш...
Не би сакала во таква ситуација да се најдам, би ми било незгодно. И одеднаш кога градите за некои жени претставуваат срамен дел на телото и цело време ги препокриваат, откако ќе родат, тој срам пропаднува во вода и си се однесуваат како све да е нај најнормално.
..ама пак да седниш дете во пар и да го доиш е тоа не...:nenene:
 
И сеуште не ми е јасно зошто е срамно? Па не зјапајте таму каде не треба да се зјапа, зарем поради вас да се крие доилка дома по цел ден иако знаеме дека природата и свеж воздух е најубав за малите...
 
Боските се симбол на мајчинство за секого без разлика на возраста. Нема ништо срамно во чинот на доењето. Срамот произлегува од вашите глави - имате погрешно воспитување и од тука погрешен став за доењето во јавност.
Па да му е се невиди мајката што дои нема сигурно да игра стриптиз па после да го земе чедото и да го надои. Таа инстинктивно се води детето и е гладно и таа му дава да јаде. Па и ние сме дел од животинскиов свет во групата на цицачите. Што е срамно мачка кога дои мачиња, кучка-кутриња, па мајка - дете.
За жал мажите се секогаш покуси од жените - чуството да се биде мајка- мајчиниот инстинкт.
И таткото има инстинкт за своето дете но не како мајчиниот.
Асоцијацијата на доењето во јавност со срамните побуди е измислено од мажите зашто тие секојпат ама баш секојпат жената првенствено ја гледаат како сексуален објект. Тоа е резултат на намалениот респект на жената од мажот воопшто, падот на моралните вредности од обата пола, и погрешното сваќање и практикување на еманципацијата на жената.(последнава реченица е за во друга тема),
А сите женски кои се противат на чинот доење во јавност или немаат родено или се во пубертет или во адолесенција е нормално да не го сваќаат значењето на чинот доење во јавност зашто тоа не им е приоритет.
 
Некако глупо ми е кога некоа жена вади цицка и ајде СИСАЈ :pos: Ама за некоа помлада мамичка и да изваде цицка ааа тоа е супер можи така :) Ако толку бебето плаче за цице, фаќај такси ојте дома и бебето нека сиса колку шо сака...бебето ќе биде задоволно и на мама цицето ќе биде задоволно....Малце трескам глупости али ај шо да праам
 
не ми се допага кога ќе видам дека се дои дете јавно. Едноставно јас се осекам непријатно кога ќе го приметам истото а сум приметила и други на кои им е непријатно, иако градата на мајката е покриена или слично.
Отприлика бебињата јадат на два -до три саати. Ако е квалитетно млекото и ако бебето не е мрзливо тогаш со едно доење е доволно да го држи сито три саати, во тој период мајката може да се одмори или пак да излезе со малечкото да прошета. Исто така постојат цуцли лажачки (иако последно време не ги препорачуваат) кои би му помогнале на малечкото да се залаже додека мајката да застане на некое безбедно место или да стаса дома за да го надои малечкото.

Ти се осеќаш непријатно и сите наоколу,а што е со мајката мислиш нејзе многу и е пријатно да ги ваѓа градите во јавност?Едноставно има некои ситуации каде што мора така да постапи,еве на лекар да речеме додека чека на ред за преглед...
 
Јас го искажав само моето мислење и како јас гледам на доењето во јавноста.
Како мајка и некогашна доилка на моето дете, од лично искуство ти кажувам дека не сум имала потреба и не сум дозволувала (значи зборувам за веќе најадено дете и спремно за подолг период на чекање) да го дојам детето јавно, а во случај кога како што го наведе ти примерот со лекар, верувај ми постојат многу добри начини да се избегне ситуација кога знаејќи ја ситуацијата со нашите лекари и болници (каде што е гужва, многу болни и сл.) учејќи од моите баби и мајки како да се нарани или залаже гладно бебенце додека не стасате дома или не најдете прикладна просторија (или возило ,кола).

Но, како и што кажав на почетокот оваа е мое мислење и мое искуство, и не убедувам никого нити пак очекувам другите да го прифатат.
:helou:
 
Не би забранила ама не ни оправдувам. За се има место, не мора тоа да се изведе во јавност. Има луѓе на кои глетката им е многу лоша. Еве на пример јас, сакам многу деца и мали и големи ама кога ќе видам некоја жена како дое бебе одма ми иде нагон на повраќање, претерано ми е гадна глетката. Ама секој со своето.

Јас познавајќи се себеси не би го доело своето бебе во јавност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom